Amarok

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
Amarok 1.4.5 во акција

Amarok е слободна мултимедијална апликација за Unix-оидни оперативни системи, кој е дел од пакетот апликации за KDE,но се развива независно од KDE околината и не е потребна KDE околина за да се користи апикацијата. Иако Amarok користи симболи кои содржат глава на волк, а и Amarok значи волк на јазикот на ескимите, името било инспирирано од истоимениот албум на Mike Oldfield. Последна верзија на Amarok е 1.4.10. Додека најновата развојна верзија е Amarok2 beta 1.

Историја

Проектот за создавање на Amarok бил започнат од Mark Kretschmann, кој сакал да направи нов плеер поради недостатоците кои Xmms ги имал во својот дизајн. Првата верзија на Amarok била базирана на принципот на два панела така што на една страна се наоѓа плејлистата врз која можело да се влечат и спуштаат песни, а на друга страна информациите за нумерата. Верзијата 1.2 имала лого со волк, но тоа многу личело на логото на WaRP Graphics Inc. па затоа новото лого на Amarok е многу модифицирано за да не личи на логото на WaRP Graphics Inc. Во 2006 година името е сменето од amaroK во Amarok.

Развојни цели

Мотото на Amarok е „Разоткриј ја својата музика“ што се потврдува со разните карактеристики како контекстуалниот прелистувач со кој може да се најдат стиховите од песните, Wikipedia информации за изведувачите, како и статистика за музиката. Amarok исто така подржува целосна интеграција со last.fm сервисот и [http:/www.magnatune.com Magnatune] продавницата за музика без DRM заштита.

Можности

Освен како обичен плеер за музика Amarok може да уредува колекции, ознаки, да наоѓа слики од албуми, да закачува стихови од песните и автоматски да ги подредува нумерите по број на пуштања. Поради големиот број на можности Amarok може да биде тежок на прв поглед Amarok го користи Xine како енџин за репродукција со што може да ги репродуцира повеќето познати формати.

Велигденско јајце

Доколку пуштите песна која се вика "Amarok" и артистот е „Mike Oldfield" ќе ви се појави прозорче со следнава порака (англиски):

"One of Mike Oldfield's best pieces of work, Amarok, inspired the name behind the audio-player you are currently using. Thanks for choosing Amarok! Mark Kretschmann Max Howell Chris Muehlhaeuser The many other people who have helped make Amarok what it is"

Верзијата 2.0

Во моментот развојниот тим на Amarok работи на верзијата Amarok 2.0 која претставува порт кон Qt4 и KDE4, новата верзија ќе работи и на Microsoft Windows и Mac OS X, а ќе инплементира нови технологии како Phonon за репродуцирањето на мултимедиа, Solid за усб уреди, Употреба на SVG графика и Plasma за интерфејсот, како и нов framework кој ќе го олесни создавањето на подршка за online сервиси.

Критика

Многу корисници се жалат поради зголемувањето на големината на кодот, и дека со додавањето на нови функционалности се повеќе наликува на bloated софтвер отколку на GNU/Linux софтвер, Проблемите се повеќе насочени кон Корисничкиот Интерфејс, и не се разработени во детаљи, бидејќи тоа е повеќе прашање на вкус отколку технички проблем.

Врски

Amarok

Amarok на MusicBrainz