Лугоп

Од Сподели wiki
Преработка од 21:38, 5 јуни 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Што е Лугоп ?

Лугоп од Прилеп, групата на корисници на GNU/Linux, е формирана на 4 март 2007 година од страна на Кирил Димески и Филип Чурлиноски. Лугоп постои заради помош на корисниците на GNU/Linux оперативниот систем во градот и пошироко. Името Лугоп доаѓа од англиските зборови GNU/Linux User Group of Prilep. Групата сеуште е млада и се надеваме на успешна работа.

Ние сме..

Млади активисти, ученици во средно училиште. Во групата карактеристично е тоа што, координаторот има 16 години, најмладиот член има 14, а најстариот член има 33 години.

Зошто го правиме баш ова?

Лугоп е формирана да помага, да шири слобода, да развива, да доработува, да соработува, да преговара, да одговара........ повеќе одговори.... на dkire@taratur.com

Нашите цели се..

Да им помагаме на корисниците на слободен софтвер, првенствено на корисниците на GNU/Linux. Да им овозможиме пристап до слободен софтвер и GNU/Linux на корисниците кои сакаат, а неможат да го најдат. Да го спроведеме GNU/Linux како наставна тема по предметот информатика, во образовните процеси.

Врски

Лугола

Слободен софтвер Македонија

Македонски GNU/Linux портал

Македонски GNU/Linux планетариум