Slackware
Slackware претсавува слободен, GNU/Linux оперативен систем. Негов основач е Patrick Volkerding, кој во 1993 ја вади првата верзија на една од најстарите GNU/Linux дистрибуции. Пред да започнете со користење на оваа дистрибуција, имајте ја на ум кратенката KISS, која сосема одговара на начинот на кој овој систем е дизајниран и функционира. Keep it simple stupid! Колку и да звучи претенциозно, едноставноста на Slackware го прави се поуспешен во секоја негова следна верзија.
За инсталација нема графичка алатка, односно инсталерот на Slackware може да се квалификува како Полу-графички инсталер, со кој навистина лесно се управува и секој барем малку искусен корисник на GNU/Linux може да се снајде. Веројатно како пропуст може да се спомене немањето на опција за промена на големината на веќе постоечка партиција, но како што споменав, имајќи во предвид дека Slackware би го користеле понапредни корисници на Linux базирани системи, тоа и не е така страшно. Постарите верзии доаѓаат на 4 CD-ња (од верзија 11.0 Slackware доаѓа стандардно на 1 DVD), од кои првото го содржи основниот систем, библиотеки и потребни апликации (вклучувајќи го и X.org) второто CD содржи ја содржи работната околина KDE (која е стандардна за Slackware). Кога сме веќе кај работните околини битно да се напомене е стандардното непостоење на работната околина GNOME, која не е застапена во официјалните пакети, но може во секој момент да се симне и инсталира. Иако тоа порано беше случај, сега Slackware 100% ја поддржува работната околина KDE. Третото CD содржи дополнителен софтвер кој го нема на првите две, а на четвртото CD доаѓа изворен код со многу апликации. Софтверот кој понатаму би бил потребен е достапен на Интернет сервери или страни за поддршка на Slackware Пакети, како што е Linux Packages итн.