Edubuntu: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
с (2 ревизии: initial) |
||
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од еден друг корисник) | |||
Ред 1: | Ред 1: | ||
Edubuntu е член на фамилијата на [[Ubuntu]], што кажува дека е [[GNU/Linux]] дистрибуција создадена со цел користење во образовните процеси. | Edubuntu е член на фамилијата на [[Ubuntu]], што кажува дека е [[GNU/Linux]] дистрибуција создадена со цел користење во образовните процеси. | ||
Ред 15: | Ред 14: | ||
Принципот по кој се гради Edubuntu е централизирано конфигурирање (администрација од едно место) на корисници, процеси како и можностите за споделување на ресурси во училница. Исто толку важно, како дел од проектот, е собирање на слободна документација и слободен софтвер кој може дополнително да се инсталира на системот. | Принципот по кој се гради Edubuntu е централизирано конфигурирање (администрација од едно место) на корисници, процеси како и можностите за споделување на ресурси во училница. Исто толку важно, како дел од проектот, е собирање на слободна документација и слободен софтвер кој може дополнително да се инсталира на системот. | ||
== Врски == | == Врски == |
Последна преработка од 17:28, 29 јануари 2011
Edubuntu е член на фамилијата на Ubuntu, што кажува дека е GNU/Linux дистрибуција создадена со цел користење во образовните процеси.
Edubuntu се развива во соработка со професори и програмери од целиот свет. Изграден е врз основата на Ubuntu имплементирајќи ја архитектурата на LTSP (Linux Terminal Server Project) за тенки клиенти, како и многу образовни апликации кои како целна група ја имаат популацијата од 6-18 години.
Можности
Со Edubuntu доаѓа поддршка за LTSP, голем број апликации како GCompris, образовниот пакет на KDE (KDE-Edu) како и Schooltool календарот. Првата верзија на Edubuntu случајно излезе со верзијата 5.1 на Ubuntu.
Стандардна работна околина во Edubuntu е GNOME, но многу лесно можете да ја инсталирате и KDE.
Цели на проектот
Главната цел на проектот е да им се овозможи на образовните работници од светот кои немаат големо познавање од областа на информатиката, лесно конфигурирање и користење на компјутер за образовните процеси во кои се вклучени.
Принципот по кој се гради Edubuntu е централизирано конфигурирање (администрација од едно место) на корисници, процеси како и можностите за споделување на ресурси во училница. Исто толку важно, како дел од проектот, е собирање на слободна документација и слободен софтвер кој може дополнително да се инсталира на системот.