Што ако нема слободен софтвер

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Право да читаш

Од Richard Stallman

(Од 'Патот до Tycho', колекција на текстови за предвесниците на Лунарната револуција, објавени во Luna City во 2096.)


За Дан Халберт, патот за Tycho започна на факултет - кога Лиса Ленз го замоли да и го позајми неговиот компјутер. Нејзиниот беше расипан, и доколку не успееше да позајми друг, ке паднеше на семестралните испити. Не се осмелуваше да праша никого освен Дан.

Ова му наметна дилема на Дан. Мораше да и помогне - но доколку и го позајмеше компјутерот, таа ке можеше да ги прочита неговите книги. Покрај фактот што можеше да оди во затвор долги години доколку му дозволи на некој друг да ги прочита неговите книги, идејата сама по себе го шокираше. Како секој, уште од основно училиште беше научил дека позајмувањето на книги е прљаво и погрешно – нешто што само пиратите би го направиле.

И немаше многу шанси да се спаси од СПА - агенција за заштита на софтвер. На часот по софтвер, Дан научи дека секоја книга има заштитен монитор кој го известува Central Licensing за тоа кога, каде, и од кого е таа книга читана. (Тие ги користеа овие информации за да ги фатат пиратските читатели, но исто така и за да продаваат информации за личниот интерес на продавачите.) Следниот пат кога неговиот компјутер ке биде вмрежен, Central Licensing ќе дознае. Тој, како сопственик на компјутерот, ќе добие најстрога казна - бидејки не преземал чекори за спречување на криминалното дело.

Секако, Лиса најверојатно немаше намера да ги чита неговите книги. Можеби компјутерот и требаше само за да го напише проектот. Но Дан знаеше дека таа доаѓа од семејство од средната класа и дека едвај ги покриваше трошоците за школувањето, а камо ли и оние за читањето книги. Можеби ќе успее да дипломира само доколку ги прочита неговите книги. Ја разбираше оваа ситуација: тој самиот мораше да позајмува пари за да ги плати сите трудови на истражувачите кои ги читаше. (10% од тие плакања беа наменети за авторите на тие книги; и бидејки Дан целеше на академска кариера, се надеваше дека неговите трудови, доколку бидат доволно читани, ќе му донесат доволно пари за да го врати заемот.)

Подоцна Дан ќе научи дека постоеше време кога секој можеше да оди во библиотека и да чита весници, па дури и книги без да мора да плати. Постоеја независни студенти кои читаа илјадници страници без владини грантови. Но во 1990-тите, и комерцијалните и непрофитните издавачи почнаа да наплаќаат за пристап до содржината. До 2047, библиотеките кои нудеа бесплатен јавен пристап до литература беа само далечно секавање.

Секако постоеја начини да се заобиколи СПА и Central Licensing. И тие беа секако нелегални. Дан имаше соученик на часот за софтвер, Франк Мартуци, кој беше дошол до нелегална алатка за дебагиранје, која ја користеше за да го излаже заштитниот монитор при читање книги. Но, тој им каза на многу пријатели за тоа, и некој од нив го предаде на СПА за награда (студентите во долгови лесно беа намамувани во предавство). Во 2047, Франк беше во затвор, не за пиратско читање, туку за користенје на дебагер.

Подоцна Дан ќе научи дека постоеше време кога секој можеше да има алатки за дебагирање. Дури постоеја бесплатни алататки кои можеа да се добијат од ЦД или преку мрежата. Но, обичните корисници ги користеа за да поминат преку заштитата, и еден судија пресуди дека тоа станало основна употреба во практиката. Ова значеше дека тие се нелегални; програмерите на тие дебагери беа испратени во затвор.

Секако, на програмерите сеуште им требаа алатки за дебагирање. Производителите на вакви алатки во 2047 дистрибуираа ограничен број на копии, и тоа само на официјално лиценцирани програмери. Дебагерот кој Дан го користеше на часот по софтвер беше зад посебен фирењалл за да може да се користи само за време на часот.

Заштитата можеше да се заобиколи и доколку се инсталира модифициран системски кернел. Дан подоцна ќе дознае за слободните кернели, дури и целосни слободни оперативни системи, кои постоеја околу крајот на векот. Но не само што беа нелегални - како и дебагерите, туку и кога би имал таков не би можел да го инсталираш без да го знаес роот пасвордот на твојот комјутер. А него не би ти го кажале ни FBI ни Microsoft Support.

Дан заклучи дека просто не може да и го позајми копјутерот на Лисса. Но не можеше да одбие да и помогне, бидејќи ја сакаше. Секоја можност да збори со неа го исполнуваше со блаженство. И тоа што таа го праша него за помош, можеби значеше дека и таа него го сака.

Дан ја разреши дилемата правејќи нешто уште помалку замисливо - и го позајми компјутерот и и ја кажа својата лозинка. Вака, ако Лисса ги чита неговите книги, Централ Лиценсинг ќе мисли дека тој ги чита. Ова сеуште беше криминал, но СПА не може автоматски да дознае за тоа. Може да дознае само доколку Лисса го издаде.

Секако, доколку училиштето дозне дека тој и ја кажал лозинката на Лиса, тоа ќе биде крај за нивното образование, без разлика за што Лисса ја користела лозинката. Политиката на училиштето беше дека секое пореметување на надгледувањето на употребата на компјутери од страна на студентите, е основа за дисциплинарни мерки. Не беше важно дали си направил нешто лошо – прекршокот беше во тоа што беше тешко администрацијата да те провери. Тие претпоставуваат дека правиш нешто забрането и не им треба да знаат што е тоа.

Вообичаено студентите не беа бркани заради ова - не директно. Наместо тоа им беше забрануван пристапот до училишниот компјутерски систем, со што на крај би ги паднале сите свои испити.

Подоцна, Дан ќе научи дека ваквата политика на универзитетите запоцна 1980-тите, кога студентите во голем број почнаа да користат компјутери. Претходно, универзитетите имаа поинаков пристап кон дисциплината; казнуваа активности кои беа штетни, а не оние кои само покренуваа сомнеж.

Лисса не го пријави Дан во СПА. Неговата одлука да и помогне водеше до нивниот брак, и исто така ги натера да се запрашаат што беа учени за пиратството како деца. Парот поцна да чита за историјата на copyright-от, за советскиот сојуз и неговите ограницувања за копирање, и дури и оригиналниот устав на САД. Се преселија во Луна, каде најдоа други, кои исто како нив избегале далеку од долгата рака на СПА. Кога востанието Tycho започна во 2062, универзалното право да се чита набрзо стана една од неговите основни цели.