Swap партиција

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Во GNU/Linux и BSD оперативните системи вообичаено е да се користи партиција од дискот како виртуелна меморија. Иако е возможно да се користи и датотека за таа цел, препорачливо е да се користи партиција поради тоа што тоа ја исклучува можноста од фрагментација на датотечниот систем што ќе ги намали перформансите на системот. Исто така, со користење на различна Swap партиција, може да се осигура дека виртуелната меморија се наоѓа на најбрзо пристапниот дел од дискот. Сепак, со јадрото Linux 2.6, Swap датотеките се исто брзи како и партициите. Тоа значи дека со новите GNU/Linux дистрибуции, нема разлика дали ќе се користи Swap партиција или Swap датотека како виртуелна меморија.

Виртуелната меморија или Swap партицијата е простор кој служи за складирање податоци за кои нема место во RAM меморијата. Ако на процесите кои ги извршувате им е потребно повеќе меморија од вкупниот RAM капацитет, тогаш стапува на сцена Swap партицијата. Процесите ќе ставаат податоци и информации во оваа партиција кои не можат да се стават во RAM меморијата. Сепак Linux се труди да стави информации во swap партиција кои не се користат често за побрз пристап до фреквентно искористуваните податоци. Со оглед на тоа што тврдите дискови се побавни од RAM меморијата, ова може да биде и малку бавно (иако со денешните компјутери тоа не се осеќа, а не ретко и нема потреба од голема swap партиција.

Ако имате многу RAM (повеќе од 1GB) можеби и нема потреба воопшто да користите Swap. Сепак, избирањето на малечка Swap партиција, од 256-512MB не е лош избор во било кој случај.