Writer: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 20:42, 31 мај 2007

OpenOffice.org Writer на македонски

OpenOffice.org Writer (Пишувач) е програма за обработка на текст вклучена во пакетот OpenOffice.org. Покрај стандардните карактеристики на зборовните процесори (проверка на правопис, речник на синоними, делење на зборовите со цртичка, автоматско коригирање, пронаоѓање и заменување, автоматско генерирање на содржини и индекси, циркуларни писма и друго) Writer ги поседува следните важни карактеристики:

  • Шаблони и стилови
  • Моќни методи за изглед на страници, вклучувајќи рамки, колони и табели
  • Вгнездување или поврзување на графики, табеларни пресметки и други објекти
  • Вградени алатки за цртање
  • Главни документи
  • Следење на промени за време на прегледување
  • Интегрирање на бази на податоци, вклучувајќи и библиографски бази на податоци
  • Изнесување во ПДФ, вклучувајќи и обележувачи
  • И многу други карактеристики

Овие карактеристики се детално обработени во упатството за користење на Writer.

Интерфејс на Writer

Менија и алатници

Менијата се лоцирани во горниот дел на прозорецот на Writer. Кога ќе кликнете на името на некое од главните менија се прикажува список на сродни опции. Writer има неколку типа на алатници: Статички, движечки и вметнати. Статичките алатници можат да се направат движечки и обратно, движечките алатници можат да бидат статички.

Горниот статичен алатник (стандардна позиција) се нарекува Стандарден алатник. Стандардниот алатник е конзистентен во сите апликации на OpenOffice.org. Вториот горен алатник (стандардна позиција) се вика Форматирање.

Поддршка на формати

Една од најголемите доблести на Writer (и целиот OpenOffice.org пакет) е што може да работи со разновидни типови на датотеки, што овозможува процесот на интероперабилност да биде полесен за секого. Може да отвора .doc датотеки, да запишува во нив, а исто и табеларни пресметки во .xls форматот. Сепак, препорачан и стандарден формат кој Writer го користи е отворениот формат за документи на OASIS кој е и ISO стандард.

Врски