Apache

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Apache веб серверот, најчесто именуван едноставно само со терминот Апачи е веб сервер значаен по тоа што изигра и сѐ уште игра клучна улога во развојот на WWW Мрежата. Apache претставуваше првата алтернатива за веб серверот на корпорацијата Netscape Communications (софтверот сега е познат како Sun Java System Web Server), и оттогаш има еволуирано во напреден софтвер кој е достапен за речиси сите оперативни системи. Во зависност од системот на кој овој сервер се користи, често тој дава различни резултати. Стручните лица препорачуваат користење под GNU/Linux или било која друга слободна Unix алтернатива.

Името на проектот е избрано од две причини: поради почит кон старо-американското индијанско племе Апачи познато по своите способности за војување и поради корените на развојот на софтверот кој произлезе како множество од печеви (закрпи) на NCSA HTTPd 1.3, со што серверот стана a patchy сервер.

Apache се развива и одржува од заедницата на слободен софтвер, под покровителство на Apache фондацијата. Лиценцата која ја користи овој софтвер Apache License и иако таа не е компатибилна со GPL (Apache не е Copyleft), Apache претставува слободен софтвер со код објавен на Интернет и со можност за негово симнување, изменување и прилагодување на потребите на корисниците. Сепак, од фондацијата наведуваат дека серверот може да се дериватизира во комерцијален софтвер од каде и произлегува проблемот со компатибилноста со GPL.

Од април 1996г. Apache е најпопуларниот веб сервер на мрежата. Денес повеќе од 70% од Интернет за своите WWW потреби користи Apache веб сервер.

Врски