Предлог софтвер за почетници

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Овој текст е со цел да ве запознае со софтвер за Linux кој би бил најлесен за употреба (најдобар) за еден почетник со GNU/Linux.

Најпрвин, мислам дека е добро да почнам со претпоставката дека повеќето од Linux-почетниците се понапредни корисници на компјутери и веќе добро го познаваат Windows (ги осетиле неговите недостатоци) како најзастапен оперативен систем на нашите простори. Затоа, текстот ќе се обидам да го преориентирам токму за оние кои се решиле да учествуваат во (р)еволуцијата (со преминување од Windows кон Linux) и сакаат што полесно да го направат тоа.

Како прв чекор за инсталирање на Linux на Вашата машина е одбирање на некоја од дистрибуцииите на Linux која би овозможила најбезболен премин и која би содржела замена за основните алатки што сте ги користеле со предходниот оперативен систем. Докажани дистрибуции што можат да Ви го понудат тоа се RedHat и Mandriva. Значи, откако ќе се одлучите за една од овие дистрибуции, набавете ги инсталациските CDa и зафатете се за работа.

Бидејќи инсталацијата на Linux е лесна (и веќе документирана) работа, ќе го прескокнам тој дел, и ќе претпоставам дека веќе имате функционален Linux систем, но не можете да се одлучите кои од огромниот број на алатки ќе ги користете за секојдневна работа. Еве листа на најпотребните алатки (замена на некои кои ги имате користено порано) за вообичаена работа на компјутер.

Интернет-прелистувачи (Browsers)

Според мене, најдобар пребарувач за сите платформи е Mozilla Firefox. Повеќето од GNU/Linux корисниците ќе се сложат, Mozilla Firefox е "must have, must use" browser.

Клиент за е-пошта

Моj фаворит е Mozilla Thunderbird. Зависно од вашиот вкус, вие ќе си го одберете вашиот.

IRC-клиент

Instant Messaging клиент

Gaim и Kopete речиси секогаш доаѓаат стандардно со секоја дистрибуција. За останатите три веројатно ќе треба да ги инсталирате самите вие.

Останати Интернет-алатки

  • Kppp (алатка за Dial-up врска)
  • KInternet
  • KNet
  • GFtp (FTP клиент)
  • GnomeMeeting (апликација за интернет конференции)

Речиси сите апликации исто така доаѓаат стандардно со секоја дистрибуција. Често пати за остварување на Интернет врска (Dial-up, *DSL, Cable), дистрибутерите нудат свој софтвер.

Канцелариски пакет

Најкористени и најпрепорачани канцелариски пакети се:

Убедливо најдобар е пакетот OpenOffice.org, кој ги содржи сите потребни програми за уредување текст, векторско цртање, презентации, дијаграми, математички формули. (Подржува и MS Office документи).

Графика

Колку што јас сум запознаен, GIMP е единствена (приближна) замена за PhotoShop. Конкуренција нема. А Inkscape е програма за креирање векторски графики, слично како Adobe Illustrator или CorelDraw.

Снимање ЦД-а/ДВД-а


Мислам дека е ова доволно. Основните алатки ги наведов, а за останатите ќе мора малку да рагледате низ вашиот GNU/Linux-систем (Mandriva и RedHat имаат огромен број на апликации). Најверојатно имам пропуштено некои, затоа подолу има простор за коментари, па дополнете ме.

Happy (easy) Linuxing!

3D Графика

Напреден програм за 3D моделирање. Скриптирањето е во Python со што достапни се многу скрипти, има добра документација, можности за анимација, алатка за создавање игри, итн.

Мултимедиа

  • Amarok аудио плеер со напредни опции
  • Kaffeine мултимедијален плеер
  • Audacious музички плеер сличен на winamp
  • Mplayer мултимедијален плеер сличен на bsplayer