Упатство:Конфигурирање на IM клиенти
Кога некому му се спомене дека Вие користите GNU/Linux, тој веднаш ја отфрла идејата дека можеби користите MSN или Yahoo IM сметки, бидејќи мислат дека таков софтвер за GNU/Linux не постои. Сепак, корисниците на слободен софтвер може да користат вакви сметки за неслободни протоколи, како и за сите останати слободни протоколи како што е Jabber и сл.
Постојат многу апликации за инстант пораки кои ги овозможуваат речиси идентичните можности на апликациите од производителите на неслободниот (ако се работи за неслободен) протокол, и за поддршка за сите слободни протоколи. Најчесто користени апликации во GNU/Linux дистрибуциите се Pidgin и Kopete.
Лесниот кориснички интефејс дозволува лесно снаоѓање со сите можности што овие апликации ги нудат, со што крајниот корисник ќе добие се она што му е потребно. Овозможено е испраќање на инстант пораки, датотеки, звук, видео, формирање конференции итн. Сега ќе разгледаме како се конфигурираат сметките за инстант разговори во овие две, најкористени апликации.
Pidgin
Pidgin, (се чита Пиџн) е една од најнапредните апликации за инстант пораки на мрежата. Порано оваа апликација се викаше Gaim (некои сеуште ја викаат така), но од верзија 2.0 апликацијата и официјално го смена името во Pidgin. Поддржува редица протоколи, овде ќе кажеме како се конфигурираат 2, Jabber и Yahoo IM.
Jabber сметка
Jabber е слободен протокол кој треба да се користи за секоја цел при комуницирање на Интернет. Jabber е поддржан во речиси сите повеќе-наменски апликации за инстант пораки кои се слободни. Отворете Pidgin. Доколку претходно не сте подесувале ништо, ќе се отвори мало прозорче преку кое можете да додадете сметки:
Кликнете на копчето Додај. Потоа ќе се отвори овој прозорец:
Од опаѓачкото мени за избор на протокол изберете XMPP:
Потоа пополнете ги вредностите за Jabber сметката. Најважно е да имате:
- валидно корисничко име
- валиден сервер (јавен сервер има и на bagra.net.mk);
- лозинка
Откако ќе ги пополните овие вредности, дијалогот треба да изгледа вака:
Најдолу има копче Регистрирај, доколку не сте регистрирани. Ако веќе имате претходно отворена сметка за Jabber, кликнете само „Зачувај“ по што ќе се воспостави врска со серверот. Ако не, притиснете „Регистрирај“ по што ќе се воспостави врска и регистрација на Вашата Jabber сметка на серверот jabber.org. Ако креирањето на сметка е успешно, ќе бидете запрашани за претходно внесеното корисничко име и лозинка, па откако ќе ги внесете, ќе се појави дијалог за успешно најавување на серверот:
Yahoo сметка
Процедурата за додавање на Yahoo Instant Messanger сметка е сосема иста, со таа разлика што наместо XMPP од опаѓачкото мени треба да изберете Yahoo!. Различно е тоа што Вие треба да имате постоечка Yahoo сметка (е-пошта) за да можете да ги користите YIM можностите. Преку Pidgin не можете да отворите сметка на Yahoo како што може со Jabber (ниту со некој друг IM клиент):