Упатство:Инсталација на бинарни ATI драјвери под Ubuntu 7.04: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
 
с (1 ревизија: initial)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 17:39, 29 јануари 2011

Најновите fglrx драјвери ги поддржуваат Radeon 9500+ и картичките со X-серии се до X1900.

Проверки пред инсталацијата

Овозможете го складиштето „restricted“

Проверете дали складиштето „restricted“ е овозможено во /etc/apt/sources.list или овој водич нема да работи!

Ubuntu:System > Administration > Software Sources.

Обележете го „Proprietary Drivers for Devices (Restricted)“.

Kubuntu Kmenu > System > Adept Manager > Adept > Manage Repositories.

Обележете го „Proprietary Drivers for Devices (Restricted)“.

Оневозможете го додатокот „Composite“

Во „Ubuntu Feisty“ додатокот „Composite“ веќе е овозможен во конфигурациската датотека xorg.conf. Но, fglrx сеуште не поддржува „Composite“ заедно со „DRI“. За да го оневозможете „Composite“ мора да ја измените конфигурациската датотека xorg.conf:

Забелешка: Ubuntu како основен уредувач за текст го користи Gedit

# sudo gedit /etc/X11/xorg.conf

Забелешка: Kubuntu како основен текст уредувач го користи Kate

# sudo kate /etc/X11/xorg.conf

Забелешка: Xubuntu како основен текст уредувач го користи mousepad.

# sudo mousepad /etc/X11/xorg.conf

ВАЖНО: командата sudo се извршува преку конзола, доколку не сакате да користете конзола за повикување на текст уредувачите тоа можете да го направите и графички со опцијата „Изврши команда“ (Run command) со притискањена тастерите ATL+F2 и внесување на следново:

  • За KDE: kdesu kate /etc/X11/xorg.conf
  • За GNOME: gksu gedit /etc/X11/xorg.conf

Додадете ги овие линии на крајот на датотеката /etc/X11/xorg.conf:

Section "Extensions"
        Option  "Composite" "Disable"
EndSection
Section "ServerFlags" Option "AIGLX" "off" EndSection

Инсталација

Метод 1: Инсталирање на драјверот на Ubuntu начин

 # sudo apt-get update
 #sudo apt-get install linux-restricted-modules-$(uname -r) # (нема проблеми и доколку овој пакет е веќе инсталиран)
 #sudo apt-get install xorg-driver-fglrx
 #sudo depmod -a

Доколку вашиот систем се пожали за зависности употребете го вашиот менаџер на пакети за да го инсталирате python2.4, и доколку е неопходно, неговите зависности.

Метод 2: Рачно инсталирање на драјверот 8.37.6

Забелешка: Ова е само алтернативен инсталационен метод за делот прикажан погоре. Ова може да ви помогне доколу сеуште добивате грешки од видот „DRI missing“.

Забелешка: Овој драјвер сега е подготвен за јадрото >2.6.20!

Симнете го инсталерот за ATI драјверот: ati-driver-installer-8.37.6-x86.x86_64.run (оваа инсталација е за 32 и 64 битни системи).

Одете во папката каде ви е преземен инсталерот. Пред да преминете на следните чекор, проверете дали во /etc/apt/sources.list ви се овозможени складиштата universe и multiverse.

По инсталацијата на Ubuntu, складиштата universe и multiverse не се овозможени. Сепак овие складишта вклучуваат некои важни апликации и кодеци, затоа строго се препорачува да ги активирате.

Ubuntu:System > Administration > Software Sources.

Обележете го „Community-maintained Open Source software (univrse)“ и „Software restricted by copyright or legal issues (multiverse)“.

Kubuntu:Kmenu > System > Adept Manager > Adept > Manage Repositories.

Обележете го „Community-maintained Open Source software (univrse)“ и „Software restricted by copyright or legal issues (multiverse)“.

Инсталација на неопходните алатки

# sudo apt-get update
# sudo apt-get install module-assistant build-essential fakeroot dh-make debhelper debconf libstdc++5 linux-headers-$(uname -r)

Креирање на Deb пакети

  1. sudo bash ati-driver-installer-8.37.6-x86.x86_64.run --buildpkg Ubuntu/feisty

Модулот од linux-restricted-modules треба да го вметнете во „црната листа“: Забелешка: Ова е само потребно доколу го имате инсталирано драјверот од Метод 1.

Бидејќи пакетот linux-restricted-modules на Ubuntu вклучува fglrx модул од постара верзија на драјверот (8.28.8), овој модул мора да го вметнеме во црната листа за да бидеме сигурни дека ќе се користи новиот модул на јадрото кој е потребен од новиот драјвер.

Ubuntu:

# sudo gedit /etc/default/linux-restricted-modules-common

Kubuntu:

# sudo kate /etc/default/linux-restricted-modules-common

Xubuntu:

# sudo mousepad /etc/default/linux-restricted-modules-common

Додадете го „fglrx“ во линијата „DISABLED_MODULES“

Датотека: /etc/default/linux-restricted-modules-common DISABLED_MODULES="fglrx"

Инсталација на Deb пакетите

# sudo dpkg -i xorg-driver-fglrx_8.37.6-1*.deb
# sudo dpkg -i fglrx-kernel-source_8.37.6-1*.deb
# sudo dpkg -i fglrx-amdcccle_8.37.6-1*.deb

Отстранете ги сите стари (доколку има) .deb пакети на fglrx од /usr/src/:

# sudo rm /usr/src/fglrx-kernel*.deb

Поправете ги „скршените“ зависности

Забелешка: Ова мора да го извршите доколку имате инсталирано постари верзии на овие драјвери и доколку го имате користено овој метод порано.

# sudo apt-get -f install

Компајлирање на модул за јадрото:

# sudo module-assistant prepare
# sudo module-assistant update
# sudo module-assistant build fglrx
# sudo module-assistant install fglrx
# sudo depmod -a

Креирајте симболична врска:

# sudo ln -s /lib/modules/$(uname -r)/misc/fglrx.ko /lib/modules/$(uname -r)/volatile/fglrx.ko

ВАЖНО: Мора да го прекомпајлирате модулот на јадрото при секое ажурирање на јадрото!

Конфигурација на драјверот

Забелешка: Наместо извршување на командата 'aticonfig --initial' како алтернатива можете да ја изменете конфигурациската датотека /etc/x11/xorg.conf и стрингот „ati“ да го замените со „fglrx“ во делот „Device“. На овој начин нема да ги забуте старите поставувања за деловите „Screen“ и „Monitor“.

# sudo aticonfig --initial

Привршување со инсталацијата

Сега зачувајте ги сите отворени документи и рестартирајте го системот:

# sudo shutdown -r now

Забелешка: Алтернативен метод за рестартирањето е да го рестартирате самиот Х сервер со притискање на тастерите CTRL+ALT+BACKSPACE. Најпрво мора да ги отстранете сите стари модули на јадрото како што се „drm“ „radeon“ или „fglrx“ со користење на командата „rmmod“. Пример:

# sudo rmmod drm
# sudo rmmod radeon
# sudo rmmod fglrx

Проверки по инсталацијата

Потврдување

Извршете ја командата „fglrxinfo“ за да го проверете излезот и да видете дали вашиот fglrx драјвер е инсталиран правилно.

Доколку се е во ред, треба да добиете нешто вака:

fglrxinfo
display: :0.0  screen: 0
OpenGL vendor string: ATI Technologies Inc.
OpenGL renderer string: MOBILITY RADEON 9700 Generic
OpenGL version string: 2.0.6458 (8.37.6)

Додатни конфигурирања со алатката „aticonfig“

Можете да додавате многу опции на вашиот драјвер со алатката „aticonfig“.

На пример:

  • користење на опцијата „powerplay“ за промена на режимот на работа на батеријата
  • користење на два монитора или само еден
  • вклучување/исклучување на вториот монитор „во лет“

Проблеми поврзани со Ubuntu

Враќање на „xorg“ драјверот

Доколу (поради било која причина) инсталацијата на „fglrx“ е неуспешна, можете да го вратите стартиот драјвер на „Xorg“ со извршување на следнава команда:

# sudo dpkg-reconfigure xserver-xorg

и да го изберете драјверот „ati“ или пак едноставно да ја вратите претходната конфигурациска датотека /etc/X11/xorg.conf, доколку имате направено резервна копија.

Исто така, треба да го отстранете xorg-driver-fglrx или пак вашите рачно инсталирани драјвери за да го вратите 3Д забрзувањето, бидејќи е обезбедено од датотеката /usr/lib/libGL.so.1.2 која припаѓа на пакетот libgl1-mesa кој со преместува како резервна копија и се заменува со инсталицјата на пакетот xorg-driver-fglrx (или рачната инсталација). Ако случајно не може успешно да се отстрани fglrx драјверот и да ја врати датотеката од libgl1-mesa, мора повторно да го инсталирате пакетот со извршување на следнава команда:

# sudo apt-get install --reinstall libgl1-mesa

Ако не работи „suspend“

Ако по инсталацијата на fglrx, „suspend“ опцијата не ви работи т.е. суспендирањето на се вклучува туку само се појавува црн екран, тогаш со промена на неколку опции е пријавено дека работи на некој хардвер (Грешка 84991).

За ATI X700

Датотека: /etc/default/acpi-support

SAVE_VBE_STATE=false POST_VIDEO=true USE_DPMS=false

За ATI X1300 и ATI X1400 на „Dell Inspiron 9400“ исто и за ATI X1600 на „Asus Z96J“ (при користење на метод 2):

Датотека: /etc/default/acpi-support

POST_VIDEO=false