Работна околина: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с (3 ревизии: initial)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 17:37, 29 јануари 2011

Во графичките кориснички интерфејси работна околина е софтверот кој нуди графички кориснички интерфејс (GUI) на компјутерот. Името потекнува од принципот на работа на една работна околина кој е сличен со принципот на кој се организираат работите на една работна маса. Една работна околина обично има икони, прозорци, ленти со алатки, папки, тапети и можности како „повлечи и пушти“ управување со датотеки или фајлови. Како целина, посебностите во дизајнирањето и функцијата на работната околина и го даваат посебниот изглед и функција.

Работните околини на популарните сопственички оперативни системи како Microsoft Windows и Mac OS X, во нивното користење се релативно непроменливи. Ова создава константно корисничко искуство. Сепак, постојат алтернативни икони и софтвер кој може комплетно да го замени и изгледот на обичните елементи во интерфејсот (како прозорци, копчиња и икони), како и целосниот интерфејс. Во Windows, ова е постигнато со заменување на Explorer shell.

Работната околина нуди редица интерактивни команди преку кои корисникот доаѓа до бараната услуга, а кои се достапни најчесто преку кликање или испишување на команди од тастатурата. Практично, комплетот од икони, менија, апликации итн. претставува една работна околина.

Кај системите кои што го користат X Window System (најчесто Unix-оидните системи) работната околина е пофлексибилна. Една ваква работна околина се состои од менаџер на прозорци (како Metacity или KWin), менаџер за датотеки (како Konqueror или Nautilus), теми, програми и библиотеки за реководење со работната околина. Сите овие модули можат да бидат разменувани и индивидуално конфигурирани со цел да се постигне уникатна комбинација, но повеќето десктоп околини обезбедуваат основна конфигурација која бара минимален труд од корисникот.

Не целиот програмски код кој е дел од една работна околина има ефекти кои се видливи за корисникот. KDE на пример, обезбедува т.н. KIOslaves кои му обезбедуваат на корисникот пристап до голем број на виртуелни уреди. Овие влезно-излезни (I/O) услуги не се достапни надвор од KDE околината.

Најпопуларни работни околини за GNU/Linux се KDE и GNOME.

Врски