Ден на слободен софтвер: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
с (5 ревизии: initial)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 18:34, 29 јануари 2011

Ден на слободен софтвер претсавува светска прослава на постоењето на слободниот софтвер од заедницата која е вклучена во процесите за негово промовирање и афирмирање. Денот е различен секоја година, и од 2006г. одлучено е дека ќе се прославува секоја трета недела од месец Септември. Оваа прослава нема за цел само пропагирање на слободниот софтвер и потенцирање на квалитетите на се што е поврзано со слободен софтвер, туку и едукативна цел која им помага на корисници од целиот свет, да се запознаат со слободниот софтвер и да ги охрабри да започнат со негово користење поради редица причини.

Денот на слободен софтвер е организиран и под закрила на фондацијата Software freedom international која на тимовите кои се регистрираат секоја година им помага да го организираат денот преку испраќање на прилози како што се лепенки, балони, маички и дискови со слободен софтвер и со практични совети како да се реализира прославата.

Оваа година (2007) прославата е на 15 септември и во нашата земја ќе се случи на 3 места, организирана од 3 тимови, во Скопје, Битола и Прилеп.

Види и ...

Врски