Openformats.org

Од Сподели wiki
Преработка од 12:45, 29 мај 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Што е формат?

Кога пишувате текст, изменувате слика, создавате веб страни, слушате песна или гледате некој од Вашите омилени филмови на вашиот компјутер, се справувате со датотеки. За овие датотеки да може да бидат отворени, прочитани и изменети со Вашите апликации, тие мора да бидат во некаков формат. Форматот е тоа што овозможува апликацијата да ги разбере податоците кои се складирани во датотеката. Форматот, со други зборови, е режим за претставување на овие податоци. Многу често, форматите на датотеките се обележани со три знаци нарешени екстензија или проширување, кое следува по нивното име. На пр. mypage.htm е документ напишан во HTML; Има специфични формати за слики (како JPEG, PNG, GIF, TIF, BMP), обични текстуални датотеки (ASCII, најчесто обележани со проширувањето .txt), за форматиран текст (HTML, RTF, DOC, ODT) и документи за испраќање на печатач (PDF или PS).

Отворени и затворени формати

За да работите со датотека, најчесто е потребна апликација која ќе Ви дозволи да читате, уредувате и зачувате податоци содржани во дадената датотека.

Отворен формат - Форматот на датотеката е отворен ако режимот за претставување на податоците е транспарентен и/или спецификациите за форматот е јавно достапен. Отворените формати се вообичаени стандарди предодредени од јавните авторитети или интернационални институции чија цел е да воспостават норми за софтверска интероперабилност. Сепак постојат случаи кога спецификациите за отворените формати издадени од некоја компанија се јавно достапни за секого. Треба да се забележи дека отворените формати можат да се испрограмираат на транспарентен начин (читливи во секој текстуален уредувач, како што е случајот со маркап јазиците) или во бинарен режим (нечитливи во текстуален уредувач но преку декодирање се добиваат спецификациите на датотеката).

Затворен формат - Форматот на датотеката е затворен или неслободен ако режимот за претставување на податоците е недостапен и неговите спецификации не се јавно достапни. Неслободните формати се развиени од софтверски компании со цел да овозможат кодирање на податоците произведени од нивните апликации. Само софтверот произведен компанијата која ги поседува спецификациите за форматот на датотеката ќе може правилно и целосно да чита и запишува податоци од/во датотеката. Неслободните формати исто така може да се заштитат и преку употребата на патенти и сопственикот на патентот може да бара финансиски или други средства за користење или имплементација на форматот во софтвер изработен од трето лице.

Терминолошка забелешка: овде велиме неслободен, за разлика од другите што велат затворен. Не сакаме да сугерираме со нашиот избор на термини дека се што не е неслободно задолжително е и јавно достапно за сите. Потенциравме во претходниот пасус дека има многу формати чии спецификации се јавни (=отворени) кои сепак се развиени од софтверски компании. Разликата помеѓу отворен и неслободен (или затворен) формат, се состои исклучиво во јавно-достапните спецификации на тие формати.

Користење и разменување на датотеки во неслободен формат

Неслободните формати се нашироко употребувани денес, поради тоа што се користат од многу апликации за процесирање податоци. Неслободните формати ги кодираат податоците на начин што само апликацијата која ги создава може да ги отвора. Спротивно, слободните формати гарантираат дека датотеката ќе може да биде отворена со било кој софтвер напишан за таа цел. Разликата помеѓу отворените и неслободните формати може да биде незабележителна во случаи на локално користење на датотеките. Под локално користење, се мисли на личното користење на датотеки за сопствените потреби, но исто така и на споделување датотеки со други корисници кои дошле до заклучок кој софтвер да го користат за да ги отворат. Се додека употребата не е локална и датотеките се разменети (преку ставање на Интернет сервери, објавување, испраќање преку е-пошта и преку било кој друг начин на кој испраќачот и приемачот немаат взаемен договор кој софтвер да го користат за проследување на податоците), разликувањето на отворените и неслободните формати ќе е многу важно.

Четири причини да не користите неслободни формати

Неслободните формати може да се користат локално без ризик за корисникот по неговите лични потреби или од група на корисници кои претходно се договориле да користат одреден формат и софтвер преку кој ќе соработуваат за дадени цели. Од друга страна пак, споделувањето на датотеки е заедничко делување, чии ефекти влијаат не само на корисникот индивидуално, но исто така и на групата на потенцијалните корисници на податоците во тие датотеки. Споделувањето на датотеки бара конвертирање на оригиналниот формат во формат соодветен за нивно споделување. Отворените формати по дефиниција се формати за разменување, осигуруваат пристапност, интероперабилност и интегритет на податоците. Кога разменувате датотеки во неслободни формати, придонесувате во пропагирањето и присилувањето на корисниците да применуваат туѓи принципи.

Ризик дека корисникот нема да може да пристапи до податоците

  1. Неслободните формати го прават користењето на специфичен софтвер задолжително за овозможување на пристап до податоците во датотеките на тој формат. Преку разменување на датотеки во неслободен формат, практично земате во предвид дека приемачот на датотеката го има потребниот софтвер за отворање и проследување на податоците. Секој корисник кој заради технички причини (пр. корисници кои работат на различна платформа) или финансиски причини (корисници кои не можат да си дозволат купување на бараниот софтвер) не можат да го користат специфичниот софтвер, нема да може да ја отвори датотеката испратена во неслободен формат.
  2. Да претпоставуме дека корисникот ја поседува апликацијата потребна за отворање на датотеката. Дали ова е гаранција за целосна пристапност до податоците во датотеката? За жал не! Стратегија применете од производителите на софтвер, се состои во редовно надоградување на податоците на форматот кои го имплементираат во нивните апликации. Таквата стратегија значи и заложништво за корисникот при употребата на специфичен неслободен софтвер. На овој начин, единствениот начин корисникот да ја осигура пристапноста до неговите податоци во иднина е редовно да купува и да го надоградува специфичниот софтвер.
  3. [Полу-слободни формати и принципи на грабање]. Слична стратегија за заклучување на корисникот со одреден формат на датотеки, е прифаќање на слободен формат на почетокот, се додека корисникот не стане зависен од форматот, по што понатаму ќе следат измени за кои компанијата/производителот ќе каже дека се нивна сопственост, што ќе допринесе до некомпатибилност на оригиланиот формат на датотеките со друг софтвер за таа цел. Оваа стратегија често е прифатена при конвертирањето на јавните стандарди во полу-слободни формати.

Прифаќањето на неслободните или полу-слободните формати е резултат на корпорациските стратегии кои се насочени против потребите на корисниците, кои треба да ја имаат привилегијата за пристапност, интероперабилност и постојаност на разменетите податоци.