Abiword

Од Сподели wiki
Преработка од 17:28, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (4 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Abiword под Kubuntu

Abiword е апликација за обработување на текст која е слободен софтвер, издадена под Општата јавна лиценца. Името Abiword е дериват од коренот на шпанскиот збор "Abierto" кој значи отворен. Поддржан е под GNU/Linux, Mac OS X (PowerPC), Windows итн. Нивото на поддршка за секој оперативен систем е различно. Верзиите за GNU/Linux активно се развиваат, додека последните верзии за Mac OS X не работат како што е предвидено. Abiword е започнат od SourceGear Corporation како првата компонента на AbiSuite, план кој предвидуваше создавање на цел канцелариски пакет кои ќе биде слободен софтвер. Сепак, SourceGear се префрли на други бизнис интереси, и сега AbiWord е раководен од тим на волонтерски развивачи. AbiWord е дел од канцеларискиот план на GNOME, пакет кој се развива во склоп со изгледот и работата на оваа работна околина.

AbiWord има сличен интерфејс и изглед со речиси сите останати апликации за обработка на текст (OpenOffice.org Writer, Microsoft Word, KWord, итн.). Интерфејсот цели кон лесно прифаќање од корисниците за сите платформи.

Aboword е спакуван со неколку филтри за увезување/извезување, вклучувајќи и за RTF, HTML, Отворениот формат за документи и LaTeX (само извезување). Достапни се и додатоци за многу други формати. Стандардниот формат на Abiword е базиран на XML и е отворен формат.

Можности

Abiword ги поддржува следните можности:

  • Ефикасност на брзина и големина
  • Интерфејс сличен на други канцелариски апликации
  • Поддршка за табели, фусноти и забелешки
  • Поддршка за Содржина на документи
  • Уредување на формули
  • Проверка на правопис
  • Кориснички интерфејс и проверка на правопис на 49 јазици

Abiword е стандардна апликација за обработка на текст во Zenwalk и Xubuntu.

Врски