CSharp

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

C# или CSharp е модерен, објектно-ориентиран програмски јазик развиен од Microsoft главно наменет за користење со многу популарниот .NET фрејмворк. Досега Microsoft има издадено две верзии од овој програмски јазик C# 1.0 и C# 2.0. И двете верзии се со ECMA стандарди и се користат во сите три верзии на .NET опкружувањето како и во DotGNU (поддржува само C# 1.0) и Mono (C# 1.0 е стабилен, а C# 2.0 сеуште не е стабилен). Синтаксата е многу слична со онаа на Java и C++.

Овој јазик почна да зазима големо место во светот на слободен софтвер со огромна поддршка од Novell и Mono проектот.

C# синтакса

using System;

class Main
{
        public static void Main()
        {
                Console.Write("Здраво!");
        }
}

Објаснување

  • Со клучниот збор using му се кажува на компајлерот дека треба namespace-от System да е вклучен во градењето на кодот или да биде достапен во runtime-от, односно во GAC (Global Cache Assembly).
  • Клучниот збор class креира нова класа со името Main.
  • public static void Main() креира нов void (не враќа резултат) метод (функциите во C# се нарекуваат методи) на која не и се додаваат аргументи.
  • Console.Write("Здраво!"); ја повикува методот Write( string ); од класата Console која се наоѓа во namespace-от System. Оваа метод ќе ја испише дадената string во конзола.

Некои правила за C#

  • Во C# сѐ се пишува во класи. Постојат и таканаречени partial classes кои при поврзување на повеќе вакви класи се добива една класа.
  • C# нема внатрешни функции, но затоа е Mono, .NET, DotGNU и сл.
  • Сорс датотеките се секогаш со наставка .cs со MIME тип: text/x-csharp (во GNU/Linux)
  • По завршувањето на градењето (исто како компајлирање) на сорс датотеките се добиваат .exe или .dll датотеки во зависност од тоа дали тие се програми кои можат да се пуштат (.exe) или assemblies (.dll).

C# во светот на слободен софтвер

C# е широко распространет низ светот на слободен софтвер. Главен проект кој највеќе го користи овој јазик е Mono слободната, мултиплатформска .NET имплементација главно наменета за GNU/Linux и *nix оперативните системи, иако има и порт за Windows. Mono е спонзориран од Novell.

Исто така DotGNU е исто така еден вид на слободна .NET имплементација но само за GNU/Linux.

Апликации кои користат C# во GNU/Linux

Mono - слободна, мултиплатформска .NET имплементација главно наменета за GNU/Linux оперативниот систем. Надворешна врска DotGNU - слободна .NET имплементација наменета само за GNU/Linux. Надворешна врска

Gtk# - поврзувачи(bindings) за GTK(Gimp Tool Kit) тулкитот. Gtk# (GtkSharp) Gnome# - поврзувачи за GNOME работната околина. Qt# - алфа фаза | поврзувачи за Qt тулкитот. Qt# (QtSharp)

Листа на програми кои го користат Mono - [1]

Популарни програми