Dpkg

Од Сподели wiki
Преработка од 16:09, 29 март 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Dpkg (скратено за Debian Package) е основата на менаџментот со пакети кај Debian системите. Создаден е од Ian Jackson во 1993г. Dpkg е сличен со програмата за инсталација на Rpm (rpm), и се користи за инсталирање, отстранување на пакети како и листање на информации за Deb пакети.

Dpkg по себе е алатка од ниско ниво; интерфејси од високо ниво како APT се користат за симнување пакети од оддалечени сервери и решавање на зависностите кои постојат меѓу нив.

Пакетот за Debian dpkg ја инсталира програмата dpkg:

 $ dpkg
dpkg: need an action option

Type dpkg --help for help about installing and deinstalling packages [*];
Use `dselect' or `aptitude' for user-friendly package management;
Type dpkg -Dhelp for a list of dpkg debug flag values;
Type dpkg --force-help for a list of forcing options;
Type dpkg-deb --help for help about manipulating *.deb files;
Type dpkg --license for copyright license and lack of warranty (GNU GPL) [*].

Options marked [*] produce a lot of output - pipe it through `less' or `more' !
<pre>

Исто така овој пакет содржи многу други помошни програми како што се, ''dpkg-reconfigure, dpkg-buildpackage, dpkg-scanpackages'' итн. API-то од оваа апликација може да се користи ако се инсталира пакетот '''dpkg-dev'''.

= Создавање на deb пакети =

[[Deb]] пакетите најчесто се прават со повикување на програмата dpkg-buildpackage, која чита од неколку конфигурациони датотеки и решава на кој начин да го изгради пакетот. Овие датотеки се лоцирани во дрвото на [[Датотечен систем|датотечниот систем]] на [[Debian]].

Има четири задолжителни датотеки кои треба да се конфигурираат. ''Датотеката за авторски права'' ги содржи начините според кои пакетот е лиценциран. ''Контролната датотека'' го содржи името на пакетот, опис и [[Зависности|зависности]] од други пакети. Датотеката со правила е Makefile каде се испишани правилата за градење на пакетот. Програмите од комплетот ''debhelper'' често се повикуваат во датотеката со правила.Најголемиот број пакети исто така вклучуваат и други датотеки за одредени потреби и можности.

Штом [[Debian]] пакетот е направен, може да биде проверен за евентуално постоење на грешки со користење на алатката ''lintian''.

= dpkg алатки =

[[Debian]] има серија алатки кои се повикуваат за креирање на пакет. Тие се:
*'''dpkg-source''' пакува и одпакува [[Debian]] пакети за датотеки со изворен код
*'''dpkg-deb''' пакува и одпакува пакети со бинарни датотеки
*'''dpkg-gencontrol''' чита информации од неотпакуваното [[Debian]] изворно дрво и генерира бинарен контролен пакет, како и создава и негова датотека во Debian/files директориумот
*'''dpkg-shlibdeps''' ги пресметува зависностите во однос и на потребните библиотеки
*'''dpkg-genchanges''' чита информации од неотпакуваното [[Debian]] изворно дрво код кое кога креирано креира контролна датотека (.changes)
*'''dpkg-buildpackage''' е контролна скрипта која се користи за конструирање на пакет автоматски
*'''dpkg-distaddfile''' додава влез за датотеки во Debian/files директориумот
*'''dpkg-parsechangelog''' ја чита датотеката со измени (changelog) на неотпакуваното Debian изворно дрво и прикажува јасна информација за тие промени

= Врски =

[http://packages.debian.org/dpkg Dpkg, официјална страна]

[http://www.debian.org/doc/FAQ/ch-pkgtools.en.html Често поставувани прашања за пакет менаџментот во Debian]