Упатство:Групи на корисници на GNU/Linux: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
== Вовед ==
== Вовед ==
=== Намера  ==
=== Намера  ===


Упатството за Групи на корисници на GNU/Linux (ГКЛ) има за цел да служи како водич за формирање, одржување и прираст на ГКЛ.  
Упатството за Групи на корисници на GNU/Linux (ГКЛ) има за цел да служи како водич за формирање, одржување и прираст на ГКЛ.  
Ред 39: Ред 39:
Некои од набројаните архитектури/процесори можеби биле краткорочни и досега застарени. На таквите ретки архитектури, [[NetBSD]] можеби ќе најде попрактична примена.  
Некои од набројаните архитектури/процесори можеби биле краткорочни и досега застарени. На таквите ретки архитектури, [[NetBSD]] можеби ќе најде попрактична примена.  
   
   
 
'''If seriously interested in the subject of Linux ports, please see also Xose Vazquez Perez's Linux ports page and Jerome Pinot's Linux architectures list (static mirrors, as both pages vanished in 2005), if only because hardware support is more complex than just generic CPU functionality, encompassing support for myriad bus variations and other subtle hardware issues (especially for Linux PDA / embedded / microcontroller / router ports). The above list aims mostly to generally illustrate the breadth of Linux's reach.'''
If seriously interested in the subject of Linux ports, please see also Xose Vazquez Perez's Linux ports page and Jerome Pinot's Linux architectures list (static mirrors, as both pages vanished in 2005), if only because hardware support is more complex than just generic CPU functionality, encompassing support for myriad bus variations and other subtle hardware issues (especially for Linux PDA / embedded / microcontroller / router ports). The above list aims mostly to generally illustrate the breadth of Linux's reach.


=== Други извори на информации ===
=== Други извори на информации ===

Преработка од 14:42, 8 јуни 2007

Вовед

Намера

Упатството за Групи на корисници на GNU/Linux (ГКЛ) има за цел да служи како водич за формирање, одржување и прираст на ГКЛ.

GNU/Linux е слободна имплементација на Unix за персонални компјутери, сервери, работни станици, PDA и вградени системи. Развиен е на i386 архитектура но сега поддржува огромен опсег на процесори, од мали до колосални:

   * Diverse PDA / embedded / microcontroller / router devices:
         ** Advanced RISC Machines, Ltd. ARM family (StrongARM SA-1110, XScale, ARM6, ARM7, ARM2, ARM250, ARM3i, ARM610, ARM710, ARM720T, and ARM920T, including Sigma Designs DVD systems using ARM cores)
         ** Analog Devices, Inc.'s Blackfin DSP
         ** Axis Communications ETRAX series ("CRIS" = Code Reduced Instruction Set RISC architecture)
         ** Elan SC520 and SC300
         ** Fujitsu FR-V
         ** Hitachi H8 series
         ** Intel i960
         ** Intel IA32-compatibles (Cyrix MediaGX, STMicroelectronics STPC, ZF Micro ZFx86)
         ** Matsushita AM3x
         ** MIPS-compatibles (Toshiba TMPRxxxx / TXnnnn, NEC VR series, Realtek 8181)
         ** Motorola 680x0-based machines (Motorola VMEbus boards, ISICAD Prisma machines, and Motorola Dragonball & ColdFire CPUs, and Cisco 2500/3000/4000 series routers)
         ** Motorola embedded PowerPC (including MPC / PowerQUICC I, II, III families)
         ** NEC V850E
         ** Renesas Technology (formerly Hitachi) SH3/SH4 (SuperH: link1 link2)
         ** Samsung CalmRISC
         ** Texas Instruments's DM64x and C54x DSP families
         ** Xilinx SoftBlaze soft processor implemented on Xilinx FPGAs
   * Intel 8086 / 80286.
   * Intel IA32 family: i386, i486, Pentium, Pentium Pro, Pentium II, Pentium III, Celeron, Xeon, and Pentium IV processors, as well as IA32 clones from AMD (386DX/DXL/SL/SLC/SX, 486DX/DX2/DX4/SL/SLC/SLC2/SLC3/SX/SX2, Elan, K5, K6/K6-II/K6-III), Cyrix (386DX/DXL/SL/SLC/SX, 486DLC/DLC2/DX/DX2/DX4/SL/SLC/SLC2/SLC3/SX/SX2, Cyrix III), IDT (Winchip, Winchip 2, Winchip 2A/3), IBM (486DX/DX2/DX4/SL/SLC/SLC2/SLC3/SX/SX2), NexGen (Nx586), Transmeta (Crusoe), TI (486DLC/DLC2), UMC (486SX-S, U5D/U5S), VIA (C3 Ezra "CentaurHauls", C3-2 "Nehemiah"), and others.
   * Intel/HP IA64: Trillian, Itanium, Itanium2/McKinley
   * x86-64 x86-64 family including AMD Hammer/Opteron/K8/Athlon64 and Intel Prescott/Nocona/Potomac
   * Motorola 68020-68040 series (with MMU): m68k Mac, Amiga, Atari ST/TT/Medusa/Falcon, HP/Apollo Domain, HP9000/300, sun3, and Sinclair Q40.
   * Motorola/IBM PowerPC family: Most PowerMac (including G3/G4/G5) / CHRP / PReP / POP, Amiga PowerUP System, and IBM PPC64 (AS/400, RS/6000, iSeries, pSeries, PowerMac G5).
   * MIPS: most SGI, Cobalt Qube, DECStation, Sony PlayStation2, and many others
   * DEC Alpha
   * HP PA-RISC
   * SPARC International SPARC32 / SPARC64
   * Digital VAX minicomputers and MicroVAXen
   * Mainframes: IBM S/390 models G5 and G6 / zSeries models z800, z890, z900, and z990 and Fujitsu AP1000+ (SuperSPARC cluster)

Некои од набројаните архитектури/процесори можеби биле краткорочни и досега застарени. На таквите ретки архитектури, NetBSD можеби ќе најде попрактична примена.

If seriously interested in the subject of Linux ports, please see also Xose Vazquez Perez's Linux ports page and Jerome Pinot's Linux architectures list (static mirrors, as both pages vanished in 2005), if only because hardware support is more complex than just generic CPU functionality, encompassing support for myriad bus variations and other subtle hardware issues (especially for Linux PDA / embedded / microcontroller / router ports). The above list aims mostly to generally illustrate the breadth of Linux's reach.

Други извори на информации

Ако сакате да научите повеќе, Проектот за GNU/Linux докуемнтација е добро место за почеток

За општи информации за компјутерски кориснички групи, проверете го сајтот на асоцијацијата за PC кориснички групи.

Што е Група на корисници на GNU/Linux?

Што е GNU/Linux?

За да ја почитувате улогата на Групите на корисници на GNU/Linux (ГКЛ) во GNU/Linux движењето, ќе ви биде од корист ако разберете што е тоа што го прави овој систем посебен. GNU/Linux како оперативен систем е многу моќен, но тоа што стои зад GNU/Linux како идеја за развој на софтвер е уште помоќно. GNU/Linux е слободен оперативен систем, лиценциран според Општата јавна лиценца. Со тоа се овозможува пристап до изворниот код за секого. Системот е координиран од неструктуирани или структуирани групи на програмери и продонесувачи од целиот свет, под водство најмногу на Linus Torvalds и Richard Stallman. GNU/Linux како движење нема централна структура, бирократија или други ентитети на раководство. Оваа ситуација нуди многу предизвици, но исто така и постојана потреба човечки ресурси, квалитетно застапување на идеите, односи со јавноста, како и образование и помагање на крајни корисници. Ова упатство се заблагодарува до [[Фондација за слободен софтвер|Фондацијата за слободен софтвер]] (ФСС) и GNU проектот како суштинска мотивирачка сила која стои зад создавањето и одржувањето на GNU/Linux дистрибуции. „Дистрибуции“ се однесува на GNU оперативниот систем поставен врз Linux јадрото како „GNU/Linux“. Да, терминот е чуден и барањето на ФСС за користење на истиот не е широко прифатено, но праведноста на тврдењето на ФСС е очигледна.

Зошто GNU/Linux е посебен?

Веројатноста да се смени суштинската структура на GNU/Linux како оперативен систем е мала. Тоа е позитивно и прецизно за луѓе кои постојано менуваат оперативни системи. Слободните програмери се среќни програмери се ефективни програмери. Сепак слободното функционирање на Linux системите може да ги збуни новите корисници, на кого да се обратат за помош, кој да им покаже како функционираат работите и кој да ги образова во таа насока? Како корисникот ќе знае која GNU/Linux дистрибуција е добра за него? Во тој дел, ГКЛ овозможуваат одговори, што кажува дека ГКЛ се витални и суштински за движењето на слободен софтвер. Ако Вашиот град, населено место или метропола нема канцеларија за поддршка на корисници на GNU/Linux можеби е вистинско време да се оформи група на корисници за поддршка при работа со GNU/Linux и воопшто слободен софтвер. GNU/Linux е посебен поради тоа што не е контролиран од централизирана структура или бирократски организации кои ќе ги црпат неговите ресурси, помагаат на неговите корисници и поддржуваат производи за него. Овие активности се обавуваат на други начини, Интернет, предавања, компании за поддршка, факултети, универзитети и сл. Сепак, најчесто овие активности ги обавуваат локалните ГКЛ.

Што е корисничка група?

Групите на корисници на компјутери не се ништо ново. Впрочем тие завземаат суштинска улога во историјата на персоналните компјутери (PC). Микро-компјутерите се развија како потреба за задоволување на барањата за домашен ефтин компјутер со лесен пристап до него од страна на хобисти и електроничари од тоа време. Гигантите како IBM открија дека PC може да биде добар извор на профит, но сепак основата и движечката сила дојдоа од обичните луѓе. ВО САД, групите на корисници со текот на времето се менуваа, некои на полошо некои на подобро. Беа забележани финансиски проблеми и распуштањето на една од најголемите група на корисници што постоела, Босонското компјутерско друштво. Сепак низ многу кориснички групи беа напуштени од нивните членови. Американските кориснички групи во нивниот расцут создаваа дискусиони групи и поштенски листи, го контролираа споделувањето на софтверот и дискетите со софтверски бибилиотеки, одржуваа состаноци и општествени случувања и, понекогаш, беа одговорни за електронски огласни табли (e-BBS) . Со развојот на Интернет, многу услуги што корисничките групи го нудеа се префрлија на мрежата. Раширувањето на GNU/Linux коинцидираше и беше интензивирано со општото прифаќање на Интернетот. Како што Интернет стануВаше се попопуларен, така се повеќе се пробиВаше и GNU/Linux. Мрежата доведе до пораст на бројот на корисници, равивачи и продавачи на компјутери кои поддржуваа Linux системи. Па така, истата сила која ги доведе групите на корисници на минимум, го стимулираше развојот на GNU/Linux и инспирираше создавање на нови групи кои ќе се занимаваат со негова поддршка. Мала забелешка за тоа како ГКЛ се разликуваат од обичните кориснички групи: обичните кориснички групи мора стриктно да следат каков софтвер се споделува на нивните состаноци од нивното членство. Иако споделувањето на пиратски неслободен софтвер практично и постоеше, сепак тоа не беше охрабрувана активност на членовите на корисничките групи. На состаноците на ГКЛ пак, тоа воопшто не се применува. Напротив, неограничено копирање и споделување на копии на GNU/Linux треба да е една од целите на ГКЛ. Впрочем постои една анегдота која вели дека традиционалните групи на корисници имаат потешкотија во прифаќањето на тоа дека GNU/Linux треба да се споделува според законот на слободната волја. (Ризик од ова: Неколку дистрибуции пакуваат GNU/Linux систем со неслободен софтвер чии услови за користење не дозволуваат јавно редистрибуирање. Проверете ги условите опишани во лиценцата на дистрибуциите. Барања или понуди за копирање и редистрибуирање на дистрибуции со неслободен софтвер од било кој тип не треба да биде охрабрено од ГКЛ, од правна гледна точка.

Заклучок

За да расте движењето за GNU/Linux во светот, покрај другите услови кои ГКЛ треба да ги задоволуваат е и нивното проширување и успех. Поради тоа што GNU/Linux за новите корисници има необична природа, ГКЛ мора да овозможат некои од услугите што регионалната канцеларија за поддршка на корисници отворена од IBM, Microsoft или Sun, би ја овозможила. ГКЛ треба и мора да ги обучи, да им даде поддршка и да ги образува корисниците, да се координира со консултантите за GNU/Linux, да ги застапува идеите на GNU/Linux како компјутерско решение па дури и одржува постојана врска со локалните медиуми.

Кои ГКЛ постојат денес?

Со оглед на тоа што овој документ е наменет да служи како водич за одржување и раширување на ГКЛ, па и нивно оформување, пред да продолжиме потребно е да видиме кои се ГКЛ постојат денес.

Листа на ГКЛ

Постојат неколку ГКЛ до кои може да се пристапи преку мрежата. Ако имате план да оформите ГКЛ, Вашата прва задача е да се поврзете со најблиската локална ГКЛ. Можеби и подобро ќе биде да се зачлените во веќе оформена и функционална група во Вашето населено место отколку да оформите нова. До 2007г. регистрирани се ГКЛ во сите 50 сојузни држави во САД, сите провинции во Канада и нејзините три територии, сите шест сојузни држави во Австралија плус територијата на главниот град на Австралија, во 76 локации во Индија, како и во преку 100 други земји, вклучувајќи ги Русија, Кина, Македонија и повеќето земји од западна и источна Европа. ГКЛ Низ светот (LUGs WorldWide) Linux Onlina – Листа на групи на корисници на Linux LinuxHQ групи на корисници Red Hat армија на пријатели Групи на корисници на GNU на Фондацијата за слободен софтвер Open Directory: ГКЛ Категорија на Википедија:Групи на корисници на Linux Yahoo Linux > Групи на корисници на Linux Круг на ГКЛ O'Reilly групи на корисници на Linux Магазин LinuxForYou ГКЛ листа од Индија CLUE: Канадска размена на корисници на Linux Групи на корисници на Linux од UK Linux Австралија Linux Индија Италијанска група на корисници на Linux

Солидарност спроти удобност

Додека многу од листите на ГКЛ на Интернет добро се одржуваат, најчесто не ги прикажуваат сите ГКЛ во светот. Доколку размислувате да оформите ГКЛ, Ви предлагаме да стапите во контакт со некоја од излистаните ГКЛ, или да пристапите кон comp.os.linux.announce, comp.os.linux.misc или соодветна Usenet група за одредена ГКЛ. Исто така треба да поднесете барање (преку поштенска листа или директно на состанок) за соработка со локална ГКЛ која ја познавате или сте дел од. Доколку таква не постои, порака до поштенските листи би ги известила другите корисници за оформувањето на нова ГКЛ и повикала да ви се прирдужат. Внимателно избалансирајте ја удобноста и солидарноста што ја пружате. Ако постои ГКЛ во Вашиот град, но на сосема друг дел од градот, оформувањето на ГКЛ би била добра поради олеснување на работата на корисниците што живеат во Вашиот дел од градот. Од друга страна, пристапувањето кон друга ГКЛ би било добро поради единство и солидарност. Поголем број членови значи поголема моќ, влијание и ефективност. Две групи од по 100 членови би било добро, но уште подобро би било една со 200 членови. Се разбира ако живеете во мал град или село, било каква група е подобро од никаква. Поентата е дека оформувањето на ГКЛ е значајна одговорност кон која треба сериозно да се пристапи преку соработка и почит кон веќе оформени групи кои функционираат успешно.

Која е работата на Групите на корисници на GNU/Linux?

Целите на ГКЛ с разликуваат за секое место на делување. Не постои ГКЛ со централен план ниту пак целта на овој документ е да ве снабди со тоа. Запомнете: GNU/Linux е ослободен од бирократската и централизирана контрола, па така и ГКЛ. Сепак е можно да се дефинираат главни цели и задачи на ГКЛ: адвокатура (застапување на идеите на GNU/Linux), обраозвание, поддршка и социјализација на корисници.

Секоја ГКЛ ги комбинира овие и некои други цели на посебен начин, во однос на потребите на нејзините членови.

Застапување на GNU/Linux

Потребата да се застапуваат идеите на GNU/Linux се чувствува насекаде. Кога ќе најдете нешто што функционира добро, сакате да им кажете на колку што е можно повеќе луѓе за тоа. Улогата на ГКЛ во застапувањето на овие идеи не треба да се занемарува, со оглед на тоа што комерцијалната поддршка на Linux системите сеуште не е на задоволително ниво. Исто како што добриот новинар придонесува за заедницата со своите статии за GNU/Linux, така и корисниците придонесуваат со тоа што им кажуваат на своите другари, колеги, соработници или работодавци. Постои ефеиктивно застапување и не ефективно негативно критикување: како корисници ние секогаш мора да бидеме внимателни при застапувањето на идеите на GNU/Linux, од аспект доближување на позитивните страни на движењето и системот, неговите создавачи, развивачи и корисници. Упатството за Linux застапување достапно на сајтот за Linux документација, ви дава предлози за ефективно застапување и презентирање на Linux, како и есејот на Don Marti. Доволно е да се нагласи важноста на застапувањето на идеите на GNU/Linux во работата на ГКЛ. Можеби ќе дојде време кога ова застапување и нема да биде многу битно, затоа што GNU/Linux горе-долу стана победник уште кога фразата „нема да бидете отпуштени ако користите Linux“ стана реалност. Дотогаш, ГКЛ ќе играат витална улога во промовирањето на употребата на GNU/Linux. Тоа затоа што нивната работа е волонтерска, со добри намери и поддржана со организациска посветеност. Доколку корисникот на компјутери се сретне со Linux преку напорите на ГКЛ, тогаш тој веќе ги искусил придобивките од групата: Тој познава организација која ќе му помогне да инсталира, конфигурира и да го одржува неговиот GNU/Linux систем, без разлика на каков компјутер сака да го користи. Новите корисници кои веќе стапиле во контакт со ГКЛ се многу понапред од тие чии интереси за GNU/Linux се иницирани од компјутерски новинар и кои немаат каде да се обратат за помош при потреба од инсталација, користење и изучување на GNU/Linux. Затоа, многу важно е ГКЛ да ги застапуваат идеите на GNU/Linux, затоа што нивното залагање е ефективно, поддржано од членовите и бесплатно.

Граници на залагањата

Застапувањето може да вроди со спротивен ефект и да биде контра-продуктивно. Тоа може да биде несоодветно во одредени ситуации. Потребна е внимателна посветеност за да се избегне залудно потрошено време или полоши ситуации. Многу обиди за застапништво на идеите на GNU/Linux пропаѓаат затоа што застапниците не успеваат да ислушаат што им е потребно на другите и кои се нивните потреби. (Како што вели Eric S. Raymond, „Повикувајте се на интересите и вредностите на корисниците, не на своите“) Ако корисникот е решен да користи неслободен оперативен систем, тогаш залагањето за употреба на GNU/Linux се залудни и ви го трошат Вашето и времето на корисникот. Ако неговите барања се MS-Project, MS-Visio и Outlook/Exchange, тогаш обидите да му „продадете“ нешто за кое не е заинтересиран ќе му здодеат на сите околу вас (без разлика дали нејзината листа на барања може да се замени со алтернативен софтвер). Заштедете го времето за некој по приемчив. Покрај тоа, имајте на ум дека за многу луѓе застапник на нешто би значело и продавач на услуги, па така вие веднаш би биле оквалификувани како некој што треба да се одбие отколку внимателно сослуша. Никогаш не слушнале за некој кој сака да им посочи користење на некој софтвер без да има финансиска добивка, па така сметаат дека сепак мора да има нешто и за вас и ќе ве одбијат преправајќи се дека ви прават услуга со тоа што не ве сослушуваат. Препорачливо е да ги приземјите таквите дискусии веднаш со потенцирање на тоа дека Вашата софтверска политика се базира на интересите на корисниците и дека Вашата добивка од нивниот чилен избор е нула, и дека има многу попаметни работи кои сакате да ги правите отколку да зборувате пред неприемчива публика. Потоа, ако сеуште се заинтересирани нема повторно да треба да се борите со вештачки создадените пречки. Истовремено, осигурајте се дека нема да оставите впечаток на личност стеротип на застапниците на некои други оперативни системи. Објавување на Вашите ставови пред некој без негова покана и желба е грубо и навредливо. Згора на се тоа би било и бесцелно, имајќи ја во предвид природата на GNU/Linux. За разлика од другите неслободни оперативни системи, нашиот систем никогаш нема да замре или да живее поради нивото на искористеност и одржувањето на некои апликации. Сите негови апликации треба да се слободен софтвер, заедницата на програмери која ги одржува овие апликации е само-поддржана и ќе напредува цврсто без разлика дали бизнис светот и општата јавност користи или не користи GNU/Linux. Поради условите на лиценцата за слободен софтвер, изворниот код е постојано достапен. GNU/Linux не може да се „отстрани од пазарот“ поради недоволна популарност или поради каприциозноста на некоја компанија. Според тоа, не постои причина за строго и насилно застапување на овие идеи, за разлика од некои други заедници на оперативни системи што ќе може да ги споменеме. (Направете ги информациите слободни за сите што сакаат да ги восприемат и застанете таму! Тоа ги задоволува потребите на секоја разумна личност). На крај, разберете дека терминот „употребна вредност“ за софтверот е сосема непознат за повеќето луѓе. Овој термин означува проценување на вредноста на софтверот според тоа што се можете да правите со него. Навиката за проценување на нештата според acquisition cost е длабоко всадена во луѓето. Во 1996г. слушав едно младо момче од Caldera Systems како зборува на Беркли, од Калифорниската ГКЛ. за потеклото на Caldera Network Desktop (првичното име на нивната GNU/Linux дистрибуција) во Novell-овиот проект за оперативен систем за крајни корисници: при анкетирањето на шефовите и водачите на компании и фирми се дошло до заклучок дека тие се прилично незадоволни за нешто што може да го добијат бесплатно. Па Caldera им понуди решение – почна да им наплаќа за услугите. Гледано од оваа перспектива, да се биде конзервативен во однос на цената и потешкотиите со примената на GNU/Linux неа ја прави многу попривлечна -- и ја штити Вашата веродостојност како претставник. Уште подобро би било дискусијата да се насочи кон цената во однос цена на функционалноста (пр. електронска пошта на компанија со 1000 вработени која е поврзана на интернет, со можност за офлајн корисници и веб-пошта) наместо да се поставува софтверот во позиција исто како на полица со цени во продавница: најпосле, било кој софтвер има своја цена, дури и ако цената на добивање е нула и вистинската цел на софтверот со отворен код не е почетната цена, туку долготрајната контрола врз информатичката технологија -- клучен дел од дејствијата на поединецот: со комерцијалните системи корисникот ја има изгубено контролата врз информатичката технологија и е на полошата страна во монополската врска. Со софтверот со отворен код контролата е во корисникот и никој не може да го одземе тоа. Вака објаснато (како можност за намалување на ризикот на контрола врз информатичката технологија), луѓето веќе ја разбираат разликата -- особено директорите -- дека се позначајни цените на подолг временски период, наместо цените при купување на софтверот.

GNU/Linux образование

Застапувањето на идеите за GNU/Linux не е единствената обврска на ГКЛ, исто така тие треба да се грижат и за обучување на членови и корисници, како и компјутерската јавноста блиска на групата, да користат Linux системи и софтвер поврзан со него. Тоа би било цел која може да направи светска разлика во локалното населено место. Додека универзитетите и колеџите наголемо го ставаат GNU/Linux во нивните агенди, од различни причини тоа можеби нема да повлијае врз некои корисници. За нив, ГКЛ може да одржат основни или напредни курсеви за системска администрација, програмирање, Интернет и интранет технологии итн. Иронично но вистинито, многу ГКЛ испаднале срж на многу корпорации кои нудат поддршка, секој работник кој знаењето го стекнува од локалната ГКЛ е работник помалку што компанијата треба да го обучи. Иако домашата администрација на GNU/Linux не се споредува со работата на големите корпорации, се работи за разлика во светлосни години подобра подготовка отколку искуството со MS-Windows. Како што напредувал Linux во областа на датотечните системи, високите побарувања, риал-тајм екстензии и други високо потребни можности на Unix, тенката одвоеност помеѓу GNU/Linux и „вистинските“ Unix системи значително исчезна. Ваквата обука не е само тренинг за работници, но исто така служи и како сервис за граѓаните, со оглед на тоа колку брзо напредува информатичката технологија. Во метрополите во САД, ГКЛ го воведоа GNU/Linux во локалните училишта, малите бизниси, заедници и социјални организации и други некорпорациски установи. Со тоа се усогласуваат застапувањето на идеите и се врши глобално образование за јавноста. Колку повеќе компании бараат застапеност на Интернет или пристап за нивните работени до dial-in услуги како и други можности релевантни за GNU/Linux, ГКЛ добиваат можности за во влез во јавни заедници преку напорите за образување и обука па се до проширување на идеологијата на GNU/Linux и слободниот софтвер за сите кои се заинтересирани да ја прифатат. Повеќето корисници можеби и не знаат да програмираат како Torvalds, но сите ние можеме да помогнеме на други корисници, целата заедница и други слични заедници. GNU/Linux совршено одговара за ваквите организации, затоа што примената не ги обврзува да плаќаат скапи лиценци, надоградби или услуги за одржување. Технички елегантен и економичен, GNU/Linux работи на речиси сите хардверски компоненти кои непрофитните организации би биле среќни да ги користат. Пентиум 2 кој стои затворен во плакарот може навистина да заврши голема работа, ако некој инсталира GNU/Linux на него. Како дополнување, обуката може да им помогне на други ГКЛ да ги реализираат своите цели, особено во делот за поддршката. Подобро образование значи подобра поддршка, што во голема мера го олеснува образовниот процес, и го олеснува порастот на заедницата. Така, образованието е темел на сите напори. Кога само два или три проценти од ГКЛ сметаат дека дополнителна поддршка за останатите членови е потешкотија, порастот на таа група ќе згасне. Една работа која треба да ја имате во предвид: Ако новите и неискусни корисници не ја добијат бараната помош од нивната група, веројатно повеќе нема да бидат дел од неа. Ако поглем процент на членови ги поддржуваат останатите, ГКЛ нема да се соочи со ограничување и намалување на членството. Образованието и, подеднакво важната, поддршка за софтверски проекти како серверот Apache, X.org, Freedesktop.org, Tex, Latex, итн. е клучно во таа насока. Образованието од новите корисници прави искусни корисници. Сепак, GNU/Linux е само-документиран систем, што значи дека документирањето и пишување на помошни текстови за нашата заедница зависи од сите нас. Погрижете се сите членови од групата да се запознаат со Проектот за упатства за GNU/Linux. Исто така погрижете се да објавувате содржини за тој проект, на comp.os.linux.announce, и за други извори на информации кои ќе опфатат теми поврзани со работата на Вашата група: технички презентации, упатства, често поставувани прашања, итн. Документите што ги пишуваат ГКЛ најчесто не им користат на светската заедница поради тоа што тие нема од каде да дознаат за нив. Не дозволувајте тоа да се случи. Постои голема веројатност ако некој од групата имал проблем, да постои и некој друг во заедницата со истиот проблем.

Поддршка за GNU/Linux

Се разбира, за новиот корисник главната улога на Групите на корисници на GNU/Linux (ГКЛ) е поддршката за GNU/Linux, но се греши кога се мисли дека треба да се нуди само техничка поддршка за нови корисници. Поддршката опфаќа многу повеќе. ГКЛ имаат можност да нудат поддршка за: корисници консултанти бизниси, непрофитни организации и школи движењето за GNU/Linux

Корисници

Новите корисници на GNU/Linux се жалат, дека штом почнат да го користат системот се соочуваат со тешкотиите на карактеристичните Unix-оидни системи. Меѓутоа кога тоа ќе го совладаат, се добива моќ и флексибилност на вистински оперативен систем. ГКЛ често е единствениот и главен ресурс за знаење и совладување на угорнините на новиот систем. Во текот на првата декада од развојот на GNU/Linux, тој се здоби со многу медиумски ресурси каде се објавуваат информации кои не треба да се изостават: главните месечни магазини за овој систем се Linux Journal и Linux Gazette. Покасно се појавуваат и LinuxFocus (онлајн), Linux Format, LinuxUser and Developer, Linux Magazine, како и Linux For You. Истакнати онлајн магазини со неделни или уште почести изданија се Linux Weekly News, DistroWatch Weekly, Linux Today, FreshNews, и Newsforge. Сите овие ресурси ја олеснуваат работата на ГКЛ за ширењето на суштинските новости и информации за системот, за поправени грешки, безбедносни закрпи, нови верзии на јадрото, итн. но сепак и самите корисници треба да бидат што е можно позапознати со нив и да им се каже дека нови верзии на јадрото има на ftp.kernel.org, дека на онлајн сајтот на Linux Documentation Project има понови верзии на Упатствата за GNU/Linux отколку на некое застарено CD итн. Понапредните и искусните корисници исто така можат да имаат придобивки од распространети совети и факти за работа со системот. Поради многукратните аспекти на GNU/Linux во светот, дури и напредните корисници често учат нови трикови и техники преку земање активно учество во ГКЛ. Често дознаваат за софтверски пакети за кои дотогаш не чуле, а често и се потсетуваат на некои напредни команди кои не ги имаат користено уште од на факултет.

Советувалишта

LUGs can help consultants find their customers and vice-versa, by providing a forum where they can come together. Consultants also aid LUGs by providing experienced leadership. New and inexperienced users gain benefit from both LUGs and consultants, since their routine or simple requests for support are handled by LUGs gratis, while their complex needs and problems -- the kind requiring paid services -- can be fielded by consultants found through the LUG. The line between support requests needing a consultant and those that don't is sometimes indistinct; but, in most cases, the difference is clear. While a LUG doesn't want to gain the reputation for pawning new users off unnecessarily on consultants -- as this is simply rude and very anti-GNU/Linux behaviour -- there is no reason for LUGs not to help broker contacts between users needing consulting services and professionals offering them. Caveat: While "the difference is clear" to intelligent people of goodwill, the Inevitable Ones are also always with us, who act willfully dense about the limits of free support when they have pushed those limits too far. Remember, too, my earlier point about the vast majority of the population valuing everything at acquisition cost (instead of use value), including what they receive for free. This leads some, especially some in the corporate world, to use (and abuse) LUG technical support with wild abandon, while simultaneously complaining bitterly of its inadequate detail, insufficient promptness, supposedly unfair expectations that the user learn and not re-ask minor variations on the same question endlessly, etc. In other words, they treat relations with LUG volunteers the way they would a paid support vendor, but one they treat with zero respect because of its zero acquisition cost. In the consulting world, there's a saying about applying "invoice therapy" to such behaviour: Because of the value system alluded to above, if your consulting advice is poorly heeded and poorly used, it just might be the case that you need to charge more. By contrast, the technical community has often been characterised as a "gift culture", with a radically different value system: Members gain status through enhanced reputation among peers, which in turn they improve through visible participation: code, documentation, technical assistance to the public, etc. Clash between the two very different value-based cultures is inevitable and can become a bit ugly. LUG activists should be prepared to intercede before the ingrate newcomer is handed her head on a platter, and politely suggest that her needs would be better served by paid (consultant-based) services. There will always be judgement calls; the borderline is inherently debatable and a likely source of controversy. Telltale signs that a questioner may need to be transitioned to consulting-based assistance include: An insistence on getting solutions in "recipe" (rote) form, with the apparent aim of not needing to learn technological fundamentals. Asking the same questions (or ones closely related) repeatedly. Insisting on private assistance from helpers active in public (GNU/Linux community) forums. Vague problem descriptions, or ones that change with time. Interrupting answers in order to ask additional questions (suggesting lack of attention to the answers). Demands that answers be recast or delivered more quickly (suggesting that the questioner's time and trouble are valuable, but that helpers' are not). Asking unusually complex, time-consuming, and/or multipart questions. In general, LUG members are especially delighted to help, on a volunteer basis, members who seem likely to participate in the "gift culture" by picking up its body of lore and, in turn, perpetuating it by teaching others in their turn. Certainly, there's nothing wrong with having other priorities and values, but such folk may in some cases be best referred to paid assistance, as a better fit for their needs. An additional observation that may or may not be useful, at this point: There are things one may be willing to do for free, to assist others in the community, that one will refuse to do for money: Shifting from assisting someone as a volunteer fundamentally changes the relationship. A fellow computerist who suddenly becomes a customer is a very different person; one's responsibilities are quite different, and greater. You're advised to be aware, if not wary, of this distinction. Please see Joshua Drake's Linux Consultants Guide for an international list of GNU/Linux consultants.

Бизниси, непрофитни организации и училишта

Групите на корисници на GNU/Linux ја имаат можноста да поддржуваат мали локални претпријатија и организации. Тоа би била поддршка од два аспекти: прво, ГКЛ можат да даваат поддршка на претпријатија и организации кои сакаат да го користат овој оперативен систем (и апликациите кои доаѓаат со него) за задоволување на нивните потреби и второ, ГКЛ можат да поддржуваат локални претпријатиа и организации кои развиваат софтвер за дистрибуирање до корисниците, да инсталираат дистрибуции итн. Поддршката која ГКЛ можат да ја обезбедат на претпријатија кои сакаат да користат GNU/Linux за нивните потреби се разликува многу малку од поддршката која ГКЛ ја обезбедуваат на индивидуи кои сакаат да пробаат GNU/Linux за домашно користење. На пр., процесот на компајлирање на јадрото не се разликува многу од дистрибуција до дистрибуција. Од друга страна, обезбедување на поддршка за претпријатија може да значи и поддршка за неслободен софтвер, Oracle, Sybase, и DB2 бази на податоци (или VMware, Win4Lin, и др.). Стручноста на ГКЛ во некои од овие области може да им помогне на претпријатијата да го направат чекорот кон пуштање во употреба на GNU/Linux дистрибуции. Ова води до вториот вид на поддршка која една ГКЛ може да ја даде на локалните претпријатија. ГКЛ можат да служат како центар за најразлични информации од областа на слободниот софтвер. На пример: Кој локален ISP поддржува GNU/Linux? Дали има продавачи на компјутери кои нудат конфигурации со GNU/Linux? Дали локално можат да се набават CD-ањ со GNU/Linux дистрибуции? Одржувањето и објавувањето на овој тип на информации во јавноста не само што им помага на членовите на ГКЛ, туку им помага и на претпријатијата кои поддржуваат GNU/Linux и ги охрабрува да продолжат да го поддржвуаат овој систем. Исто така, во некои случаи, може да помогне да се создаде конкурентна атмосфера во која и други претпријатиа би биле охрабрени да преминат кон GNU/Linux.

Развивање на слободен софтвер

Конечно, ГКЛ можат да го поддржуваат движењето со солидизирање и организирање на добротворно финансирање.

Крис Браун за филантропството во слободниот софтвер

Понатамошно инволвирање на повеќе претпријатија може да биде со охрабрување на компаниите кои на некој начин се поврзани со да го спонзорираат со давање на финансиска поддршка. Со повеќето милиони корисници, возможно е дарежливите корисници да донираат мала сума на пари. Со милиони корисници, и сума на пари од околу 100 долари (што е мал дел од парите кои ќе се заштедат од избегнатото надградување на Windows системот), можно е да се соберат околку 100 милиони долари кои ќе се искористат за создавање на подобрени алатки и апликации. Корисничка група може да ги охрабри своите членови да придонесат кон различни проекти. Олеснувањето од данок за корисниците кои што донираат може да ги охрабри корисниците да донираат, при што донациите можат да се споделат со други организации. Доколку е возможно, во секој случај, да се охрабруваат членовите на ГКЛ да придонесуваат кон проекти кои тие лично сакаат да ги поддржат. Во ова поглавје се споменати можни кандидати за таа цел. Ниеден проект не е посебно препорачан, но листата има голем избор на проекти кои можете да ги изберете. Многу од нив се регистрирани како добротворни организации во САД, со тоа што спонзорите се ослободени од данок. Организациите чии активности се насочени кон развивање на софтвер за GNU/Linux се : The Linux Foundation (Linux фондацијата) Linux International Development Grant Fund Donations (Интернационален фонд за развивање на Linux) Debian/Software In the Public Interest (Дебиан/Софтвер од јавен интерес) Free Software Foundation (Фондацијата за слободен софтвер) KDE Project (KDE проектот) GNOME Foundation (GNOME фондацијата) Придонесите до овие организации имаат директен ефект со поддржувањето на создавање на слободен софтвер кој се користи под GNU/Linux. Денар по денар, таквите придонеси секогаш добиваат поголемо значење од било како друг вид на придонеси. Исто така, постојат и организации кои што се помалку поврзани со GNU/Linux, но на кои помошта им е добредојдена, како на пример. The Electronic Frontier Foundation Базирана во Сан Франциско, EFF е организација поддржувана од донации која работи на заштита на основните човекови права без разлика на технологијата; да го едуцира печатот, политичарите, и широката јавноста за проблемите на граѓанската слобода во врска со технологијата; и да делува како бранител на тие права. Покрај другите активности, EFF се противи на погрешно водено законодавство, започнува и брани судски случаи зачувувајќи ги граѓанските права, организирање на глобални кампањи, претставување на напредни предлози и решениа, домаќин е на различни едукативни настани, се појавува во печатот редовно и објавува опсежна архива на информации во врска со дигиталните цивилни слободи на еден од најлинкуваните сајтови во светот. The LaTeX3 Project Fund Групата на корисници на Tex (TUG) работи на следната генерација на LaTex издавачкиот систем, познат како LaTeX3. GNU/Linux е една од платформите каде што LaTex Tex се најдобро поддржани. Донации за проектот можат да се пратат на: TeX Users Group c/o Robin Laakso, executive director TeX Users Group PO Box 2311 Portland, OR 97208-2311 Алтернативно, донациите можат да се направат преку Интернет. Project Gutenberg Целта на проектот Гутенберг е да се направат литературните творби од јавниот домеин слободно достапни во електронска форма. Ова не е поврзано со GNU/Linux, но изгледа доста веројатно, бидејќи членовите на проектот пропагираат платформска независна, што значи дека литературните творби ќе бидат добро поддржани под GNU/Linux. Open Source Education Foundation Целта на Open Source Education Foundation е да го зголеми нивото на образование со користење на технологии и концепти од движењето за слободен софтвер. Со партнерство со Tux4Kids, OSEF создала бутабилна дистрибуција на GNU/Linux (Knoppix for Kids), базирана на Кнопикс(Knoppix), наменета за деца, учители, родители, и други кои се инволвирани во школскиот процес. OSEF инсталира и поддржува школски компјутерски лаборатории, и има развиено "K12 Box" компактен PГКЛ and Play компјутер наменет за работа во студентските лаборатории. PingoS e.V. PingoS e.V. е регистрирано непрофитно друштво чија цел е промовирање на употребата на GNU/Linux во училиштата. Секое германско училиште може да ја искористи неговата бесплатна поддршка за GNU/Linux, и членовите на PingoS e.V држат презентации за GNU/Linux во училиштата. Исто така PingoS e.V. е водачот на SelfLinux, проект кој има за цел да создаде сеопфатна и слободна документација за GNU/Linux и слободниот софтвер на германски јазик. Open Source Applications Foundation Open Source Applications Foundation е непрофитната фондација на Мич Капор(Mitch Kapor) која има за цел да создава слободни апликации со голем квалитет, почнувајќи со неговиот менаџер за лични информации, Chandler. (Ве молиме забележете дека препорачани додатоци во листата на добротворни организации кои не се поврзани со GNU/Linux е добредојдена)

GNU/Linux движењето

Со ова упатство Ве упатуваме како го гледаме GNU/Linux движењето. Не постои подобар начин да се објасни интернационалниот GNU/Linux феномен: Тоа не е бирократија, но е организиран. Не е корпорација, но е важна за бизнисот насекаде. Најдобриот начин за една ГКЛ да помогне на интернационалната заедница е да ја задржи локалната заедница стабилна, активна и растечка. GNU/Linux е интернационално развиван, што е лесно да се види доколку се прочитаат имињата на развивачите, но GNU/Linux е исто така и интернационално користен. Постојаното растење на бројот на корисниците е клучот на постојаниот успех на GNU/Linux, и тука ГКЛ се најзначајни. Силата на движењето интернационално лежи во понудата на Голема компјутерска моќ, напреден софтвер, ниска цена и слобода. Клучните работи се вредноста и независноста од контрола на сопственици. Секој пат кога нова личност, група, претпријатие или организација ја искуси големата вредност на GNU/Linux, заедницата расте. ГКЛ помагаат тоа да се случи.

Социјализирање на GNU/Linux

Исто важна цел на ГКЛ е и социјализирање, на некој начин најтешката цел која сеуште е тема на дискусии поради тоа што не се знае колку и во кој степен ГКЛ го прават тоа. Додека постојат групи кои не успеваат да ја остварат таа цел, има многу ГКЛ за кои пак социјализирањето не е фактор. Се чини дека кога два или повеќе корисници на GNU/Linux ќе се здружат, забавата, безгрижноста и се разбира пивото, се неизбежни. Linus Torvalds секогаш целеше кон една главна цел кога работеше на Linux: забавата. За хакерите, дебагерите на јадрото и корисниците на GNU/Linux, нема ништо поинтересно од симнување на ново јадро, рекомпајлирање на старо, забавување со менаџерот за прозорци или хакирање на нечиј код. Големата доза на забава кај GNU/Linux е суштина за одржување на ГКЛ и води кон нивна созијализација. Под терминот „социјализирање“, се подразбира споделување на искуства, ширење познанства и меѓусебна почит и разбирање. Исто така има и друго значење, кое некои модерни социјлози го нарекуваат модернизација. Во секое движење, институција или човечка заедница, постои потреба за некој процес или шема за настани според кои, кога зборуваме за GNU/Linux, новие членови стануваат искусни хакери. Со други зборови, модернизацијата Ве претвора од „еден од нив“ во „еден од нас“. Многу е важно новите корисници да се запознаат со културата на GNU/Linux, концептите, обичаите и вокабуларот кој се користи. Модернизацијата со GNU/Linux, за разлика од модернизацијата во „вистинскиот живот“, може да се случи по поштенски листи и Usenet, иако ова второво не е сигурно поради непрофесионални корисници и спам пораки. ГКЛ често се поефикасни за разлика од поштенските листи или дискусиони групи, затоа што на поштенските листи и дискусиони групи често корисниците тргнуваат од личниот фокус.

Активности на групата

Во претходните поглавја се фокусиравме ексклузивно на тоа што ГКЛ прават и што треба да прават. Ова поглавје се фокусира на практични стратегии. Покрај измените во формата, постојат две основни работи што ГКЛ ги прават: Прво, членовите се среќаваат во физички простор и второ, комуницираат на Мрежата. Речиси се што ГКЛ прави може да се види на состаноци и на нивните интернет ресурси.

Состаноци

Како што е и претходно наведено, физичките собири и состаноци се синоним за ГКЛ (и за останатите кориснички групи). ГКЛ ги имаат следниве типови на собири:

  • јавни/општествени
  • технички презентации
  • информативни групи за дискусија
  • дел од групата задолжена за бизнис
  • конфигурирање и поправање на пропусти

Што прават ГКЛ на овие собири?

  • Инсталираат дистрибуции за новите корисници и непознати лица
  • Ги учат членовите како да работат со GNU/Linux
  • Прават споредби на GNU/Linux со другите оперативни системи
  • Дискутираат за делувањето
  • Дискутираат за движењето за слободен софтвер
  • Бизнис-дискусии
  • Јадат, пијат и се веселат!

Онлајн ресурси

Комерцијалниот развој на Интернет на некој начин се совпадна со тој на GNU/Linux. Првото му должи нешто на претходното. Мрежата отсекогаш била важна за развојот. ГКЛ не се исклучок: речиси сите имаат Веб страни, ако не и цели сајтови. Впрочем, речиси е невозможно да најдете ГКЛ ако не се на Мрежата. Сето тоа кажува, дека е логично ГКЛ да ги искористува Интернет технологиите колку што можат: Вебсајтови, поштенски листи, Вики сајтови, ftp сервери, е-пошта, форуми, дискусиони групи итн. Како што и комерцијалниот свет открива, Мрежата е прекрасна и ефективна можност за рекламирање, информирање, образување, па дури и продажба. Друга причина поради која ГКЛ интензивно користат Интернет технологии е овозможувањето и имплементирањето на овие технологии во самиот GNU/Linux. Па така, не само што групата им помага на корисниците и членовите, туку помага за воспоставување на Интернет технологиите во самиот систем што покасно може да се искористи од други корисници. Добро одржуван Вебсајт е задолжителен, покрај другите Интернет ресурси. Следуваат неколку препораки:

  • Имајте Веб страна или целосен Вебсајт
  • Дизајнирајте го Вашиот Вебсајт да е лесен и пристаплив за сите
  • Страната да има лесна и јасна адреса (читлива)
  • Одредете место за чести собири и состаноци
  • Дефинирајте време за одржување на состаноците
  • Избегнувајте недоразбирања за времето во кое е договорен собирот
  • Треба да се потрудите состаноците да се одржат по планот, без отстапки
  • Формирајте јадро од неколку ентузијасти и амбициозни корисници
  • Вон-Интернет методи за комуникација
  • Зачленете се на поштенските листи на ГКЛ и вршете редовни известувања
  • Секогаш вклучувајте го денот на настанот кога нешто треба да се одржи. Бидете сигурни кога го наведувате датумот.
  • Ставете редовни известувања за поглавните настани на Вебсајтот на групата;
  • Објавете мапи со насоки за местото на одржување на некој настан
  • Ставете акцент на тоа дека Вашите состаноци и собири се бесплатни и отворени за секого
  • Објавете е-пошта или форма за контакт преку кој корисниците и заинтересираните луѓе ќе можат да Ве контактираат
  • Ставајте врски со препораки за други сајтови
  • Осигурајте се да секоја вест објавена на сајтот има дата на објавување
  • Проверувајте ги сите врски на одредено време
  • Можеби ќе треба да отворите и поштенска листа за групата
  • Практикувајте го тоа што го преповедате (користете GNU/Linux за сите компјутерски потреби на групата)

Групи на корисници на GNU/Linux кои квалитетно ги користат Интернет можностите:

Практични совети

Конечно, еве неколку практични, дури задолжителни совети за секој кој сака да оформи и да одржува Група на корисници на GNU/Linux (ГКЛ):

Организации за поддршка на ГКЛ

На времето постоеја голем број организации кои нудеа помош за ГКЛ. Една од најголемите е сеуште активна Tux.Org:

  • Tux.Org е организација која ги става под ист покрив ГКЛ и проектите за развој на слободен софтвер, со што овозможува подобра меѓусебна соработка, веб решенија, поштенски листи, огледала на популарни софтверски пакети и експертиза за одржување на одредени настани организирани од некоја ГКЛ. Повеќе информации на нивниот сајт http://www.tux.org/.

Формирање на ГКЛ

  • Најдете ја најблиската постоечка Група на корисници на GNU/Linux
  • Објавете ги Вашите намери на дискусиони групи и поштенски листи и слични места за објавување
  • Објавете ги Вашите намери за сите компјутерски корисници во Вашето место на живеење: продавници, интернет клубови, колеџи, провајдери на Интернет услуги итн.
  • Најдете пријателски бизнис компании или институции во Вашето место на живеење кои сакаат да помогнат да оформите ГКЛ
  • Оформете поштенска листа или смислете други начини за комуникација меѓу луѓето кои изразуваат интерес за оформување на ГКЛ
  • Стапете во контакт со клучните луѓе во Вашето место на живеење од каде што можете да побарате помош за раширување на зборот за Вашата намера да оформите ГКЛ
  • Најдете место на некој Веб сервер каде што ќе можете да направаите скромно сајтче каде ќе објавувате информации за вашата група
  • Барајте место за состанување
  • Закажете го првиот состанок на групата
  • На првиот состанок дискутирајте ги глобалните цели на групата

Одржување и прираст на ГКЛ

  • Направете колку што е можно полесен пристап до Вашата група
  • Нека Вебсајтот за ГКЛ е Ваш приоритет: одржувајте ги сите информации свежи, направете лесна навигација за корисниците да може да дознаат за следниот настан, состанок и сл. и направете лесен и проминентен механизам за контакт со Вас
  • Инсталирајте дистрибуции на секој кој ќе го побара тоа од Вас
  • Правете и ширете летоци и промотивни пораки секогаш кога има компјутерџии во Ваша близина
  • Осигурајте се дека работите со членови кои се посветени на целите на групата.
  • Следете го добронамерниот „диктаторски“ пристап на Linus Torvalds за владеење.
  • Носете сериозни и одговорни одлуки за време на гласање
  • Отворете поштенска листа посветене на техничката поддршка и замолете некој од „гуруите“ да биде дел од таа листа.
  • Направете разни типови на презентации, за напредни и неискусни, формални и неформални
  • Поддржете ги напорите за развој на софтвер на Вашите членови
  • Најдете начин да обезбедите финансии без да влегувате во долгови. Пр. продавајте промотивни материјали за групата на членови и надворешни лица
  • Consider securing formal legal standing for the group, such as incorporation or tax-exempt status.
  • Видете дали местото каде што ги организирате состаноците го спречува растот на Вашата група
  • Организирајте собири кога има и други компјутерски настани, така ќе обезбедите повеќе корисници што може да го следат Вашиот состанок
  • Изберете неформални лидери на групата, најскоро што можете: координатор, благајник, секретар, организатор на состаноците итн.
  • Обезбедете начини да им ги појасните целите, стратегиите и насоките на Вашата ГКЛ на членовите и заинтересираните лица
  • Поддржувајте го развојот на GNU/Linux и слободниот софтвер преку донирање на Интернет.
  • Отворете FTP или Веб сервер за објавување на софтвер
  • Архивирајте се што ГКЛ ќе прави на сајтот на групата
  • Побарајте донации и рекламни материјали од дилерите на GNU/Linux во Вашето место што ќе ги искористите за членовите и групата
  • Охрабрувајте ги членовите кога е потребно!
  • Објавете ги информациите за Вашата ГКЛ на ресурсите на други ГКЛ во светот
  • Создавајте промотивни материјали, како PDF датотеки што членовите ќе може да ги испечатата за промоција на групата на јавни собири, работилници, продавници, итн.
  • Осигурајте се што сакате да прават членовите на групата
  • Контактирајте со медиумите и известувајте ги за Вашите активности, па дури и организирајте прес-конференции.
  • Користете ги вашите ресурси и членови за помагање на локалните непрофитни организации и училишта за нивните IT потреби
  • Проповедајте го користењето на нашиот систем ентузијастички но одговорно!
  • Одете до границите на можноста на Вашите членови.
  • Воспоставете добри односи со дилерите и продавачите на компјутери, како и со програмерите на софтвер итн.
  • Најдете ги и контактирајте со консултантите во Вашето место на живеење
  • Поврзете се со другите ГКЛ од Вашата област, држава или регион и споделувајте искуства, трикови, совети и ресурси.
  • Известувајте ги членовите за нови верзии на софтвер
  • Објавувајте помошна документација на Вики за слободен софтвер.

Правни и политички проблеми

Правни проблеми во организирањето

Случајот за формално организирање на ГКЛ може да се стави на дебата:

За: Здружувањето и исклучувањето од плаќање на данок ги ограничува давачките и помага во опстанувањето на групата. Го потпомогнува собирањето на средства. Избегнува тврдењата за данок на добивките на групата.

Против. Одговорностите не треба да преставуваат проблем за претпазливите луѓе. Собирањето на средства не е потребно за група чии дејности не вклучуваат позначајни трошоци. Со немањето потреба за пари, избегнувате расправии и пријави околу тоа и го избегнувате стравот од данок. Местата за средби можат често да се добијат беспладно од Интернет сервис провајдерите, факултетите, пицериите, пабовите, кафулињата, фирмите за обука за GNU/Linux и други пријателски институции и притоа сето тоа да е бесплатно за јавноста. Немањето добивки и трошоци значи помала потреба за организација и пропратни расправии.

Пример како се организираат ГКЛ во Шведкса

Во Шведска ГКЛ не е потребно да се регистрираат, но како такви тие се сметаат за клубови. Регистрацијата во „Skatteverket“ (државниот орган за даноци) нуди две класифицирања: непрофитна организација или „економска асоцијација“. Последното е организација чија цел е да овозможи економски придобивки за членовите и како таква е неодговарачка и традиционално се користи за колективи на компании или стамбени здруженија(станарски совети и сл.)

Непрофитните организации во Шведска не треба да следат некои посебни законои. Во Шведска се применува општиот закон: Тие можат да изнајмуваат луѓе и можат да прават профит. Најчесто не плаќаат даноци за нивниот профит (профитот останува во организацијата, за разлика од „економските асоцијации“, членовите не добиваат пари). За да можите да „правите бизнис“, мора да се регистрирате во „Skatteverket“ за да добиете „организациски број“, што ѝ дозволува на групата да плаќа и да добива пари. Инаку плаќањето би одело преку член од групата кој евентуално има своја индивидуална компанија. После добивањето на ваквиот „организациски број“, можно е да се аплицира за финансиска помош од владата.

Други прашања околу легалноста

Шверцување

Како за потсетување, многу е битно понудите или барањата за копирање или дистрибуција на било каков неслободен софтвер да бидат строго обесхрабрени во било кои ГКЛ или одбиени како несоодветни со целите на групата или онлајн форумите. Ова впрочем не е ни проблемот што го опфаќаат ГКЛ. Можеби за корисниците на неслободен софтвер е, на пр. една ГКЛ што ја познавав кратко, поседуваше своја копија на PowerQuest's Partition Magic на сите компјутери кои беа форматирани во NTFS датотечниот систем на своите инсталфестови за dual-boot инсталации на оперативни системи, и сето тоа се базираше на една сомнителна теорија за легален софтвер. Ако ова звучи незаконски, тогаш сигурно и е. Внимавајте!

Недоверба

Корисно е да се даваат совети и упатства на форумите на корисничките групи, но поради легални процедури, лоша е идејата да се прават дискусии од типот на „за колку пари би го направил тоа...“



Политика на софтверот

Chris Brown го има кажано следново за сета внатрешна политичка динамика на ГКЛ која често избива или се појавува во самата група. Луѓето гледаат поинаку на слободниот софтвер (имаат поинакви чувства и разбирања) Корисниците на GNU/Linux се поинаква група. Колку и да се обидуваш да споиш поголем број од нив заедно, толку почесто ќе излегуваат проблематични прашања. Како на пример: некои кои се многу политички вкоренети веруваат дека целиот софтвер секогаш треба да биде “слободен”. Затоа што дистрибутерите RedHat или SUSE бараат пари за поддршка за нивните дистрибуции и не го делат својот профит со заедницата мора да се „злобни”. Имајте на ум дека овие компании направија и продолжуваат да прават значаен придонес за слободниот софтвер и софтверот со отворен код. Забелешка од одржувачот: Горенаведеново е забелешка од 1998, до пред Caldera да го напушти GNU/Linux бизнисот, да се преименува во The SCO Group, Inc и да стартува главна PR кампања за авторски права/договори/патенти и судски процес за таен трговски договор против GNU/Linux корисниците. Времињата се менуваат. Сеуште сме благодарни на Caldera Systems која што љубезно ни додели донација на хардвер за да му помогне на Alan Cox во интеграцијата на SMP поддршката во јадрото , за развојот на RPM пакет системот, придонесот за распространетите постари верзии на јадрото и поддршката да се комбинираат GNU/Linux и историските Unix кодни бази.) Некои пак доаѓаат да заклучок дека можат да најдат начин во голема мера да ја искористат слободата на GNU/Linux платформата за забава и профит. Бидeте свесни дека некои од BSD Unix верзиите поседуваат лиценци кои им дозволуваат на компаниите да градат приватни верзии на нивното јадро и C библиотеките кои предводат (или се подобри) во примораната трајна слобода на GPL како применети во линукс јадрото и GNU библиотеките. Немојте да претпоставите дека луѓето што го промовираат овој поглед се лакоми изнудувачи (луѓе кои саакаат да ве искористат). Ако/Или овие луѓе се соберат заедно тогаш доаѓа до недоразбирање (неслога). Водачите треба да бидат јасни околу следниве факти:

  • Поради неинформираноста постојат голем број на погрешни мислења за GNU/GPL и лиценците за слободен софтвер и нивната работа. Многу е лесно да дојде до недоразбирање како за GPL така и за алтернативните лиценци. Повеќето обиди за дискутирање се бесмислени и ретализирани симболични војни меѓу луѓето кои треба да знаат повеќе. Во ретки случаеви таквите учесници всушност тежнеат да ја разберат темата, насочи ги кон маил листата на OSI за дискусии за лиценци или кон маилинг листите на Дебиан проектот "debian-legal" каде самоанализата може да охрабри.
  • GNU/Linux добива бенефиции преку придонес од многу места, вклучувајќи и продавачи на патентиран софтвер, како на пример: во линукс јадрото, X.org, Gcc и слично.
  • Под патентиран се подразбира нити подобар нити полош софтвер.

Главниот принцип може да биде проширен многу подалеку од овоа; компјутерските „свети војни“ долго време се водеа бескрајни битки, вклучувајќи ги GNU/Linux против други Unix варијанти, овие против Microsoft, IBM PC против различните системи базирани на Motorola 68000, различните 8-битни процесори во 70-тите еден против друг, KDE против GNOME итн. Мудрите водачи на ГКЛ би побарале таквите разлики да се надминат, само затоа што тие се достојни за тоа. Непрофитабилните организации и парите не се слагаат најубаво Од голема важност е да се биде внимателен со финансиите посебно во непрофитабилните организации. Во бизнисот кој се базира на независен (самостоен) профит, луѓето не се баш многу загрижени за второ степените детали како alleged misspending of immaterial sums. Истово не може да се каже за непрофитабилните организации. Извесен број на луѓе се вмешани поради некои свои принципи, и посветуваат претерано многу внимание на нетолку важни второстепени прашања, како пример од C. Northcote Parkinson's Bikeshed Effect. Препорачливо е да се не наплаќа членарина за членство во ГКЛ, за што нема да има никакви злоупотреби или караници. Ако ГКЛ поседува многу финансии или свој имот, тогаш таа треба да превземе одговорност кон своите членови. Секоја група која е во растечки подем мора да има повеќе од само еден активен член. Во проблематичните непрофитабилни групи грижата за информациите околу финансиите е многу често цврсто држана од некој кој што нема лесно да се откаже од финансиска контрола. Најдобро би било да има некаква ГКЛ ротација на должности, вклучувајќи ја и должноста за финансиската контрола. Правилните и корисни финансиски извештаи можат да се направат достапни и до оние кои сакаат да имаат увид во нив. ГКЛ која има статус на добротворна организација, мора најмалку еднаш годишно да прави финансиски извештаи заедно со локалните власти за данок, што ќе биде како едно мало финасиско откривање за работата пред членовите. Со растењето на софтверот за финасиско работење базиран на GNU/Linux сега правилните (редовните) извештаи се многу практични. Со растењето на популарноста на Интернет, овозможно е, и овие извештати да се објават на мрежата.

Избори, демократија и пресврт

Владеењето демократски со вашата ГКЛ е абсолутно од витално значење - ако и само ако мислите дека навистина е. Имам намера да го искажам тоа помалку цинично, отколку што навистина звучи и ќе ви објаснам.

Проблемите во „политиките“ кај ГКЛ се појавуваат во мала мера бидејќи ГКЛ немаат некој посебен имот. Разликите можат да се надминат со заобиколување на „инженерски начин“ со технологија(GNU/Linux решението) или пак со оставање на секој табор да си се грижи за своите проблеми одделно.

Привлекувањето на клучни волонтери е витално за успехот на групата. Се што се прави за да се придобијат такви волонтери е добро. Изгледа дека „демократското“ однесување е зајакнато кај некои групи, го охрабрува вклучувањето и дава чувство на статус во групата, легитимност и инволвираност. Тие се добрите работи.

Значи, ако изборите и формалната структура помага во привлекувањето на клучни членови, тогаш искористете ги. Ако таквите нешта ги оттргнуваат од групата, отстранете ги. Ако наградувањата на членовите и собирите носат нови „фаци“, наградувајте и собирајте ги членовите. Учеството е витално за вашата ГКЛ.

Причината за која што станува збор за „клучните“ волонтери е што малкумина ќе ги завршат работите кои што треба да направат. Така е во сите волонтерски групи. Има една анегдота која ќе ја долови мојата поента: Кон крајот на мојот мандат како уредувач на месечниот магазин од 40 страници на групата на корисници на персонални компјутери од Сан Франциско, цело време се трудев да го направам раководството на магазинот подемократско. На крај му реков на претседателот на клубот: Она е Ед, еден од вработените во мојата рубрика. Ед штотуку провери 12 наслови за тековниот број. Значи тој добива 12 гласови.“ Претседателот и другите членови од клубот беа не се согласија со тоа и рекоа дека секој член може да добива подеднакво гласови без разлика што работи во магазинот. И навистина, по гласањето тој изгледаше несреќен.

Поентата е дека потребата за гласање за било што во најдобар случај се коси со желбата за да се заврши потребната работа, во најлош, служи како изговор за вмешување во постигнатото на другите.

Да сумираме: Имајте „демократија“ онолку колку што ве задоволува, но внимавајте на вашите клчни волонтери.

И последно, планирање на вашата замена: ако сте ГКЛ на група на студенти и мора да правите разни бирократски работи, осигурајте се дека сите витални процеси се добро документирани, така што новите „раководители“ на ГКЛ не мора да врват низ истите проблеми од ново. Исто како кај проблемите во системско инженерство: ги елиминирате проблемите од самиот старт.

И најважно: она што функционира кај момците од соседниот град може да не функционира за вас. Изненадување! Решенијата на оваа загатка сѐ уште се бараат. Ве молам, експериментирајте и кажете ми дали функционира за вас, па јас да им кажам на другите. Пријатна забава!