Javascript

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

JavaScript е јазик за скриптирање често користен за развој на апликации од клиентска страна. Правилното име на JavaScript е ECMAScript, иако "JavaScript" е почесто користен термин. "JavaScript" впрочем е имплементацијата на Netscape на ECMAScript стандардот.

JavaScript е динамичен, слабо-типен (?), базиран на прототип јазик со прво-класни функции. Врз JavaScript имаат повлијаено многу јазици и е дизајниран да има сличен изглед со Java, но полесен за непрофесионалните корисници да можат да работат со него. Јазикот најмногу е познат за неговата употреба на вебсајтови (како JavaScript на клиентска страна), но исто така се користи и за овозможување на пристап за скриптирање на вградени објекти во други апликации.

Покрај името, JavaScript не е поврзан со Java програмскиот јазик; иако и двата имаат заеднички долг кон синтаксата на C. Јазикот е преименуван од LiveScript по взаемниот договор помеѓу Netscape и Sun при размена за услуги со кои Netscape го дистрибуираше Java јазикот стандардно со нивниот прелистувач, кој беше доминантен во тоа време. Семантички, синтаксата на JavaScript има многу повеќе заеднички елементи со синтаксата на програмскиот јазик Self.

"JavaScript" е трговска ознака на Sun Microsystems, Inc. Се користи под лиценцата за технолошки пронајдови и е имплементиран од Netscape Communications и моменталните ентитети како Mozilla Foundation.

Историја

JavaScript оригинално е развиен од Brendan Eich од Netscape под името Mocha, подоцна LiveScript и најпосле преименуван во JavaScript. Промената на името проследи по ставањето на поддршка за Java во Netscape-овиот прелистувач (сега Mozilla Firefox). JavaScript најпрво беше претставен во тој прелистувач верзија 2.0B3, во Декември 1995г. Именувањето предизвика збунетост, давајќи импресија дека јазикот е дериват на програмскиот јазик Java, што не е така, и е окарактеризиран од многу како маркетиншки трик на Netscape да го изрекламира JavaScript за потоа да биде претставен како новиот добар програмски јазик за веб.

За да се избегнат несогласување во користењето трговски ознаки, Microsoft својата имплементација ја именува JScript. JScript најпрво беше поддржан во Internet Explorer 3.0.

Пример за JavaScript код

<html>
<head>
<!--
Коментар
-->

</head>
<body>

<A HREF="" ONMOUSEOVER ="document.bgColor='silver'">T</a>
<A HREF="" ONMOUSEOVER ="document.bgColor='lightslategray'">r</a>
<BR><center><a href='http://www.lugola.net'>Лугола pwnz!</a></center>
</body>
</html>