Sun Microsystems

Од Сподели wiki
Преработка од 15:39, 26 мај 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Sun Microsystems, Inc. е американска компјутерска компанија, која произведува компјутери, компјутерски компоненти, софтвер и услуги за информатичка технологија, која е основана на 24 февруари 1982g. Главните канцеларии на компанијата се во Санта Клара, Калифорнија (дел од Силиконската долина), на поранешниот западен кампус за развој на Agnews.

Sun Microsystems исто така е позната компанија по тоа што го има создадено еден од најкористените програмски јазици во светот, Java, кој патем е слободен софтвер, како и мрежниот датотечен систем NFS. Исто така Sun создава и оперативни системи базирани на Unix и дел од нивната палета на производи, од пред извесно време станаа слободни, со што Sun станаа едни од најважните придонесувачи за развојот на слободен софтвер во светот. Нивни производи исто така се и архитектурите како SPARC, AMD-овиот Opteron процесор, како и системи за складирање податоци, канцелариски пакети како и познатиот Solaris оперативен систем. Имаат развиено и помагаат за развојот на развојни алатки, инфраструктури за Веб софтвер и апликации за справување на идентитети. Развојните погони на Sun се наогаат во Хилсборо, Орегон и Лонлитгоу, Шкотска.

Денеска Sun брои над 38,600 вработени со просечен годишен приход од 102 милиони долари.