OLPC: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 12: Ред 12:


* останати врски кон преведени текстови
* останати врски кон преведени текстови
== Факти ==
Еве неколку работи кои што ќе ве запознаат со лаптопот за секое дете
===Хардвер===
Преносливиот компјутер од 100 американски долари (сегашен модел: [[OLPC|OLPC XO-1]]) е произведен од Quanta Computers, кои имаат 33% од акциите на сите преносливи компјутери низ светот. Содржи AMD LX-Geode CPU на 700Mhz и 256 MB RAM. Нема тврд диск туку 1GB флеш меморија. Дво-режимен SVGA LCD екран (монохромен и во боја) што придонесува во зачувувањето на електричната енергија. Вграден бежичен интерфејс и камера во боја.
===Софтвер===
Софтверот на OLPC е слободен софтвер, оперативниот систем е [[Fedora]] Core, графичката околина се вика Sugar. Како веб прелистувач се користи специјална верзија на [[Firefox]], обработувачот за текст е [[Abiword]], а е-пошта се користи GMail. LinuxBIOS-от е зачуван на 1 MB флеш ROM.


== Врски ==
== Врски ==

Преработка од 17:46, 7 август 2007

XO-1 лаптоп со опис за неговите делови

OLPC или XO-1 или претходно познатиот „Лаптоп од 100 долари“ или „Детска машина“ е ефтиниот пренослив компјутер создаден со цел да биде дистрибуиран на децата низ светот, особено во земјите во развој, со цел овозможување полесен пристап до знаењето. Лаптопот е развиен од трговската асоцијација One Laptop per Child (OLPC), непрофитна организација од САД, создадена од членови на MIT Media Lab со цел дизајнирање, производство и дистрибуција на лаптопот и неговиот софтвер.

Елегантниот компјутер со мала електрична потрошувачка содржи флеш меморија наместо тврд диск и користи GNU/Linux оперативен систем. Мобилното адхок вмрежување се користи за пристап на Интернет од само една врска.

Лаптопите може да се продаваат на владите и да се достават до децата преку училиштата на основа еден лаптоп за секое дете. Цената се очекува да започне од 135 долари па се до 175 долари додека целта е да се достигне цена од 100 долари до 2008г. Во просек, околу 500 машини за развивачи (Alpha-1) беа дистрибуирани во летото 2006г. 875 прототипи пак (Beta-1), беа дистрибуирани на крајот на 2006г, а пак 2400 Beta-2 машини беа дистрибуирани до крајот на Февруари 2007г. Целосно производство е веќе започнато и во тек. Quanta Computer, компанијата која ги доби правата за изработка на овие компјутери, потврди дека за 2007г. се нарачани 1 милион компјутери. Исто така потврдија дека се очекува да произведат од 5-10 милиони XO компјутери до крајот на 2007г. имајќи во предвид дека неколку земји веќе нарачаа компјутери за учениците во нивните земји, вклучувајќи ги Аргентина, Бразил, Либија, Нигерија, Руанда, Тајланд и Уругвај.

Мисија и визија

  • останати врски кон преведени текстови

Факти

Еве неколку работи кои што ќе ве запознаат со лаптопот за секое дете

Хардвер

Преносливиот компјутер од 100 американски долари (сегашен модел: OLPC XO-1) е произведен од Quanta Computers, кои имаат 33% од акциите на сите преносливи компјутери низ светот. Содржи AMD LX-Geode CPU на 700Mhz и 256 MB RAM. Нема тврд диск туку 1GB флеш меморија. Дво-режимен SVGA LCD екран (монохромен и во боја) што придонесува во зачувувањето на електричната енергија. Вграден бежичен интерфејс и камера во боја.

Софтвер

Софтверот на OLPC е слободен софтвер, оперативниот систем е Fedora Core, графичката околина се вика Sugar. Како веб прелистувач се користи специјална верзија на Firefox, обработувачот за текст е Abiword, а е-пошта се користи GMail. LinuxBIOS-от е зачуван на 1 MB флеш ROM.

Врски