Banshee

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
Главниот прозорец на Banshee

Banshee е слободен аудио плеер за GNU/Linux оперативните системи (и во поново време Novell NetWare OS/2), кои се изградени врз Mono и Gtk#. Ја користи GStreamer мултимедијалната платформа за енкодирање, и декодира повќе музички формати, вклучувајќи Ogg Vorbis, MP3 и FLAC. Banshee може да пушта, внесува и снима аудио CDа и да синхронизира музика со повеќе преносни музички уреди, вклучувајќи го Apple-овиот iPod и Creative Zen музичките уреди. Музиката складирана во iPod-от може да се пушта без синхронизација, а сликата од опаковката на албумот складирани во библиотеката на Banshee е пренесена на iPod-от. Поддршката за MTP (Media Transfer Protocol) и PlaysForSure уредите, како и Rio Karma уредот е планирана за блиска иднина.

Додатоци

Користејќи напредна архитектура на додатоци, Banshee е доста растеглива и лесна за прилагодување. Сегашните стабилни додатоци се:

  • Audioscrobbler: Ја додава можноста за праќање на информацијата од пуштаните песни во плејлистата на корисникот на Last.fm.
Подкасти во Banshee
  • Подкасти: И дозволува на Banshee да се претплатува на подкасти, кои се ажурирани редовно. Исто така постои опција „Пронајди нови подкасти“ која ја користи Podcast Alley.
  • DAAP (Digital Audio Access Protocol) споделување на музика: Дозволува споделување на музичките библиотеки со iTunes и други DAAP-компатибилни музички плеери. Најновата верзија на Banshee не е целосно компатибилна со iTunes 7, дозволувајќи и на iTunes да отвори Banshee библиотека, но не и обратно.
  • Барање на метаподатоци користејќи Musicbrainz: Автоматски зема исчезнати и суплементарни метаподатоци за елементите во библиотеката, вклучувајќи ја и сликата од опаковката на албумот.
  • Музички препораки користејќи Last.fm: Препорачува музика за песната која свири.
  • Mini-mode додаток: Овозможува мал прозорец со малку команди и информации за песната која свири.
  • Поддршка за мултимедијални копчиња во GNOME: Banshee може да се контролира со мултимедијалните копчиња како што се конфигурирани во GNOME.
  • Интернет Радио: Овозможува слушање на интернет радио станици.
  • Икона во областа за известувања: Додава икона во областа за известувања во GNOME.

Helix Banshee

Helix Banshee е модифицирана верзија на Banshee, вклучена во повеќе GNU/Linux дистрибуции како OpenSuSE. Го вклучува Banshee јадрото, модифицирано да го користи Helix опкружувањето а не GStreamer мултимедијалниот енџин за пуштање.

Референци

Музички плеери

Надворешни врски