Можни проблеми при миграција: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
(Ситни поправки низ текстот) |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
Ниту еден [[оперативен систем]] не е совршен, па така и [[GNU/Linux]] не е исклучок. Ако беше совршен немаше постојано да се подобрува! | Ниту еден [[оперативен систем]] не е совршен, па така и [[GNU/Linux]] не е исклучок. Ако беше совршен немаше постојано да се подобрува! | ||
Можно е да се соочите со одредени проблеми кога ќе мигрирате на [[GNU/Linux]], затоа сакаме да Ви укажеме на проблемите на кои може да наидете, | Можно е да се соочите со одредени проблеми кога ќе мигрирате на [[GNU/Linux]], затоа сакаме да Ви укажеме на проблемите на кои може да наидете, сѐ со цел подобра информираност пред миграцијата. | ||
== Софтвер за Windows == | == Софтвер за Windows == | ||
Многу малку е веројатно Вашиот | Многу малку е веројатно Вашиот постоен софтвер за Windows да работи стандардно под [[GNU/Linux]]. [[GNU/Linux]] е сосема различен оперативен систем и како таков, на него ќе може да се користи исклучиво софтвер наменет за таа платформа (види: [[Слободен софтвер]]). За среќа, постојат илјадници софтверски проекти кои Ви нудат алтернативни апликации за Вашите потреби што може да ги заменат апликациите што моментално ги користите. Табела со алтернативен софтвер може да се проследи тука (забелешка: ова е надворешен сајт, копија на табелата која ја одржуваме ние има тука). | ||
Во некои случаи, заради барањата на Вашето работно место можеби ќе бидете приморани да користите одреден софтверски производ кој нема свој еквивалент достапен за [[GNU/Linux]]. | Во некои случаи, заради барањата на Вашето работно место можеби ќе бидете приморани да користите одреден софтверски производ кој нема свој еквивалент достапен за [[GNU/Linux]]. | ||
== Windows | == Емулатори за Windows == | ||
Одредени програми за [[GNU/Linux]] Ви овозможуваат да пуштате Windows | Одредени програми за [[GNU/Linux]] Ви овозможуваат да пуштате апликации за Windows под [[GNU/Linux]] преку методот на „емулација“. Некои од нив се Vmware, Win4lin, bochs, [[Xen]] and [[QEmu]]. Потребен ќе Ви биде инсталациски диск од Windows и лиценца за него, бидејќи овие програми впрочем вршат целосна инсталација на Windows под [[GNU/Linux]]. Потоа можете да го пуштате Windows како и секоја друга апликација под [[GNU/Linux]] и преку емулираната средина да користите софтвер за Windows. | ||
Ако емулирањето не е ваш стил секогаш можете да користите [[GNU/Linux]] на компјутер на кој има инсталирано и Windows, при што кога компјутерот се пушта ќе | Ако емулирањето не е ваш стил секогаш можете да користите [[GNU/Linux]] на компјутер на кој има инсталирано и Windows, при што кога компјутерот се пушта ќе може да изберете кој систем сакате да го користите. | ||
Има и други програми кои овозможуваат слој за компатибилност помеѓу Windows и [[GNU/Linux]] со што се овозможува пуштање на софтвер за Windows без користење на методот на емулација. Една таква програма е и | Има и други програми кои овозможуваат слој за компатибилност помеѓу Windows и [[GNU/Linux]] со што се овозможува пуштање на софтвер за Windows без користење на методот на емулација. Една таква програма е и [[Wine]]. Името Wine доаѓа од англиската кратенка „Wine is not an emulator“ и оваа програма навистина не емулира туку имитира многу од системските функции на Windows (во овој случај не е потребно да инсталирате Windows на Вашиот компјутер). Со ова се овозможува инсталирање на софтвер за Windows преку Wine и негова употреба под [[GNU/Linux]]. Не секој софтвер за Windows функционира со примена на овој метод, но многу апликации (како што е австралиската програма за пресметка на даноци „eTax“) работат со најмал вложен напор. На Интернет има добар извор на информации за тоа кои апликации функционираат со Wine и можете да го прегледате тука. | ||
Покрај тоа што Wine Ви овозможува да инсталирате многу апликации наменети за Windows под [[GNU/Linux]], постои веројатност да искрснат многу проблеми при нивното користење. Постои и комерцијално решение кое е базирано | Покрај тоа што Wine Ви овозможува да инсталирате многу апликации наменети за Windows под [[GNU/Linux]], постои веројатност да искрснат многу проблеми при нивното користење. Постои и комерцијално решение кое е базирано врз Wine и се вика CrossOver Office креирано од развојниот тим Codeweavers. Овој софтвер Ви дозволува лесно да инсталирате многу познати апликации и пакети како што се: Microsoft Office (верзиите 2003, XP, 2000 и 97), Microsoft Project, Microsoft Visio, Adobe Photoshop, Lotus Notes, Quicken, Shockwave Director, QuickTime и многу други, сето тоа под [[GNU/Linux]]. Може да го купите на Интернет при што добивате голема поддршка и помош при инсталирање и пуштање на софтверскиот пакет што сакате да го користите. | ||
Не заборавајте дека постојат прекрасни слободни алтернативни решенија за неслободниот софтвер кој го користите на Windows, но во случај да морате да работите конкретно со некоја програма, тогаш еден од | Не заборавајте дека постојат прекрасни слободни алтернативни решенија за неслободниот софтвер кој го користите на Windows, но во случај да морате да работите конкретно со некоја програма, тогаш еден од горенаведените методи може да биде решение за тоа. | ||
== Игри == | == Игри == | ||
Како и другите софтверски решенија за Windows споменати погоре, повеќето од компјутерските игри нема да можете да ги пуштите стандардно под [[GNU/Linux]]. За среќа, некои компании започнуваат да ги исправуваат ваквите проблеми. Некои од многу познатите игри како што се Unreal Tournament и серијалот Quake работат совршено под [[GNU/Linux]]. Главната причина за тоа е бидејќи тие користат OpenGL како | Како и другите софтверски решенија за Windows споменати погоре, повеќето од компјутерските игри нема да можете да ги пуштите стандардно под [[GNU/Linux]]. За среќа, некои компании започнуваат да ги исправуваат ваквите проблеми. Некои од многу познатите игри како што се Unreal Tournament и серијалот Quake работат совршено под [[GNU/Linux]]. Главната причина за тоа е бидејќи тие користат OpenGL како машина за исцртување. OpenGL е слободна спецификација и под [[GNU/Linux]]-системите работи стандардно. Многу други програми кои ја користат неслободната машина на Microsoft, DirectX 3D ќе може да се пуштаат исклучиво под Windows. Повторно на спас доаѓа Wine затоа што многу игри можат да се пуштат преку него. | ||
Исто како и кај погоре споменатиот Crossover office | Исто како и кај погоре споменатиот Crossover office, има и друг комерцијален производ базиран врз Wine наречен Cedega од TransGaming Technologies, чија специјалност е да нуди поддршка за над две илјади Windows-игри под [[GNU/Linux]]. Поддржани се многу популарни игри како што се '''Half Life 2, Counter Strike, Battlefield, Medal of Honor, Call of Duty, StarCraft, Civilization, Grand Theft Auto, Heroes of Might and Magic, EVE, EverQuest, World of Warcraft''' и многу други. Повеќе информации како и база на поддржани игри може да најдете тука. | ||
Се разбира [[GNU/Linux]] нуди илјадници игри првенствено наменети за него, од аркадни стилови табеларни игри, стратегии, RPG игри, па се до 3D пукачки игри во прво лице. Обемен број на игри со кој децата (и децата во Вас) ќе можат да се забавуваат. | Се разбира [[GNU/Linux]] нуди илјадници игри првенствено наменети за него, од аркадни стилови, табеларни игри, стратегии, RPG-игри, па се до 3D пукачки игри во прво лице. Обемен број на игри со кој децата (и децата во Вас) ќе можат да се забавуваат. | ||
== Компатибилност со Microsoft Office == | == Компатибилност со Microsoft Office == | ||
Форматите на Microsoft Office исто така се тема на дискусија и во поглавјето | Форматите на Microsoft Office исто така се тема на дискусија и во поглавјето „Што со моите податоци?“ на овој сајт. Можеби ќе сакате да го прочитате ако досега не сте го сториле тоа. | ||
Форматот на датотеките на Microsoft Office не е слободен | Форматот на датотеките на Microsoft Office не е слободен туку е затворен формат. Иако типовите на датотеки од Word и Excel се псевдостандарди за големите бизниси, важно е да разберете дека начинот на кој датотеките од апликациите на пакетот Microsoft Office се зачувуваат на Вашиот компјутер не е стандарден. | ||
За среќа, постојат многу апликации за [[GNU/Linux]] кои може да се користат како замена за сите можности на Microsoft Office. Па дури и подобри, програми како канцеларискиот пакет [[OpenOffice.org]] можат дури и да читаат и запишуваат Microsoft Office датотеки. Од верзија 2.0.4, [[OpenOffice.org]] поддржува датотеки од Microsoft Office 95, 97, 2000/XP, и 2003 (за кои постои можност за | За среќа, постојат многу апликации за [[GNU/Linux]] кои може да се користат како замена за сите можности на Microsoft Office. Па дури и подобри, програми како канцеларискиот пакет [[OpenOffice.org]] можат дури и да читаат и запишуваат Microsoft Office датотеки. Од верзија 2.0.4, [[OpenOffice.org]] поддржува датотеки од Microsoft Office 95, 97, 2000/XP, и 2003 (за кои постои можност за изнесување на документот во [[PDF]]). Иако постојат [[Формат|формати]] кои се [[:Категорија:Отворени формати|слободни и отворени]] за потребите што ги имате кога користите компјутер, сепак можеби ќе се соочите со потешкотии при конвертирањето на сложени датотеки од Microsoft Office (пр. кои користат макроа), но поддршката се повеќе и повеќе се подобрува. Со оглед на тоа што Microsoft ги поседува изворниот код и спецификацијата за овие формати, тие можат, и тоа го прават, да ги менуваат форматите со секоја нова верзија. Стандардниот формат на датотеки во [[OpenOffice.org]] е [[Отворен формат за документи|ОДФ]] и е светски признат стандард за отворени документи ISO26300 со што форматите на датотеките нема да станат некомпатибилни во иднина. Тоа значи дека Вашите документи се секогаш безбедни без разлика со кој софтвер ќе посакате да ги отворате и користите. | ||
Ако Ви е потребна поддршка за Microsoft Office во [[GNU/Linux]], [[OpenOffice.org]] треба да Ви заврши работа за речиси | Ако Ви е потребна поддршка за Microsoft Office во [[GNU/Linux]], [[OpenOffice.org]] треба да Ви заврши работа за речиси сѐ што ви е потребно, па дури и повеќе од тоа. Исто така можете да го пробате [[OpenOffice.org]] и додека сте сѐ уште под Windows. | ||
== Хардвер == | == Хардвер == | ||
[[GNU/Linux]] стандардно поддржува повеќе хардверски уреди од било | [[GNU/Linux]] стандардно поддржува повеќе хардверски уреди од кој било друг оперативен систем, но сепак постојат одреден број уреди кои нема лесно да профункционираат. Најчесто овие уреди се нарекуваат „Win-уреди“. Овие компоненти имаат потреба од софтверски дел кој треба да е инсталиран на Windows со цел тие да работат, па така и нивното конфигурирање под [[GNU/Linux]] често е тешко. Пример за вакви уреди се картички за безжично поврзување, некои печатачи и некои внатрешни модеми. Во многу случаи, заедницата на слободен софтвер напишала свои драјвери за овие уреди, но постојат и други ситуации кога производителите не сакаат да издадат дополнителни информации за хардверските компоненти. За среќа сѐ повеќе и повеќе производители нудат поддршка за [[GNU/Linux]], па да се надеваме дека овој проблем за брзо ќе биде минато. | ||
[[GNU/Linux]] нуди поддршка за речиси сите графички картички кои денес се користат, иако можеби не секогаш ги користи целосно 3D потенцијалите на овие компоненти со стандардната инсталација на драјверите. Пр. стандардно постои слободен драјвер со 2D поддршка за NVidia | [[GNU/Linux]] нуди поддршка за речиси сите графички картички кои денес се користат, иако можеби не секогаш ги користи целосно 3D-потенцијалите на овие компоненти со стандардната инсталација на драјверите. Пр. стандардно постои слободен драјвер со 2D поддршка за картичките на NVidia, но не и за 3D. NVidia сепак обезбедува добра поддршка за [[GNU/Linux]] со драјвери кои може во целост да ги искористат 3D-можностите на уредот. Можеби ќе треба да ги инсталирате овие драјвери самостојно (достапни се од многу места на Интернет, како и од сајтовите на самите производители) бидејќи не доаѓаат стандардно со најголемиот број [[GNU/Linux]]-дистрибуции. Ова произлегува како проблем од прашањата поврзани со лиценцaтa за [[GNU/Linux]] која забранува вклучување на ваков тип софтвер во самиот систем. Сепак, инсталацијата на овие драјвери под [[GNU/Linux]] е лесна и секогаш постојат корисници кои ќе Ви помогнат. | ||
== Кодеци == | == Кодеци == | ||
„Кодек“ е кратенка од „кодирање/декодирање“ и се однесува на софтверската компонента која ги преведува видеото и/или аудиото од нивната компресирана во нивната некомпресирана форма. QuickTime е пример за ваков тип на кодек. | |||
За жал, многу од кодеците за вообичаените видео и аудио формати не се напишани за [[GNU/Linux]]. Но постојат пакети како | За жал, многу од кодеците за вообичаените видео и аудио формати не се напишани за [[GNU/Linux]]. Но постојат пакети како „win32-codecs“ кои овозможуваат [[GNU/Linux]] да ги користи кодеците за Windows за да пристапи до мултимедијалните формати и да ги пушта. Повторно, заради ограничувања поврзани со лиценцирањето, многу дистрибутери на [[GNU/Linux]] не ги вклучуваат овие пакети стандардно во нивните дистрибуции. Сепак, ваквите кодеци може лесно да се инсталираат и најчесто постои обемна документација за тоа како да ги инсталирате под одредена дистрибуција. | ||
Обично, заедницата на слободен софтвер има своја слободна верзија на аудио и видео кодеци. Можеби два од најпознати кодеци се аудио кодекот oggvorbis и видео кодекот xvid. Овие кодеци не само што се со | Обично, заедницата на слободен софтвер има своја слободна верзија на аудио и видео кодеци. Можеби два од најпознати кодеци се аудио кодекот oggvorbis и видео кодекот xvid. Овие кодеци не само што се со отворен код туку се и ослободени од патенти. Може да се чувствувате сигурни кога ја енкодирате вашата музика и филмови користејќи ги овие кодеци под [[GNU/Linux]] и се разбира, без грижа за дигиталните рестрикции (DRM). | ||
== Заштитени DVD дискови == | == Заштитени DVD-дискови == | ||
Кога DVD форматот | Кога беше создаден DVD-форматот, тој вклучуваше еден вид на заштита направена со цел да се избегне недозволено копирање. Софтверските DVD-плеери добиваа клучеви за декрипција за да можат да пуштаат најразлични DVD-содржини. Поради многу причини, официјални плеери за DVD за [[GNU/Linux]] не постоеја. На крајот беа откриени пропусти во оваа заштита и беше востановено дека воопшто не се потребни клучеви за пристап до содржините на DVD-дисковите. | ||
Постои пакет со име libdvdcss кој овозможува најголемиот број на | Постои пакет со име libdvdcss кој овозможува најголемиот број на мултимедијални плеери за [[GNU/Linux]] да ја декриптираат и прикажат содржината од DVD-дисковите. Користењето на овој пакет не е дозволен во одредени земји дури ни со Ваши, легално набавени DVD-дискови. Причината за ова се забраните од патентите и дигиталните авторски права. Со овие забрани, пакетот не е вклучен стандардно со [[GNU/Linux]] дистрибуциите. Ако е дозволено да го користите овој пакет во Вашата земја, инсталацијата е многу лесна и ако наидете на проблеми, сигурно ќе најдете луѓе расположени за помош. | ||
==Заклучок == | == Заклучок == | ||
[[GNU/Linux]] има голем број апликации за задоволување на Вашите потреби. Сепак, постојат апликации како Wine, CrossOver, Cedega и други кои ќе овозможат компатибилност со Windows софтвер кој сакате и понатаму да го користите. | [[GNU/Linux]] има голем број апликации за задоволување на Вашите потреби. Сепак, постојат апликации како Wine, CrossOver, Cedega и други кои ќе овозможат компатибилност со Windows софтвер кој сакате и понатаму да го користите. | ||
Како што [[GNU/Linux]] станува | Како што [[GNU/Linux]] станува популарен, сѐ повеќе уреди се произведуваат со стандардна поддршка за него. Постои голема веројатност Вашите хардверски компоненти да работат со стандардна инсталација на [[GNU/Linux]]. Сепак, за да ги искористите сите можности на Вашите уреди можеби ќе треба да инсталирате дополнителни пакети, како драјвери за видео картички и мултимедијални кодеци. Може да се случи некој ефтин „win-хардвер“ да не работи добро под [[GNU/Linux]] и можеби ќе треба да почекате последните верзии на некои игри или друг софтвер да бидат поддржани од Wine. Ако спаѓате во некоја од овие категории, сигурно ќе најдете помош ако се одлучите да го инсталирате и користите системот. | ||
[[Категорија:Миграција]] | [[Категорија:Миграција]] | ||
[[Категорија:Слободен софтвер]] | [[Категорија:Слободен софтвер]] |
Преработка од 22:47, 4 јуни 2007
Ниту еден оперативен систем не е совршен, па така и GNU/Linux не е исклучок. Ако беше совршен немаше постојано да се подобрува!
Можно е да се соочите со одредени проблеми кога ќе мигрирате на GNU/Linux, затоа сакаме да Ви укажеме на проблемите на кои може да наидете, сѐ со цел подобра информираност пред миграцијата.
Софтвер за Windows
Многу малку е веројатно Вашиот постоен софтвер за Windows да работи стандардно под GNU/Linux. GNU/Linux е сосема различен оперативен систем и како таков, на него ќе може да се користи исклучиво софтвер наменет за таа платформа (види: Слободен софтвер). За среќа, постојат илјадници софтверски проекти кои Ви нудат алтернативни апликации за Вашите потреби што може да ги заменат апликациите што моментално ги користите. Табела со алтернативен софтвер може да се проследи тука (забелешка: ова е надворешен сајт, копија на табелата која ја одржуваме ние има тука).
Во некои случаи, заради барањата на Вашето работно место можеби ќе бидете приморани да користите одреден софтверски производ кој нема свој еквивалент достапен за GNU/Linux.
Емулатори за Windows
Одредени програми за GNU/Linux Ви овозможуваат да пуштате апликации за Windows под GNU/Linux преку методот на „емулација“. Некои од нив се Vmware, Win4lin, bochs, Xen and QEmu. Потребен ќе Ви биде инсталациски диск од Windows и лиценца за него, бидејќи овие програми впрочем вршат целосна инсталација на Windows под GNU/Linux. Потоа можете да го пуштате Windows како и секоја друга апликација под GNU/Linux и преку емулираната средина да користите софтвер за Windows.
Ако емулирањето не е ваш стил секогаш можете да користите GNU/Linux на компјутер на кој има инсталирано и Windows, при што кога компјутерот се пушта ќе може да изберете кој систем сакате да го користите.
Има и други програми кои овозможуваат слој за компатибилност помеѓу Windows и GNU/Linux со што се овозможува пуштање на софтвер за Windows без користење на методот на емулација. Една таква програма е и Wine. Името Wine доаѓа од англиската кратенка „Wine is not an emulator“ и оваа програма навистина не емулира туку имитира многу од системските функции на Windows (во овој случај не е потребно да инсталирате Windows на Вашиот компјутер). Со ова се овозможува инсталирање на софтвер за Windows преку Wine и негова употреба под GNU/Linux. Не секој софтвер за Windows функционира со примена на овој метод, но многу апликации (како што е австралиската програма за пресметка на даноци „eTax“) работат со најмал вложен напор. На Интернет има добар извор на информации за тоа кои апликации функционираат со Wine и можете да го прегледате тука.
Покрај тоа што Wine Ви овозможува да инсталирате многу апликации наменети за Windows под GNU/Linux, постои веројатност да искрснат многу проблеми при нивното користење. Постои и комерцијално решение кое е базирано врз Wine и се вика CrossOver Office креирано од развојниот тим Codeweavers. Овој софтвер Ви дозволува лесно да инсталирате многу познати апликации и пакети како што се: Microsoft Office (верзиите 2003, XP, 2000 и 97), Microsoft Project, Microsoft Visio, Adobe Photoshop, Lotus Notes, Quicken, Shockwave Director, QuickTime и многу други, сето тоа под GNU/Linux. Може да го купите на Интернет при што добивате голема поддршка и помош при инсталирање и пуштање на софтверскиот пакет што сакате да го користите.
Не заборавајте дека постојат прекрасни слободни алтернативни решенија за неслободниот софтвер кој го користите на Windows, но во случај да морате да работите конкретно со некоја програма, тогаш еден од горенаведените методи може да биде решение за тоа.
Игри
Како и другите софтверски решенија за Windows споменати погоре, повеќето од компјутерските игри нема да можете да ги пуштите стандардно под GNU/Linux. За среќа, некои компании започнуваат да ги исправуваат ваквите проблеми. Некои од многу познатите игри како што се Unreal Tournament и серијалот Quake работат совршено под GNU/Linux. Главната причина за тоа е бидејќи тие користат OpenGL како машина за исцртување. OpenGL е слободна спецификација и под GNU/Linux-системите работи стандардно. Многу други програми кои ја користат неслободната машина на Microsoft, DirectX 3D ќе може да се пуштаат исклучиво под Windows. Повторно на спас доаѓа Wine затоа што многу игри можат да се пуштат преку него.
Исто како и кај погоре споменатиот Crossover office, има и друг комерцијален производ базиран врз Wine наречен Cedega од TransGaming Technologies, чија специјалност е да нуди поддршка за над две илјади Windows-игри под GNU/Linux. Поддржани се многу популарни игри како што се Half Life 2, Counter Strike, Battlefield, Medal of Honor, Call of Duty, StarCraft, Civilization, Grand Theft Auto, Heroes of Might and Magic, EVE, EverQuest, World of Warcraft и многу други. Повеќе информации како и база на поддржани игри може да најдете тука.
Се разбира GNU/Linux нуди илјадници игри првенствено наменети за него, од аркадни стилови, табеларни игри, стратегии, RPG-игри, па се до 3D пукачки игри во прво лице. Обемен број на игри со кој децата (и децата во Вас) ќе можат да се забавуваат.
Компатибилност со Microsoft Office
Форматите на Microsoft Office исто така се тема на дискусија и во поглавјето „Што со моите податоци?“ на овој сајт. Можеби ќе сакате да го прочитате ако досега не сте го сториле тоа.
Форматот на датотеките на Microsoft Office не е слободен туку е затворен формат. Иако типовите на датотеки од Word и Excel се псевдостандарди за големите бизниси, важно е да разберете дека начинот на кој датотеките од апликациите на пакетот Microsoft Office се зачувуваат на Вашиот компјутер не е стандарден.
За среќа, постојат многу апликации за GNU/Linux кои може да се користат како замена за сите можности на Microsoft Office. Па дури и подобри, програми како канцеларискиот пакет OpenOffice.org можат дури и да читаат и запишуваат Microsoft Office датотеки. Од верзија 2.0.4, OpenOffice.org поддржува датотеки од Microsoft Office 95, 97, 2000/XP, и 2003 (за кои постои можност за изнесување на документот во PDF). Иако постојат формати кои се слободни и отворени за потребите што ги имате кога користите компјутер, сепак можеби ќе се соочите со потешкотии при конвертирањето на сложени датотеки од Microsoft Office (пр. кои користат макроа), но поддршката се повеќе и повеќе се подобрува. Со оглед на тоа што Microsoft ги поседува изворниот код и спецификацијата за овие формати, тие можат, и тоа го прават, да ги менуваат форматите со секоја нова верзија. Стандардниот формат на датотеки во OpenOffice.org е ОДФ и е светски признат стандард за отворени документи ISO26300 со што форматите на датотеките нема да станат некомпатибилни во иднина. Тоа значи дека Вашите документи се секогаш безбедни без разлика со кој софтвер ќе посакате да ги отворате и користите.
Ако Ви е потребна поддршка за Microsoft Office во GNU/Linux, OpenOffice.org треба да Ви заврши работа за речиси сѐ што ви е потребно, па дури и повеќе од тоа. Исто така можете да го пробате OpenOffice.org и додека сте сѐ уште под Windows.
Хардвер
GNU/Linux стандардно поддржува повеќе хардверски уреди од кој било друг оперативен систем, но сепак постојат одреден број уреди кои нема лесно да профункционираат. Најчесто овие уреди се нарекуваат „Win-уреди“. Овие компоненти имаат потреба од софтверски дел кој треба да е инсталиран на Windows со цел тие да работат, па така и нивното конфигурирање под GNU/Linux често е тешко. Пример за вакви уреди се картички за безжично поврзување, некои печатачи и некои внатрешни модеми. Во многу случаи, заедницата на слободен софтвер напишала свои драјвери за овие уреди, но постојат и други ситуации кога производителите не сакаат да издадат дополнителни информации за хардверските компоненти. За среќа сѐ повеќе и повеќе производители нудат поддршка за GNU/Linux, па да се надеваме дека овој проблем за брзо ќе биде минато.
GNU/Linux нуди поддршка за речиси сите графички картички кои денес се користат, иако можеби не секогаш ги користи целосно 3D-потенцијалите на овие компоненти со стандардната инсталација на драјверите. Пр. стандардно постои слободен драјвер со 2D поддршка за картичките на NVidia, но не и за 3D. NVidia сепак обезбедува добра поддршка за GNU/Linux со драјвери кои може во целост да ги искористат 3D-можностите на уредот. Можеби ќе треба да ги инсталирате овие драјвери самостојно (достапни се од многу места на Интернет, како и од сајтовите на самите производители) бидејќи не доаѓаат стандардно со најголемиот број GNU/Linux-дистрибуции. Ова произлегува како проблем од прашањата поврзани со лиценцaтa за GNU/Linux која забранува вклучување на ваков тип софтвер во самиот систем. Сепак, инсталацијата на овие драјвери под GNU/Linux е лесна и секогаш постојат корисници кои ќе Ви помогнат.
Кодеци
„Кодек“ е кратенка од „кодирање/декодирање“ и се однесува на софтверската компонента која ги преведува видеото и/или аудиото од нивната компресирана во нивната некомпресирана форма. QuickTime е пример за ваков тип на кодек.
За жал, многу од кодеците за вообичаените видео и аудио формати не се напишани за GNU/Linux. Но постојат пакети како „win32-codecs“ кои овозможуваат GNU/Linux да ги користи кодеците за Windows за да пристапи до мултимедијалните формати и да ги пушта. Повторно, заради ограничувања поврзани со лиценцирањето, многу дистрибутери на GNU/Linux не ги вклучуваат овие пакети стандардно во нивните дистрибуции. Сепак, ваквите кодеци може лесно да се инсталираат и најчесто постои обемна документација за тоа како да ги инсталирате под одредена дистрибуција.
Обично, заедницата на слободен софтвер има своја слободна верзија на аудио и видео кодеци. Можеби два од најпознати кодеци се аудио кодекот oggvorbis и видео кодекот xvid. Овие кодеци не само што се со отворен код туку се и ослободени од патенти. Може да се чувствувате сигурни кога ја енкодирате вашата музика и филмови користејќи ги овие кодеци под GNU/Linux и се разбира, без грижа за дигиталните рестрикции (DRM).
Заштитени DVD-дискови
Кога беше создаден DVD-форматот, тој вклучуваше еден вид на заштита направена со цел да се избегне недозволено копирање. Софтверските DVD-плеери добиваа клучеви за декрипција за да можат да пуштаат најразлични DVD-содржини. Поради многу причини, официјални плеери за DVD за GNU/Linux не постоеја. На крајот беа откриени пропусти во оваа заштита и беше востановено дека воопшто не се потребни клучеви за пристап до содржините на DVD-дисковите.
Постои пакет со име libdvdcss кој овозможува најголемиот број на мултимедијални плеери за GNU/Linux да ја декриптираат и прикажат содржината од DVD-дисковите. Користењето на овој пакет не е дозволен во одредени земји дури ни со Ваши, легално набавени DVD-дискови. Причината за ова се забраните од патентите и дигиталните авторски права. Со овие забрани, пакетот не е вклучен стандардно со GNU/Linux дистрибуциите. Ако е дозволено да го користите овој пакет во Вашата земја, инсталацијата е многу лесна и ако наидете на проблеми, сигурно ќе најдете луѓе расположени за помош.
Заклучок
GNU/Linux има голем број апликации за задоволување на Вашите потреби. Сепак, постојат апликации како Wine, CrossOver, Cedega и други кои ќе овозможат компатибилност со Windows софтвер кој сакате и понатаму да го користите.
Како што GNU/Linux станува популарен, сѐ повеќе уреди се произведуваат со стандардна поддршка за него. Постои голема веројатност Вашите хардверски компоненти да работат со стандардна инсталација на GNU/Linux. Сепак, за да ги искористите сите можности на Вашите уреди можеби ќе треба да инсталирате дополнителни пакети, како драјвери за видео картички и мултимедијални кодеци. Може да се случи некој ефтин „win-хардвер“ да не работи добро под GNU/Linux и можеби ќе треба да почекате последните верзии на некои игри или друг софтвер да бидат поддржани од Wine. Ако спаѓате во некоја од овие категории, сигурно ќе најдете помош ако се одлучите да го инсталирате и користите системот.