ЧПП

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Што е GNU/Linux?

- GNU/Linux e оперативен систем создаден од поголема група на програмери ширум светот, а инициран првенствено од заеднички и по малку случајни идеи на Richard Stallman (САД) и Linus Torvalds (Финска). Овој оперативен систем е слободен, бесплатен и може да го користи секој, што има потреба од него, без никакво ограничување. Искусниот корисник може да си направи свој оперативен систем базиран на работата на GNU/Linux или само на поединечни елементи од него.

Што е Јадро/Кернел?

Јадро, овој поим има повеќе значења но во овој случај најбитно е значењето што го опишува како срж/срцевина на некоја работа. Во светот на компјутерите јадрото има главна улога кај оперативните систем. Тој е парчето софтвер што се грижи за распределбата на меморија, за контролата на процесите, за комуникацијата хардвер-софтвер и уште мал милион други работи.

Дали има разлика помеѓу GNU/Linux и Linux?

- Кратко одговорено ДА.

Во 1983 година, Ричард Сталман го започнува проектот за изработка на слободен оперативен систем, кој ќе биде лиценциран според лиценци што самиот проект ги носи. Проектот беше наречен GNU што значи GNU's Not Unix, а главната лиценца според кој софтверот ќе биде лиценциран е Општата Јавна Лиценца (мкд. ОЈЛ, анг. GPL - General Public License). Откако голем дел од програмерите вклучени во проектот ги завршија главните работи, се бараше сржта на оперативниот систем - кернелот. Во 1991 Линус Торвалдс во Хелсинки го создава Linux кернелот, исто слободен и бесплатен. Така GNU го прифаќа како кернел за својот оперативен систем и целото име на системот е GNU/Linux. Значи разликата е во тоа што GNU/Linux е име на оперативен систем, додека Linux е име на кернелот на овој оперативен систем. Сепак кога се вели Linux со цел скратување на целото име, глобално се мисли на оперативен систем (што впрочем е кернел), а името на оперативниот систем е GNU/Linux.

Што се GNU/Linux дистрибуции?

- Големи фирми кои ја искористиле слободата на направат своја верзија на оперативен систем базиран на Linux кернелот, па направиле свои дистрибуции. Така денеска постојат Mandriva, SuSE, Slackware, Ubuntu, Gentoo и уште многу други дистрибуции. И вие можете да имате своја дистрибуција. Потребно да изберете како вашиот оперативен систем ќе биде структуиран, кои пакети ќе ги носи и по потреба да напишете дополнителни конфигурациони алатки.

Што е слободен софтвер?

- Доколку некој од вас ги прочитал документите што го опишуваат GNU проектот, сигурно ја забележал споредбата на „слободниот говор“ и „бесплатното пиво“. Слободниот софтвер не е прашање на цена. Тој треба да биде слободен, не значи дека ако јас го дадам својот код за одредена цена, тој не е слободен. Од друга страна не значи дека ако јас ја дадам програмата со изворниот код, но лиценциран според друга постоечка лиценца, мојот софтвер е слободен, лиценцата може да ги забрани сите права на сопственикот за „слободно однесување“ кон изворниот код. Споредбата на говорот и пивото се чини ја дава целата филозофија на Слободниот софтвер. Сигурно би ви било позначајно да можете слободно да се изразувате и да не ве затвораат за секоја јавна критика, отколку да седите во некое кафуле и пиете бесплатно пиво. Така и со софтверот.

Каде да се обратам за помош при работа со слободен софтвер?

- Најпрво пребарајте ги основните извори за помош, Google, Wikipedia и сл. Следно може да се обратите кај на нашата е-пошта info AT lugola.net и како најпрепорачлив метод е посетување на нашите редовни состаноци на групата.

Како можам да заработувам од слободен софтвер?

- Слободниот софтвер не е прашање на цена туку на слобода. Тоа е јасно декларирано во целата филозофија на GNU проектот. Многу фирми ги искористија предностите на слободниот софтвер па направија капитал со кој им прарираат на останатите компаниски гиганти. Чист пример за компанија која целосно преминала на употреба на слободен софтвер и заработување од него е Novell, а фирма гигант која го поддржува во секоја смисла слободниот софтвер е Google.

Вие може да заработувате од слободниот софтвер. Чист пример би било добро спакувана дистрибуција со јасно напишано упатство за употреба, на која Вие би одредиле логична цена за продажба. Се работи за работна рака, труд и начин на поддршка за давање на понатамошни услуги од областа на слободниот софтвер.

Помошни врски кои мора да се прочитаат доколку овие работи не ви се јасни:

http://www.gnu.org/philosophy/selling.html

http://www.eweek.com/article2/0,1895,1836385,00.asp

Лугола

Колку членови има во групата и колку ги посетуваат состаноците?

- Точниот број на официјално зачленети корисници е 69. Активни членови во проекти и активности има најмногу 20. На состаноци во просек најредовни се 15тина членови.

Дали има официјално поддржана дистрибуција од Лугола?

- Не

Кои дистрибуции може да ги најдам во Лугола?

- Сите актуелни и најнови дистрибуции редовно ги набавуваме преку редовните извори, такашто речиси и да нема дистрибуција која не можете да ја добиете преку нашата група.

Зошто би се зачленил во Лугола?

Бидејќи сме многу јаки !