Helix (проектот)

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Helix е проект за продуцирање на софтвер кој може да пушта аудио и видео медија во разни формати, да помогне во продуцирањето на таква медиај, и да ги сервира врз некоја мрежа. Силно е свртен кон слободно дигитално мултимедијално опкружување кое работи на повеќе оперативни системи и процесори (вклучувајќи и моблини телефони) и беше почнат од RealNetworks кои придонесоа за голем дел од кодот.

Helix DNA Client е мулти-платформскиот мулти-форматскиот енџин за пуштање медија. Helix Player е медиа плеер кој работи на GNU/Linux, Solaris и Symbian и е правен врз Helix DNA Client. Helix Producer е апликација која може да помогне во продукцијата на медија датотеки, а Helix DNA Server може да стримува медиа датотеки врз некоја мрежа.

Лиценца

Кодот е ослободен во бинарна и форма на изворен код под многу лиценци, забележително не-слободната RealNetworks Community Source лиценца и слободната RealNetworks Public Source лиценца. Но, Helix DNA Client и Helix Player се под популарната ГНУ-овата Општа Јавна Лиценца (GNU GPL).

Користењето на RDT, неслободниот формат Real Data Transport, и од RealVideo и RealAudio кодеците бара бинарни компоненти дистрибуирани под Helix DNA Technology Binary Research Use лиценцата.

Helix DNA Client

Helix DNA Client ги движи многу мултимедијални апликации, вклучувајќи RealPlayer за Windows, MacOS и GNU/Linux (од верзија 10), RealPlayer Mobile, и Helix Player. Се користи на Nokia, Motorola, Samsung и Sony Ericsson мобилните телефони. Се користи и во мали уреди како Maemo опкружувањето од Nokia, кое се наоѓа на Nokia 770 Internet Tablet. Cingular Video е исто така базирано на опкружувањето. Други проекти кои го поддржуваат ова опкружување се Rhapsоdy на RealNetworks, Banshee и Amarok пуштачите на музика, и MediaReady 4000.