Зошто е потребен маратон за локализација: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
с (2 ревизии: initial) |
||
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од еден друг корисник) | |||
Ред 26: | Ред 26: | ||
[[Категорија:Локализација]] | [[Категорија:Локализација]] | ||
[[Категорија:L10n]] |
Последна преработка од 17:34, 29 јануари 2011
Локализацијата на софтвер опфаќа преведување на софтвер кој се користи од корисници на услуги на компјутери од нестандардно говорно подрачје. Потреба од локализација на матичен јазик се јавува кај лица кои стандардниот јазик на кој софтверот доаѓа е непознат, не го изучувале и немале контакт со него во текот на општото образование (пр. англиски, германски). Така во текот на работата и користењето на услугите на компјутерите и системите на кои работат честопати корисниците доаѓаат во ситуации да не можат да ја извршат предвидената задача поради потешкотии со разбирањето на дадените инструкции. Порано се користеше една општа фраза „Без англиски јазик, на компјутер не може!“, мислејќи на крајните корисници на услугите на компјутерите. Но сега тоа е веќе минато благодарение на слободата што корисниците ја имаат со слободниот софтвер и можностите што тој ги нуди.
Република Македонија досега веќе има искуство со преведување/локализација на софтвер и од рангот на слободен и од типот неслободен. Притоа заедницата на слободен софтвер се здоби со „шема“ по која се одвиваат активностите за реализирање на задачи од овој тип. Резултатите покажуваат дека заедницата на слободен софтвер во Македонија може да обавува ваква дејност и може на корисниците кои со потешкотии приоѓаат кон користење на софтвер на англиски јазик да му се помогне на тој начин што ќе добијат софтвер на нивниот матичен јазик.
Покрај целосно преведениот OpenOffice и преведените KDE, Mozilla и GNOME, преведен е и пропратен кориснички софтвер преведуван по волја на корисниците на истиот. Во локализацијата на слободниот софтвер не постојат строги правила по кои се води преведувачот иако постојат стандарди кои треба да се следат. Конкретно, секој преведувач може да земе слобода да преведува зборови и фрази кои тој смета дека би биле разбирливи за крајниот корисник, со консултација на преведувачкиот тим од којшто е дел.
За преведување на слободен софтвер постојат професионални софтверски апликации кои на преведувачите им ја забрзуваат и прават поефективна работата. Најчесто користена апликација за превод е KBabel која е дел од работната околина KDE.
Маратоните за превод на слободен софтвер се настани кои веројатно највеќе допринесуваат за успешноста и квалитетот на преведеното, доколку преведувачите се добро организирани, маратонот се одвива по одредени критериуми и правила и доколку сериозно се пристапи кон организацијата на настанот исто колку и кон самиот тек. Тоа се долготрајни настани (најчесто 3-4 дена), на кои група од над 20 преведувачи работат тимски врз преводот на одреден софтверски пакет. Со оглед на тоа што се работи за непрекината активност, најчесто се преведува во смени. Резултатите покажале дека посакуваните ефекти на маратоните се добиваат веќе во првите два дена, кога ефективноста на преведувачите е најголема.
Уште еден мал пример за тоа зошто треба да локализираме слободен софтвер (па и неслободен) е фактот што на нашата територија странски јазици кои биле најчесто изучувани биле рускиот и францускиот. Но со развојот на англискиот јазик како „есперанто“ во светот, доаѓа до тешко прифаќање на тие кои никогаш немале допир со јазикот при соочување со него. На возрасен средновечен човек кој цело свое образование учел руски јазик и кој првпат се среќава со компјутерски софтверски пакети за задоволување на неговите потреби, сигурно би му било полесно да прочита „Зачувај“ отколку „Save“.
Лугола како група во градот има задача да ги задоволи сите категории на граѓани кои сакаат да користат слободен софтвер, тргајќи ги сите пречки кои произлегуваат од работата со него. Сметаме дека следејќи го примерот на двата претходно организирани маратони, и ние како група на корисници на GNU/Linux од Битола сме во можност да оствариме зацртани цели и да обавуваме одредени активности за да дојдеме до резултати кои ги засегаат сите корисници на слободен софтвер.
Доколку сите се вклучиме во локализацијата на слободниот софтвер, ќе имаме поголеми шанси за користење на слободниот софтвер во сите сфери на нашето општество. На тој начин ќе добиеме уште еден аргумент повеќе на наша страна зошто треба да се користи слободниот софтвер. Бидете дел од преведувачкиот тим на Лугола и помогнете да имаме слободен софтвер 100% на литературен македонски јазик, без разлика на тоа дали вие би го користеле или не.
Резултати од остварената реализација
Како и што е горенаведено, резултатите од остварена успешна реализација на локализација на KDE и по потреба други софтверски пакети, би биле речиси преведена KDE работна околина која ќе се користи од корисници на слободен софтвер и слободни оперативни системи. Наједноставно кажано, преку вакви проекти и реализирани локализации ќе добиеме GNU/Linux работна околина на македонски јазик. Преку оваа акција ќе ги прошириме познавањата од областа на слободниот софтвер, ќе ги зацврстиме односите со корисниците и ќе оставиме впечаток на доверба кај корисниците на слободен софтвер.
Лугола во Битола има обврска да се грижи за правата на корисниците на слободен софтвер. Тоа може да го оствариме единствено доколку ги обединиме идеите и заложбите за добивање на слобода на полето на информатичките технлогии, за да покажеме дека се грижиме за сите корисници во нашата земја и регионов и за да покажеме дека тоа за кое цело време се заложуваме има добра основа и корен.
Група на корисници на GNU/Linux од Битола