GNU/Linux

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Како главен претставник на слободниот софтвер, GNU/Linux е систем кој смени многу работи во текот на развојот на информатичката технологија. Многумина кога велат Linux, впрочем мислат на GNU/Linux, а често пати некои GNU го поистоветуваат и со име на дистрибуција. GNU, Linux или GNU/Linux, тоа е систем кој на многумина им ги отвори очите во однос на тоа како навистина информатичката технологија треба да влијае врз општеството во позитивна насока.

Во почетокот на 90-те беше напишан поголемиот дел од GNU системот, со исклучок на јадрото на оперативниот систем. Во 1992, GNU сеуште нема употребливо јадро. Иако за почеток на напорите да се напише јадро на системот GNU е Hurd, проектот сепак како примарно јадро го усвојува Linux јадрото. Со комбинација на GNU системот со Linux се добива комплетен оперативен систем: GNU/Linux. Започна да се формира заедница на корисници на овој систем. Започнаа да се формираат...

Потоа започнуваат да се формираат првите дистрибуции.

  • MCC Interim Linux,
  • TAMU,
  • SLS.

Потоа како посериозна и попрофесионална дистрибуција доаѓа Slackware Linux. На пазарот почнува борба со акции, се појавува Red Hat Linux итн.

Најчесто поделбите се прават врз основа на менаџерот за пакети имплементиран во системот. Така денес постојат:

  • Rpm базирани - користат RPM (Redhat Package Manager) справувач со пакети;
  • Deb базирани - користат DEB (Debian) справувач со пакети;
  • Tgz - иако некои одат кон терминот Slackware базирани дистрибуции - тоа би биле дистрибуции кои се базираат на технологијата применета во Slackware почнувајќи од справувачот за инсталација (tgz пакети) па се до скриптите за иницијализација на системот (BSD-Like)

Врски

GNU.org GNU

Linux кернел

Листа на познати GNU/Linux дистрибуции

Викито на Gentoo

Статистики за корисници и машини кои работат на GNU/Linux