Apache

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.

Apache веб серверот, најчесто именуван едноставно само со терминот Апачи е веб сервер значаен по тоа што изигра и сѐ уште игра клучна улога во развојот на WWW Мрежата. Apache претставуваше првата алтернатива за веб серверот на корпорацијата Netscape Communications (софтверот сега е познат како Sun Java System Web Server), и оттогаш има еволуирано во напреден софтвер кој е достапен за речиси сите оперативни системи. Во зависност од системот на кој овој сервер се користи, често тој дава различни резултати. Стручните лица препорачуваат користење под GNU/Linux или било која друга слободна Unix алтернатива.

Името на проектот е избрано од две причини: поради почит кон старо-американското индијанско племе Апачи познато по своите способности за војување и поради корените на развојот на софтверот кој произлезе како множество од печеви (закрпи) на NCSA HTTPd 1.3, со што серверот стана a patchy сервер.

Apache се развива и одржува од заедницата на слободен софтвер, под покровителство на Apache фондацијата. Лиценцата која ја користи овој софтвер Apache License и иако таа не е компатибилна со GPL (Apache не е Copyleft), Apache претставува слободен софтвер со код објавен на Интернет и со можност за негово симнување, изменување и прилагодување на потребите на корисниците. Сепак, од фондацијата наведуваат дека серверот може да се дериватизира во комерцијален софтвер од каде и произлегува проблемот со компатибилноста со GPL.

Од април 1996г. Apache е најпопуларниот веб сервер на мрежата. Денес повеќе од 70% од Интернет за своите WWW потреби користи Apache веб сервер.

Историја

Првата верзија на Apache е создадена од Robert McCool, вклучен во проектот за веб сервер на американскиот Национален центар за апликации за суперкомпјутери, скратено познат како NCSA HTTPd. Кога Robert го напушти центарот во раните 90ти, развојот на httpd се стопира, оставајќи многу незакрпени пропусти, за чие решение се разменуваа многу мислења и закрпи по е-пошта.

Така почна да се создаваат првите верзии на Apache 1.х. Втората пак, верзија 2.х на веб серверот претставуваше препишување на голем дел од кодот од Apache 1.x, со таа разлика што се стави голем акцент врз модуларноста на самиот сервер. Така, верзија 2 има многу значајни промени во однос на претходните верзии. Тоа вклучува поддршка за Unix нишки (Unix threading), подобра поддршка за не-Unixоидни платформи (како што е Windows), ново подобро Apache API и поддршка за IPv6. Првата алфа верзија на Apache 2 е во март 2000г. а првата официјална верзија излезе на 6 април 2002г.

Врски