НСНД

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

НСНД (Ништо нема да се случи или оригинално Nista se nece dogoditi) е името на серија настани кои изминативе години ги собираат хакерите и технолошките ентузијасти од регионот. НСНД е во организација на локалните заедници на хакери, слободен софтвер и сл.

Настаните се замислени како неконференции (анти-конференции) (http://en.wikipedia.org/wiki/Unconference) без однапред одредена програмa. Програмата се дефинира на лице место, откако сите учесници ќе се претстават и ќе понудат теми на кои би можеле да зборуваат.

НСНД настаните се забавни, неформални, отворени за сите ентузијасти и бесплатни. Главната цел е дружење и меѓусебно запознавање на луѓето од регионалните заедници, а притоа и споделување на искуства и знаења на било која тема.