OLPC
OLPC или XO-1 или претходно познатиот „Лаптоп од 100 долари“ или „Детска машина“ е ефтиниот пренослив компјутер создаден со цел да биде дистрибуиран на децата низ светот, особено во земјите во развој, со цел овозможување полесен пристап до знаењето. Лаптопот е развиен од трговската асоцијација One Laptop per Child (OLPC), непрофитна организација од САД, создадена од членови на MIT Media Lab со цел дизајнирање, производство и дистрибуција на лаптопот и неговиот софтвер.
Елегантниот компјутер со мала електрична потрошувачка содржи флеш меморија наместо тврд диск и користи GNU/Linux оперативен систем. Мобилното адхок вмрежување се користи за пристап на Интернет од само една врска.
Лаптопите може да се продаваат на владите и да се достават до децата преку училиштата на основа еден лаптоп за секое дете. Цената се очекува да започне од 135 долари па се до 175 долари додека целта е да се достигне цена од 100 долари до 2008г. Во просек, околу 500 машини за развивачи (Alpha-1) беа дистрибуирани во летото 2006г. 875 прототипи пак (Beta-1), беа дистрибуирани на крајот на 2006г, а пак 2400 Beta-2 машини беа дистрибуирани до крајот на Февруари 2007г. Целосно производство е веќе започнато и во тек. Quanta Computer, компанијата која ги доби правата за изработка на овие компјутери, потврди дека за 2007г. се нарачани 1 милион компјутери. Исто така потврдија дека се очекува да произведат од 5-10 милиони XO компјутери до крајот на 2007г. имајќи во предвид дека неколку земји веќе нарачаа компјутери за учениците во нивните земји, вклучувајќи ги Аргентина, Бразил, Либија, Нигерија, Руанда, Тајланд и Уругвај.