Упатство:Инсталација на LAMP

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

LAMP е моќен систем кој на големо се користи секаде. Името доаѓа од Linux, Apache, MySQL и PHP/Perl/Python. Може да го има секој дури и на својот компјутер. Прво Ви е потребна некоја добра GNU/Linux дистрибуција, а потоа проследување на ова упатство.

Припрема

Минимум потребни барања за инсталирање на LAMP систем е најмалку 256MB RAM и ништо повеќе. Евентуалната потреба од графички алатки кои ќе бараат повеќе RAM ќе ја зголемат можноста за дополнителна меморија затоа што, може да се случи MySQL да Ви прикажи “cannot connect to mysql.sock” грешка ако немате доволно меморија на Вашиот сервер.

Во текот на ова упатство ќе работиме на Debian GNU/Linux систем, такашто било која дистрибуција базирана на Debian ќе брка работа.

Една од најмоќните алатки кај Debian GNU/Linux е apt-get. Со оваа алатка премногу е едноставно да инсталирате пакети и нема потреба да се грижите за зависностите на пакети . Сепак мора да купите целосен сервер или VPS пакет ако сакате да имате сопствен сервер. Ако пак сакате да експериментирате со серверот пробајте да купите vps решенија од различни понудувачи.

Да инсталирате и конфигурирате сервер, иако сте нов во GNU/Linux светот денес е многу лесно. Прво превземете го PuTTy ако пристапувате кон серверот со Ssh. Врзете се на вашиот сервер:

 # ssh user@ip

По што ќе бидете запрашани за лозинка за пристап.

Webmin е слободен кој може да го инсталирате на LAMP серверот или серверот за електронска пошта. Webmin овозможува полесно работење со GNU/Linux системот.

Пред да почнете со процедурата на инсталација, обновете ги информациите за пакетите на серверите од каде што ги симнувате:

 $  apt-get update

Инсталирање Apache и PHP

Apache е еден од најраспространетите веб сервери кој работи на сите GNU/Linux дистрибуции. Само со неколку команди може да го конфигурирате Apache да работи со PHP 4 или PHP 5.

За да инсталирате Apache и PHP на Вашиот систем, употребете ја оваа команда:

 $  apt-get install apache2 php4 libapache2-mod-php4

Да инсталирате PHP 5, само извршете ја оваа команда во терминалот. Имајте на ум дека ако не дефинирате дека сакате да се инсталира верзија 4, PHP 5 ќе биде автоматски инсталиран:

 # apt-get install apache2 php5 libapache2-mod-php5

Apache датотеката за конфигурација се наоѓа во: /etc/apache2/apache2.conf, а веб фолдерот е во /var/www.

За да проверите дали PHP е инсталиран и работи правилно, креирајте датотека test.php во /var/www директориумот и во него ставете го само текстот phpinfo(), што впрочем е функција која треба да прикаже информации за PHP.

Во Вашиот прелистувач отворете ја адресата http://127.0.0.1/test.php или било кој loopback кој сте го поставиле по што би требало да Ви се прикаже целата PHP конфигурација и Вашите глобални подесувања за PHP.

Може да ги уредите непотребните вредности или да поставите виртуелни домени со користење на apache конфигурацискиот фајл.

Инсталирање MySQL

Инсталирањето на MySQL серверот за бази е секогаш потребно ако отворате или имате вебсајт кој има потреба од бази на податоци. MySQL е еден од најупотребуваните системи за управување на бази на податоци. Запомнете: користењето на MySQL серверот бара минимум 256MB RAM на Вашиот компјутер. Па ако не користите сајтови за кои е потребна база, не Ви е потребен ни MySQL. Следниве командни линии ќе го инсталираат MySQL 5 серверот и MySQL 5 клиентот:

 $  apt-get install mysql-server mysql-client php5-mysql

Забелешка: Ако веќе имате инсталирано PHP 4, треба малку да инсталирате и:

 $  apt-get install mysql-server mysql-client php4-mysql

Конфигурацискиот фајл за MySQL е: /etc/mysql/my.cnf

Работа со корисници

Пред да го проследите примерот даден овде, Ви препорачуваме да го прочитате и упатството за кориснички права во MySQL.

Обично MySQL креира корисник како root и се пушта без потребна лозинка. Можеби треба да го смените root лозинка-от.

Смена на лозинката

mysql> USE mysql; mysql> UPDATE user SET Password=PASSWORD(’новиот пасворд’) WHERE user=’root’; mysql> FLUSH PRIVILEGES;

Никогаш не треба да користите root лозинка, па мора да креирате корисник кој се поврзува со MySQL базата за PHP. Алтернативно може да додавате корисници до MySQL со користење на Webmin или phpMyAdmin за да можете едноставно да ги обработите правата на корисниците.

PhpMyAdmin инсталација

PhpMyAdmin е згодна веб алатка за администрација на бази на податоци, лесен за инсталација и поставување за Apache. Mенаџирањето на базите може да биде упростено со користењето на PhpMyAdmin.

Се што Ви треба е:

 $ apt-get install phpmyadmin

Phpmyadmin датотеката за конфигурација е лоцирана во: /etc/phpmyadmin директориумот.

За да го поставите под Apache впишете ја оваа линија /etc/apache2/apache2.conf: Include /etc/phpmyadmin/apache.conf

Сега рестартирајте го Apache:

 $ /etc/init.d/apache2 restart

Насочете го Вашиот прелистувач до: http://127.0.0.1/phpmyadmin

Тоа е тоа! MySQL и phpMyAdmin се спремни. Најавете се со Вашиот MySQL root лозинка и креирајте корисници кои можат да работат со php script.