GNU (проектот)

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Движењето е започнато во 1983г. од Ричард Сталман и Фондацијата за слободен софтвер (ФСС). 'Слободен' во овој контекст се однесува на слобода (како во слободен говор), а не на цена како 'бесплатен' (иако слободниот софтвер најчесто е и бесплатен). Како што вели ФСС "Слободниот софтвер е прашање на слобода, а не на цена", разлика која морате да ја запомните. Многу софтверски проекти се бесплатни, за кои се користат термини како 'freeware' или 'shareware', но тоа не ги прави слободни (со пристап до кодот).

Софтверот кој го користите е направен да работи на Вашиот оперативен систем. Ако користите Microsoft Windows, тогаш софтверот е спакуван да работи под Windows. Истото важи и ако користите OS X или GNU/Linux. Софтверот спакуван и инсталиран на Вашиот компјутер е датотека во бинарна форма или како што уште се нарекува, извршна датотека.

Бинарниот софтвер е 'заклучен' заради тоа што е во облик на компјутерски јазик. Тоа значи дека луѓето кој го користат не можат да видат што тој прави и како функционира! Добар пример е шпионскиот софтвер и вирусите. Кога овие програми се инсталирани на некоја машина, многу тешко можете да видите што впрочем тие прават. Можеби испраќаат податоци за Вашите банковни сметки низ Интернет или ги крадат Вашите лозинки. Едноставно не знаете, бидејќи немате пристап до нивниот код.

Сите компјутерски програми најпрво се напишани од луѓе во јазик разбирлив за нив и таа форма се нарекува 'изворен код'. Microsoft го поседува изворниот код за Windows и другите нивни производи исто како и Apple итн. Замислете компјутерски вирус. Ако го имаме изворниот код на вирусот, ќе знаеме што точно прави и ќе можеме лесно да го запреме. Создавачите на вирусите, исто како и компаниите како Microsoft, Apple итн. не го издаваат својот код во јавност, па така никој не може да знае што прави нивниот софтвер.

Но постојат развивачи на софтвер низ светот кои веруваат дека секој има право да знае што точно прави софтверот на нивниот компјутер. Не само што издаваат спакувани форми на софтверот, туку и овозможуваат пристап до кодот од секого. Ова се нарекува слободен софтвер. Добар пример за ваков софтвер е Mozilla Firefox, слободниот прелистувач за GNU/Linux, Windows и OS X, кој е сигурен и безбеден. За повеќе примери продолжете да читате (или веднаш кликнете овде).

Во основа можете да му верувате само на слободниот софтвер, бидејќи е достапен за секого во јазик разбирлив за човекот при што можете да видите што впрочем тој прави. Поради овие причини многу влади, различни организации, училишта и индивидуалци низ светот се префрлаат кон побезбедниот слободен софтвер (нешто што треба да го сторите и Вие!).

Врски