SUSE: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 13: | Ред 13: | ||
= Можности = | = Можности = | ||
Во SuSE е вклучена апликацијата за администрација и инсталација наречена [[Yast|Yast2]] која се справува со [[Партиции|партиционирањето]] на дисковите | Во SuSE е вклучена апликацијата за администрација и инсталација наречена [[Yast|Yast2]] која се справува со [[Партиции|партиционирањето]] на дисковите, и многу други можности за подесување. | ||
Почнувајќи од верзија 10.1, во SuSE е вклучена втора апликација за инсталација на пакети, наречена Zen-Updater, која се користи за ажурирање и надоградување на системот. | |||
[[Категорија:SuSE]] | |||
[[Категорија:GNU/Linux]] |
Преработка од 00:04, 1 април 2007
Историја
Дистрибуцијата SuSE Linux првенствено беше германски превод на Slackware Linux. Во средината на 1992г. беше зоздадена Softlanding Linux System - SLS од Peter MacDonald и беше првата понапредна дистрибуција која содржеше пакети како X системот и TCP/IP стекот. Slackware дистрибуцијата од Patrick Volkerding во најголем дел е базирана на SLS.
S.u.S.E е оформена во 1992г. како група за Unix консалтинг, која редовно вадеше софтверски пакети за SLS и Slackware, како и печатеше Unix/Linux документација. S.u.S.E. е акроним за германската фраза "Software- und System Entwicklung" (софтверско и системско развивање). Исто така постои и гласина која вели дека името е посветено на германскиот компјутерски пионер, Kondrad Zuse. Првата верзија на SLS/Slackware CD-то е издадена во 1994г., под името S.u.S.E Linux 1.0. Подоцна се спои со дистрибуцијата на Florian La Roche, Jurix, за во 1996 да излезе официјалната и единствена S.u.S.E Linux 4.2. Во текот на создавањето и функционирањето, SuSE имплементираше многу аспекти од работата на RedHat Linux (пр. користење на Rpm и /etc/sysconfig). За да се дојде поблиску до нивнита бизнис корисници, SuSE ја претстави верзијата SuSE Linux Enterprise Server (SLES) во 2001г. и конзекутивно го промени името на компанијата во SUSE Linux во септември 2003г. како дел од ребрендирањето кое го извршија тогаш.
На 4 ноември, 2003г. Novell соопшти дека ќе го купи SuSE. Откупувањето беше завршено во јануари 2004г. Според официјалците во Novell, новиот сопственик на SuSE во ниту еден случај нема да го смени начинот на кој дистрибуцијата се развива. На годишниот собир на Novell, BrainShare во 2004г. сите компјутери работеа на SuSE Linux за првпат. На овој собир исто така беше објавено дека комерцијалната алатка Yast2 ќе биде издадена под ОЈЛ, како слободен софтвер, со што SuSE Linux станува целосно слободна дистрибуција.
На 4 август, 2005г. порпаролот на Novell соопшти дека развојот на серијата професионални SuSE верзии ќе стане отворен и како таков ќе се обиде да вклучи дел од своите можности и квалитети во проектот на заедницата openSuSe]], со цел да се привлечат повеќе корисници и развивачи. Со тоа процесот на развивање се направи поотворен, бидејќи кодот веќе беше слободен, само развојот најчесто дотогаш се одвиваше во круговите на Novell. Со тоа се створи можност за лесно ажурирање и надоградување на SuSE преку интернет складишта на заедницата.
Тековната маскота и лого на SuSE Linux е Geeko, познат како „гуштерот на SuSE“.
Можности
Во SuSE е вклучена апликацијата за администрација и инсталација наречена Yast2 која се справува со партиционирањето на дисковите, и многу други можности за подесување.
Почнувајќи од верзија 10.1, во SuSE е вклучена втора апликација за инсталација на пакети, наречена Zen-Updater, која се користи за ажурирање и надоградување на системот.