Како се развива слободниот софтвер: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с (7 ревизии: initial)
 
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од истиот корисник)
Ред 5: Ред 5:
произлегуваат некои од најдобрите програми кои што се слободен софтвер.
произлегуваат некои од најдобрите програми кои што се слободен софтвер.
Примери за ова се [[Mozilla]] [[Firefox]] и [[Mozilla]] [[Thunderbird]] кои се наследници на
Примери за ова се [[Mozilla]] [[Firefox]] и [[Mozilla]] [[Thunderbird]] кои се наследници на
работата на [[Netscape]], или [[OpenOffice.org]] чие потекло е од [[Sun]]. Конечно во
работата на [[Netscape]], или [[OpenOffice.org]] чие потекло е од [[Sun Microsystems]]. Конечно во
развојот на слободниот софтвер учествуваат и непрофитни ентитети како што е
развојот на слободниот софтвер учествуваат и непрофитни ентитети како што е
Фондацијата за слободен софтвер која е главен носител на проектот за
Фондацијата за слободен софтвер која е главен носител на проектот за

Последна преработка од 17:35, 29 јануари 2011

Слободниот софтвер пред се е дело на стотици илјади поединци кои својата координација воглавно ја остваруваат преку Интернет. Но, поединците не се единствени. Во последниве години во развојот на слободен софтвер се приклучија и големи компании, како IBM. Исто така од работата на големи компании денес произлегуваат некои од најдобрите програми кои што се слободен софтвер. Примери за ова се Mozilla Firefox и Mozilla Thunderbird кои се наследници на работата на Netscape, или OpenOffice.org чие потекло е од Sun Microsystems. Конечно во развојот на слободниот софтвер учествуваат и непрофитни ентитети како што е Фондацијата за слободен софтвер која е главен носител на проектот за создавање на слободен оперативен систем - GNU. Создавањето на слободниот софтвер е заеднички напор на сите овие. И она што е најважно - секој може да се приклучи. Не треба да бидете програмер за да учествувате во создавањето на слободниот софтвер. Бидејќи еден софтверски пакет се состои од многу повеќе од само програмски код, вашата работа може да биде добредојдена на многу места. Така, можете да пишувате документација за софтверот, можете да го локализирате софтверот на својот мајчин јазик, можете да го промотивни материјали за софтверот, можете да правите икони и теми за изглед на софтверот, можете да правите веб страници или да пишувате текстови за слободниот софтвер на постоечките места кои се занимаваат со такви содржини, можете да нудите обука за корисници за софтверот. Слободниот софтвер и постулатите на кои тој се базира гарантираат дека од вашата работа корист ќе има една поширока заедница на корисници, а можеби и цело едно општество.