Помош за корисници: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ред 143: Ред 143:


[[Слика:Org.png|рамка|Лого на Линукс]]
[[Слика:Org.png|рамка|Лого на Линукс]]
== Набројување ==
Набројувањето може да оди на два начини, со копчиња или со бројки:
<pre>
  * набројување со копчиња
  * практично за ненумерирани набројувања
</pre>
* набројување со копчиња
* практично за ненумерирани набројувања
Или
<pre>
  * набројување со бројки
  * практично за нумерирани набројувања
</pre>
  * набројување со бројки
  * практично за нумерирани набројувања
За сите понатамошни потреби можете да ги користите иконите што се видливи над делот за уредување на содржините, и строго препорачуваме да ги прочитате статиите за MediaWiki синтаксата, на англиски јазик.

Преработка од 16:10, 6 април 2007

Идејата на Викито за слободен софтвер е да се формира база на знаење од корисници на слободен софтвер во Македонија, на македонски јазик со цел помагање на почетни или напредни корисници на слободен софтвер.

Вие можете да помогнете на неколку начини. Препорачливо е да се направи сметка на ова Вики, со цел подобра контрола врз тоа кој и што работи. Доколку сакате да помогнете без да имате работа директно со Вики енџинот што го користиме (MediaWiki), ви препорачуваме да напишете статија во чист текст формат (без форматирање во канцелариски софтвер, пр. OpenOffice.org Writer и да ја испратите на поштата на Лугола, info на lugola.net

Исто така можете да правите испитувања и проверка на содржините кои веќе постојат во Вики за слободен софтвер. Доколку наидете на грешка, земете си слобода да ја поправите. Ве замолуваме да не ја менувате содржината и тематиката на одредени содржини или делови од нив. Доколку не сте сигурно што правите, не превземајте акција. Ако не знаете како да пишувате Вики синтакса, продолжете да ја читате оваа содржина.

Вики философија

Вики претставува страна каде корисниците и посетителите можат да додаваат, отстрануваат или уредуваат содржини кои се објавени таму, без потребно корисничко регистрирање. Исто така дозволува поврзување на многу други страни и содржини кои се објавени на истото Вики или како надворешни врски. Ова ја олеснува интеракцијата и Викито го прави моќна алатка за масовен придонес кон создавање одредени дела и содржини. Терминот Вики исто така може да се однесува и на Вики софтвер што денеска е достапен (го користиме терминот Вики енџин). Денес Вики философијата за создавање трудови, дела и стручни содржини се користи нашироко насекаде во светот. Најголема заедница на корисници што создаваат Вики содржини е Википедија, а исто така битна да се спомене е и WikiWikiWeb, првата Вики заедница на интернет (Вики енџинот за тоа Вики е напишан во Perl).

Вики страните се дизиајнирани имајќи ја во предвид философијата за градење база со знаење која лесно ќе може да се корегира, подобрува и унапредува. На тој начин, Вики страните се отворени за секого, овозможуваат начини и средства за проверка на валидност на одредени промени и големите Вики страни содржат интерни бази со податоци кои чуваат резервна копија за во случај да некој ги оштети објавените содржини видливи на страната.

Едно такво Вики е и Вики за слободен софтвер.

Кој Вики енџин го користи ова Вики?

Вики за слободен софтвер користи MediaWiki како енџин за работа со Вики содржини. Секој Вики софтвер има специфична синтакса која не се разликува многу една од друга, но сепак потребно е да се знае секоја одделно. Во прилог следуваат примери и појасувања за тоа како да користите Вики синтакса за градење квалитетни содржини на ова Вики.

Како да креирате содржина?

Кога некој корисник ја посетува оваа страна, веднаш бара копче или врска преку која ќе може да креира содржина. Но тоа кај Вики енџините не функционира така. За да создадете содржина на ова Вики потребно е да ја напишете содржината веднаш по зборчето index.php во делот за адреса во вашиот прелистувач. Така, доколку сакате да ја отворите содржината Wiki for free software, едноставно во полето за адреса напишете:

 http://wiki.lugola.net/index.php/Wiki for free software

По што ќе се отвори празна страна. Кликнете на врската Уреди во горниот дел од страната, почнете да пишувате.

Исто важи и за кирилични имиња на содржини. Ако сакате да создадете содржина со наслов Вики за слободен софтвер, во полето за адреса напишете:

 http://wiki.lugola.net/index.php/Вики за слободен софтвер

Врските до овие статии се реферираат со дополнување на долната цртичка _ за празните места, така ако сакате да посочите за врската до некое надворешно место, како врска до содржината наведете:

 http://wiki.lugola.net/index.php/Wiki_for_free_software
 или
 http://wiki.lugola.net/index.php/Вики_за_слободен_софтвер

Форматирање на содржина

Форматирањето на Вики содржините се одвива преку Вики синтакса, со која се овозможува директно уредување на содржините додека се објавени на Вики страната. На пример, доколку имате Вики содржина во која сакате за одреден збор да стои врска до некоја друга локација (пр. GNU/Linux да го замените со GNU/Linux), ја применувате Вики синтаксата. Во оваа помошна содржина ви ги доловуваме наједноставните финти и начини за пишување Вики содржина. Понатамошните потреби што ги имате ќе треба да си ги „ископате“ самите.

Задебелен текст

Задебелен текст се создава со додавање на знакот ' трипати пред зборот/реченицата што сакате да ја задебелите:

'''Задебелен текст'''

Ова ќе изгледа вака: Задебелен текст.

'''Задебелен''' текст

А ова вака: Задебелен текст

Закосен текст

''Закосен текст''

Ќе изгледа вака: Закосен текст.

''Задебелен'' текст

А ова вака: Закосен текст

Внатрешна врска

Внатрешна врска е врска која води кон друга содржина на Вики страната. Пр. доколку имате содржина која се вика Слободен софтвер и доколку таа се споменува во друга содржина, можете да реферирате кон неа, со додавање на знаците [[ за почеток и ]] по името на содржината:

  [[Слободен софтвер]]

По што се добива:

 Слободен софтвер.

Ако сакате да врзите кон одредена категорија, само додате:

  [[:Категорија:Слободен софтвер|Слободен софтвер]]

Со што во содржината ќе се појави врската

 Слободен софтвер,

која ќе насочува кон категоријата Слободен софтвер.

Ако сакате пак да се појави врска која ќе насочува кон содржина со друго име, користете го знакот „|“:

  [[Слободен софтвер|слободниот софтвер во нашата земја]]

Така се добива:

...слободниот софтвер во нашата земја...

Надворешни врски

Надворешни врски, насочуваат кон страни вон Вики страната. Пример, имате содржина во која се споменува терминот MediaWiki, па сакате од тоа да направите врска кон домашната страна на MediaWiki. Правите:

  [http://www.mediawiki.org MediaWiki]

Па добивате:

 MediaWiki

Наслови и поднаслови

Имате наслови од неколку степени. Степенувањето на насловите ги правите со додавање на знакот = пред и по насловот. Пр:

  =Наслов 1=
  ==Наслов 2==
  ===Наслов 3===

Со што велиме, Наслов 3 е дел од Наслов 2, а тој пак е дел од Наслов 1, кој е главен.

Слики

Сликите треба да бидат подигнати на вашето вики, преку врска за подигање на сликите. Во вашата содржина можете да ги прикажите на неколку начини, директно како слика:

  [[Слика:Tux.png]]

Со што се прикажува:

Org.png

Или во рамка, странично со дополнително објаснување:

  [[Слика:Org.png|рамка|Лого на Линукс]]

со што ќе добиете:

Лого на Линукс

Набројување

Набројувањето може да оди на два начини, со копчиња или со бројки:

  * набројување со копчиња
  * практично за ненумерирани набројувања
  • набројување со копчиња
  • практично за ненумерирани набројувања

Или

  * набројување со бројки
  * практично за нумерирани набројувања
 * набројување со бројки
 * практично за нумерирани набројувања



За сите понатамошни потреби можете да ги користите иконите што се видливи над делот за уредување на содржините, и строго препорачуваме да ги прочитате статиите за MediaWiki синтаксата, на англиски јазик.