Упатство:Конфигурирање на безжични мрежи

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Вовед

Безжичните мрежи кои го користат стандардот 802.11 имаат многу предности, не само во естетски план. Хардверот е нашироко достапен и безжичните мрежи нудат релативно лесна и ефтина дистрибуција со безбедност којa станува се' подобра. Пред да ја разгледате можноста некој сервер да го претворите во безжичен осигурајте се дека сте набавиле мрежна картичка која е компатибилна со Linux. Исто така треба да се одлучите кој безжичен Linux пакет ќе го користите: Linux-WLAN или [[Wireless Tools. Wireless Tools е полесен за употреба со оглед на тоа што потребен е помал број на чекори за конфигуриција и RPM пакетите не мора да се преинсталираат секој пат кога го надоградувате вашиот кернел, како што е случајот со Linux-WLAN. Ако ова ви изгледа збунувачки, не грижете се, сето ова ќе биде објаснато подоцна.

Компатибилност со Linux

Не сите безжични картички работат со Linux. Поради тоа, осигурајте се дека знаете каква картичка имате. На Интернет многу лесно може да најдете листи за компатибилност на хардверот за Wireless Tools. За Linux-WLAN, проверете на www.linux-wlan.org за да ги добиете најновите листи со компатибилен хардвер.

Производителите на безжични мрежни картички се познати по тоа што ги менуваат чип-сетовите на нивните картички во зависност од цената на компонентите. Покрај тоа ги снабдуваат корисниците со различни драјвери за секоја нова картичка со цел тие да функционираат. Можно е да купите картички од ист модел, од ист снабдувач но со различна електронска шема.

Во последниве години можно е да се користат и драјвери наменети за Windows за мрежни картички под Linux.

   Забелешка: Внимавајте! Фактот што вашиот Linux систем ја препознава вашата мрежна картичка не значи и дека е компатибилна со него. Секогаш на Интернет проверете ги листите за компатибилност на хардвер.

Термини за безжично вмрежување

Разгледувајќи ги предностите и неостатоците на безжичните мрежи под Linux, би било полесно доколку за термините се користат термини од еден јазик. Најважно е да се запознаете со три клучни термини за безжично вмрежување: безжична точка на пристап, ID на множество услуги и споделен клуч за енкрипција. Запознајте се со нив, затоа што често ќе ги среќавате во текот на упатството.

Безжични точки на пристап

Безжичната точка на пристап (БТП/Wireless access point(WAP)) е уред кој ја игра улогата на централен хаб за сите безжични преноси на податоци. Според инфраструктурниот режим, сите безжични сервери комуницираат меѓусебно преку БТП, кои најчесто се поврзани преку надворешни или вградени рутери за поврзување со Интернет. Така, БТП се аналогни со Свичевите кај стандардните жично поврзани мрежи.

Серверите може да комуницираат и без БТП ако мрежните интерфејси се адхок конфигурирани, но тоа ги спречува од комуницирање со други комуникациски средства, поради тоа препорачливо е БТП на вашата безжична мрежа.

ID на множество на услуги

802.11a/b безжичните мрежи кои најчесто се наоѓаат во домашна средина најчесто имаат ист опсег на фрекфенција со што се овозможува комуникација на вашиот компјутер со другите во блиските мрежи. ID на проширено множество на услуги (ЕSSID) помага да се спречи изменувањето на содржината на пораките. Секоја безжична мрежа треба да има свој ESSID која не се поклопува со друг од соседните мрежи. Бараниот ESSID е множество од безжични интерфејси и БТП, кои го игнорираат сообраќајот кој користи други ID-ја.

Најчесто софтверот за безжични мрежи ви овозможуваат да ги прегледате сите достапни ESSID-ја во опсегот на функционирање и ви даваат можност да ја изберете соодветната безжична мрежа кон која сакате да пристапите. За жал, така може лесно да се шпионира соседната мрежа, па најдобро и било да се смени првичната вредност на ESSID, а исто така и да се енкриптираат податоците што одат низ безжичната мрежа.

Енкрипција

Енкрипцијата е метод за заштитување на податоци такашто кон нив ќе може да пристапат само корисници со таен клуч за одклучување со кој ќе може да ги видат оригиналните податоци. Како и што се очекува во такви ситуации, потребна е истата шема за енкрипција за сите уреди на мрежата за успешна комуникација.

Софтверот Wireless Tools што е инсталиран на Linux како стандарден пакет најчесто го задоволува 802.11a/b стандардот. Најголемата предност е тоа што, за разлика од Linux-WLAN нема потреба да ги преинсталирате при секое надоградување на јадрото.

# iwconfig како алатка за конфигурирање на wireless-tools

По физичкото инсталирање на вашата Linux компатибилна картичка, треба да ги конфигурирате IP адресата и безжичните подесувања за Wireless Tools.

Може да ја конфигурирате IP адресата на мрежниот интерфејс исто како и секој друг етернет интерфејс. Откако ќе ја употребите ifup командата, мрежниот интерфејс е активен, но нема да функционира исправно се додека не се подесат безжичните посавки.

Најчесто користена алатка за конфигурирање на безжични мрежи под Linux е iwconfig, која може да се користи за конфигурирање на сите парамтери за безжичниот интерфејс, SSID како и режимот за безжично работење на интерфејсот. При подесување на безжичниот режим, поставката Managed означува дека постои безжична точка на пристап (БТП) на мрежата, додека Ad-hoc означува дека таа не постои.

На пример, ако вашиот безжичен интерфејс е именуван eth0 и ESSID е 'homenet', тогаш командите ќе се:

# iwconfig eth0 mode Managed
# iwconfig eth0 essid homenet

После ова, вашиот интерфејс треба да е целосно функционален. Но потребно е да се применат овие подесувања секогаш по извршувањето на ifup командата, што може да се покаже како прилично проблематично.

Постојани подесувања

По тестирањето на адхок конфигурацијата, потребно е да направите перманентно зачувување измените. Начините се разликуваат кај секоја различна дистрибуција.

Fedora / Redhat

Потребно е да направите одредени измени во некои датотеки

  • Конфигурирајте ја датотеката /etc/sysconfig/network-scripts/ifcfg-eth0 како и за секој етернет интерфејс. Пример:
DHCP Version           Fixed IP Version
=========          ==========
DEVICE=eth0           DEVICE=eth0
USERCTL=yes           IPADDR=192.168.1.100
ONBOOT=yes            NETMASK=255.255.255.0
BOOTPROTO=dhcp   ONBOOT=yes
                                BOOTPROTO=static

  • Додајте ги следните изрази на крајот на датотеката за да го дефинирате интерфејсот. Наместете ја вредноста на ESSID на 'homenet' и изберете ја опцијата Managed (со БТП) или Ad-hock (без БТП) како безжичен режим.the following statements to the end to specify that the NIC is wireless; provide the ESSID to use (in this case homenet), and choose Managed (a WAP on present of the network) or Ad-hoc (no WAP) for the wireless mode. Managed е најчесто користено подесување ако имате безжичен рутер или БТП на мрежата.

Ако користите 802.11g безжичен рутер и мрежен интерфејс, може да одредите повисока стапка на проток на податоци, во спротивно, интерфејсот ќе ја користи стандардната стапка на проток на податоци од 11 Mbps. Интерфејсот автоматски ќе го одреди типот на протоколот со БТП. Потребно е само да подесите најголем опсег за проток.

#
# Wireless configuration
#
TYPE=Wireless
MODE=Managed
ESSID=homenet
RATE=54Mb/s

= Debian =

Во [[Debian]] потребно е да се направат одредени измени во /etc/networking/interfaces датотеката:

#
# File: /etc/network/interfaces
#

# The primary network interface
auto eth1
iface eth1 inet static
        address 192.168.1.100
        netmask 255.255.255.0
        wireless-essid homenet

auto eth0
iface eth0 inet dhcp
        wireless-essid jamrock

Или може да се користи стандардната графичка алатка за конфигурирање на мрежни интерфејси.

Ubuntu

Во Ubuntu од панелот со аплети кликнете на Мрежни подесувања, десен клик и изберете Конфигурирај интерфејс. Чекирајте го копчето Овозможи ја врската. Во полето Име на мрежа (ESSID) внесете го ESSID-то на мрежата кон која ќе пристапувате, во полето Тип на клуч изберете го типот на клучот (најчесто Хексадекаден) и на крај во WEP клуч внесете го WEP клучот на мрежата. Најчесто интерфејсот адресата и DNS серверите ги добива автоматски, па така во делот Поставки за врска, полето Конфугурација треба да биде DHCP.

Подесувањето е исто и во Xubuntu и Edubuntu.

Kubuntu

Во Kubuntu одете во KMenu -> System settings -> Network settings. Врз мрежниот интерфејс кликнете двапати (со администраторски права) и подесете ги параметрите за безжичната врска, слично како што е опишано погоре, за Ubuntu. Од верзијата Feisty, во Kubuntu подесувањата ќе одат преку аплет на панелот.

Ndiswrapper

Упатство за ndiswrapper треба да се допреведе и објави како содржина на ова Вики.

Врски

Ресурси за wLAN под Linux

Упатство според кое е преведувана и работена оваа содржина

Linux WAP Упатство

Подесување на Ndiswrapper во Ubuntu