Лугоп
Што е Лугоп ?
Лугоп од Прилеп, групата на корисници на GNU/Linux, е формирана на 4 март 2007 година од страна на Кирил Димески. Лугоп постои заради помош на корисниците на GNU/Linux оперативниот систем во градот и пошироко. Името Лугоп доаѓа од англиските зборови GNU/Linux User Group of Prilep. Групата сеуште е млада и се надеваме на успешна работа.
Ние сме..
Млади активисти, ученици во средно училиште. Во групата карактеристично е тоа што, координаторот има 16 години, најмладиот член има 14, а најстариот член има 36 години.
Простории
Лугоп располага со сопствени простории на улица Кузман Јосифоски бр.118 во Прилеп, во центарот на градот. Просторијата е опремена со 1 десктоп компјутер на кои е инсталиран GNU/Linux оперативниот систем. На компјутерoт има инсталирано GNU/Linux PCLinuxOS 2007.
Во просториите во време од 09,00-15,00, секој ден може да се проба GNU/Linux и слободен софтвер.
Зошто го правиме баш ова?
Лугоп е формирана да помага, да шири слобода, да развива, да доработува, да соработува, да преговара, да одговара........ повеќе одговори.... на dkire@taratur.com
Нашите цели се..
Да им помагаме на корисниците на слободен софтвер, првенствено на корисниците на GNU/Linux. Да им овозможиме пристап до слободен софтвер и GNU/Linux на корисниците кои сакаат, а неможат да го најдат. Да го спроведеме GNU/Linux како наставна тема по предметот информатика, во образовните процеси.
Проекти
Лугоп досега има реализирано неколку проекти :
- „GNU/Linux во училиштата“ - кампања која е спроведена во две средни училишта во Прилеп, од
септември се очекуваат исти такви презентации во сите училишта (средни и основни) во Прилеп и во основните училишта во прилепските села (Обршани и Пашино Рувци)
- „GNU/Linux и НВОи“ - проект кој му овозможува на сите НВОи пристап до GNU/Linux и слободен
софтвер.
- „GNU/Linux поплава“ - мала активност во склоп на проектот „Што е GNU/Linux“ со која беа разделени дистрибуции на 20 учесници на семинар организиран од Х.Е.Р.А во Маврово
- „Што е GNU/Linux“ - проект кој е започнат од 1 јули 2007 и ќе заврши со презентација на 23 јули оваа година пред 30 НВОи во центарот за поддршка на НВО во Прилеп ( во рамките на проектот се вклучени делење на ЦД-ња со GNU/Linux и пристап на жителите на Прилеп до GNU/Linux во просториите на соработникот на LugoP, НВО „Скорпион“ ).
- „15 семптември, Ден на слободен софтвер“ - ден на слободен софтвер на светско ниво
- „GNU/Linux, мојот пријател“ - кампања за инсталирање на GNU/Linux во училиштата
- „OLPC во Прилеп“ - презентации за зелениот лаптоп во Прилеп (2 и 3 декември)
- „GNU/Linux како алтернатива“ - 4 дневен семинар (еден ден продолживме со семинарот)
Проекти во тек на реализација :
- „Веб сајт LugoP“ - проект кој е почнат да се реализира од месец јули
- „Creative Commons поблиску до народот“ - проект преку кој жителите на Прилеп, детално би се запознале со лицените Creative Commons
Нереализирани проекти (планирани) :
- „OpenOffice.org и НВОи“ - проект кој им овозможува на НВОите да се здобијат со практично искуство
во со OpenOffice.org преку 3 дневна обука
- „Отворени формати, ДА или ДА“ - проект преку кој жителите на град Прилеп би се запознале со oтворените формати