Psi

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Psi e GPL лиценциран Jabber клиент напишан во Qt и достапен за GNU/Linux, Windows, Mac OS и други оперативни системи. Пакети за Psi постојат за скоро секоја GNU/Linux дистрибуција, а поради неговата отворена природа постојат и многу негови форкови, кои имаат опции се уште во бета фаза на развој.

Замисла

Psi е направен како елегантен и лесен за користење Jabber клиент кој ќе ги имплементира само официјалните XMPP стандарди. Токму заради ова Psi е избор на многу корисници.

Својства

  • Бидејќи Psi е Jabber клиент тој подржува поврзување кон многу IM мрежи (Yahoo, MSN, ICQ, AIM) како и RSS, SMS, ATOM, EMAIL и други мрежи.
  • Psi е исто така преведен на многу јазици меѓу кои и македонскиот.
  • Подршката за емотикони е преку jisp форматот, што значи дека може да се користат емотикони од AIM, iChat, и Trillian.
  • Целосно е подржано испраќање и примање на датотеки преку Jabber мрежата и останати IM мрежи доколку е подржано од страна на серверот.

Врски