Упатство:Миграција од Windows на Ubuntu

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ако имате во предвид да пробате Ubuntu, или веќе се одлучивте да пробате, добредојдовте! Оваа страница е тука за да го направи овај процес поудобен за вас. Опишани се разлики во постапките помеѓу двата системи. Кога ќе се одлучите да се префрлите можете да ја прочитате статијата Миграција од Windows, за да ги префрлите вашите податоци.

Работи кои треба да ги имате во предвид

Имајте ги следниве работи во предвид, затоа што можат да бидат од корист:

  • Дали мојот хардвер е поддржан од Ubuntu?
  • Дали можам да ги извршувам работите кои ми се потребни со Ubuntu?
  • Како можам да ги префрлам моите податоци и поставувања од Windows на Ubuntu?
  • Како можам да најдам помош ако ми е потребна?
  • Дали да го инсталирам Ubuntu покрај Windows, или само Ubuntu?

Прво искуство

Можете да го пробате Ubuntu без ништо да инсталирате или променувате на вашиот компјутер. Само симнете го Ubuntu, ставете го CD-то во вашиот компјутер и ресетирајте (може ќе треба да притиснете копче за да се осигурате дека компјутерот ќе започне од CD-то).

Од CD-то ќе започне инсталација која е работна. Чувствувајте се слободни да истражувате, ништо на вашиот вистински систем не е изменато. Секако дека инсталација од Ubuntu на вашиот тврд диск е многу побрза, и ви дозволува да инсталирате многу додатни Линукс апликации.

Инсталација на Ubuntu

Забелешка: Препорачливо е да се направи back-up копија од важните податоци, пред да правите некоја поголема промена на вашиот компјутер'.

Проблемите при миграцијата за индивидуален компјутер се очигледно различни од тие во компанија. Не постои „правилен“ начин за да, скоро секој ќе има придобивка од правење на тест инсталација. Ова ви дава шанса да се привикнете на користење и поставување на Ubuntu, што ќе ја направи вашата целосна миграција многу полесна, и ви помага да откриете дали Ubuntu е правилното нешто.

Постојат неколку начини за тестирање на Ubuntu:

  • Симнување на CD за инсталација и негово инсталирање покрај вашиот оперативен систем
  • Симнување на CD за инсталација и негово инсталирање на стар систем
  • Симнување на живо CD
  • Користење на Ubuntu инсталација на некој другар на некое време
  • Инсталирање на Ubuntu на виртуелна машина на вашиот постоечки систем

Забележете дека покрај инсталирањето покрај вашиот постоечки оперативен систем, овие поставки нема да ви го дадат целосното искуство на користење на Ubuntu. На пример, виртуелна машина или постар хардвер ќе бидат побавни од вашата моментална инсталација, и Ubuntu инсталацијата на вашиот другар може да биде различна од вашата и во однос на инсталирањето и на хардверот.

Планирање

За упростување на вашата миграција може да создадете план чекор-по-чекор. Подолу е даден пример на домашен корисник:

  1. Снимање и пуштање на Ubuntu живо CD
  2. Проверка на поддршка за хардвер за вашиот печатач, скенер, широкопојасен модем и веб-камера
  3. Листа на алтернативни програми кои може да ги инсталирате и користите
  4. Проверка дали вашите формати на документи се поддржани под Ubuntu
  5. Зачувајте ги сите ваши веб обележувачи и пораки за е-пошта
  6. Спојте ги сите овие датотеки кои сакате да ги зачувате во една папка
  7. Извезете ги сите ваши сметководствени датотеки во табели
  8. Ископирајте ги сите ваши податоци (обележувачи, датотеки, итн) на ДВД
  9. Тестирајте го ДВД-то да се осигурате дека сѐ се ископирало
  10. Направете листа и испечатете ја сета ваша пошта и поставките за Интернет врската, кориснички сметки и зачувани лозинки
  11. Инсталирајте Ubuntu од CD за инсталација
  12. Користете Систем -> Преференции за подесување на системски и кориснички поставки
  13. Инсталирајте сѐ што ви треба од листата на достапни програми достапна подолу
  14. Ископирајте ги сите ваши податоци во вашиот домашен директориум
  15. Увезете ја вашата е-пошта во клиент за пошта

Разлики помеѓу Ubuntu и Windows

Ubuntu и Windows се многу различни на многу начини. Важно е да сте свесни за нив:

Ubuntu користи Linux апликации

На истиот начин на кој Windows користи само софтвер дизајниран за Windows, апликациите мора да бидат изработени за Linux за да може да работат на Ubuntu. Наместо да одите во продавница и да купувате пакована верзија на некој софтвер, како што е веројатно дека би направиле со Windows, поголемиот дел од софтверот за Linux е достапен на Интернет.

Стандардно, Ubuntu доаѓа со многу корисен софтвер:

  • Firefox веб прелистувач - Многу наградуваниот веб-прелистувач со засилена безбедност, јазичиња, проверка на пишувањето, заштита од мамење, и блокирање на скокачки прозорци кои веќе можеби ги користите.
  • Evolution - клиент за е-пошта и личен менаџер за информации кој е погоден за испраќање на пошта и состаноци од календарот на вашите пријатели како што е за синхронизирање на вашиот корпоративен сервер за пошта (да, заедно со Exchange).
  • OpenOffice.org - отворарајте, уредувајте и зачувувајте документи, табели, презентации и бази на податоци во најпопуларните формати - вклучувајќи ги и Microsoft Office, PDF, ODF и Flash.
  • Gaim клиент за инстант пораки - Разговарајте со сите ваши пријатели, без разлика дали користат MSN, Yahoo, AIM, Google Chat, или други мрежи.
  • Totem пуштач на медија - Прост, лесен за употреба аудио и видео пуштач. Тотем моѓе да ги пушта сите познати мултимедијални формати доколку инсталирате некој додатен софтвер.

Постојат илјадници Linux апликации достапни за вас за користење на Ubuntu. Видете инсталирање на софтвер за детали во врска со тоа како да инсталирате нов софтвер.

Системските администратори може да имаат корист од CorporateUbuntu, и Ubuntu.com/Ubuntu/serverguide/C/index.html водичот за Ubuntu сервер.

Доколку не сте во можност да пронајдете алтернатива на Linux за апликација која што сте ја имале на Windows, може да ја извршите Windows апликацијата на Ubuntu со инсталирање на некои екстра алатки.

Постои повеќе од еден начин да ги направите нештата

Ubuntu ви нуди избор - доколку не ви се допаѓа некоја апликација, зошто да не инсталирате нејзина алтернатива? Шемата на бои не ви се допаѓа? Променете ја! Со Ubuntu, не сте ограничени на еден начин на работа.

Пример: кој е најпростиот начин да додадете корисничка сметка на вашиот систем? Во Ubuntu, кликнете Систем -> Администрација -> Корисници и групи.

Но што доколку сакате да создадете 500 кориснички сметки базирани на содржината на табела со податоци? Некој со Unix позадина може да го постигне тоа со 5 текстуални команди.

Може да го користите Ubuntu на начин на кој што сакате; тој е еден од најприлагодливите оперативни системи. Па доколку барате помош, може да ви се понудат неколку различни начини да ја достигнете истата цел и може да изберете кој метод го преферирате.

Инсталирање на апликации

Windows доаѓа само со мал избор на софтвер кој би сакале да го користите на вашиот компјутер. Ubuntu стандардно доаѓа со корисен избор на апликации, како канцелариски програми, веб-прелистувач, мултимедијални апликации и игри.

Сепак, веројатно сеуште треба да инсталирате додатен софтвер одвреме навреме. Апликациите за Windows доаѓаат со голем број на датотеки за инсталација кои може да ги пронајдете и симнете од веб-сајт или да ги инсталирате од CD, можеби со одговарање на серија на прашања пред да сте во можност да го користите софтверот. Во Ubuntu, софтверот доаѓа во пакети, кои можете да ги симнете преку некој од каналите за софтвер на Ubuntu или од други неофицијални страници. Видете Инсталирање на софтвер за повеќе информации во врска со ова.

  • Кога инсталирате пакет, многу ретко ќе бидете прашани да одговорите серија на прашање (вообичаено во Windows)
  • Кога инсталацијата е готова, можете да пристапите до повеќето апликации преку Applications менито, а некои можат да се пристапат преку Preferences или Administration мениата.

Видете во Инсталирање на софтвер, за повеќе информации за инсталирање на нови програми во Ubuntu.

Каде да ги ставите вашите датотеки

Во Windows најверојатно вашите датотеки ги стававте на партиции со ознаки 'C:' или 'D:', можеби во C:\My Documents\Work и сл. Ubuntu има различен начин за ова, наместо индивидуално означени места како C:, се е дел од големото стебло со корен '/'. Можеби ова е малку чудно за почеток, но со текот на времето ќе го совладате без проблем. Корисниците често прашуваат „каде е содржината од мојот CD уред?“.

Буквално се може да се најде во коренот на стеблото ('/', се вика root или корен). Дали тоа е CD уред или USB стик, па дури и споделени датотеки од локалната мрежа (NFS/Samba), сите се лоцирани во главното стебло во различни поддиректориуми. Има многу причини зошто ова е подобро од обичното именување на местата на дискот со букви, но најверојатно крајниот корисник не се грижи за тоа. Најчесто се работи за навика да корисникот се бара во C:, F: или My Documents. Најкрај, каде е содржината од вашиот CD уред?

Ако ставите пренослив диск (флопи диск или CD), кликнете на Места --> Компјутер на мени лентата на врвот на вашиот екран. Сите достапни уреди и точки на монтирање се излистани таму и се што треба да направите е да кликнете двапати на некој од нив за да ја излистате содржината од уредот. Кога ќе кликнете на менито Места, можеби ќе забележите уште некои останати елементи во менито над Компјутер - тие се кратенки до истите тие уреди кои се излистани во Компјутер, за побрзо пристапување кон вашите уреди. Сепак, кога ќе приклучите некој уред кон компјутер на кој работите, неговата содржина треба да се појави во нов автоматски отворен прозорец или да се појави икона на работната површина.

Секој корисник има свој домашен директориум ('Home', /home/username) каде се сместува што му припаѓа него. Документи, фотографии, музика и подесувања, се е таму. Никогаш не треба да зачувате датотека која ви е важна вон вашиот домашен директориум или пренослив уред. Кликнете на Места --> Домашен фолдер да ја видите содржината на вашиот домашен директориум. Некаде овој директориум се реферира како /home/username.

Сите лични податоци ставајте ги во домашниот директориум. Ако треба да најдете или да направите резерва на податоци, сите се на едно место. Речиси сите апликации ќе ги стават нивните конфигурациони алатки во вашиот домашен директориум, додека сите системски конфигурациони датотеки се во /etc/, такашто правењето резервна копија од системот во Ubuntu е навистина лесно. Тоа важи за речиси секоја друга GNU/Linux дистрибуција.

На крај, корисна кратенка е тилдата, знакот '~' со кој се реферира вашиот домашен директориум. Така /home/username/work е исто што и ~/work.

Поддршка за хардвер

Најголемиот број корисници на компјутери користат Microsoft Windows, такашто производителите на хардвер издаваат драјвери и спецификации само за Windows. Кривицата за тоа зошто некои компоненти сеуште немаат поддршка за Linux можеби треба да се бара повеќе кај производителите на тие компоненти отколку во самиот системски софтвер и неговите програмери. Денес има многу волонтери и доброволци што пишуваат драјвери и модули за хардверски компоненти. Во денешно време многу е мала веројатноста да најдете неподдржана хардверска компонента под Linux.

Воопштено:

  • Популарни уреди од добро познати производители на хардвер имаат добра поддршка
  • Може да користите алтернативни хардверски компоненти ако навистина заглавите
  • Има само неколку типови на уреди кои не се поддржани.

Следниве уреди се тие кои најчесто прават проблеми:

Ако имате проблеми, што треба да правите? Може да пробате:

  1. Проверете дали вашиот уред го има на оваа листа
  2. Проверете дали производителот нуди поддршка за Linux
  3. Барајте "<име на уред> Linux driver" на Google
  4. Прашајте на некој форум дали имаат предлог за решениеn
  5. Испратете барање за поддршка на бараната компонента
  6. Испратете е-пошта директно до произведувачот со прашање за поддршка за Linux
  7. Напишете драјвер за уредот самите (за тие што знаат како)
  8. Купете алтернативен хардвер, поддржан од Linux
  9. Ако сите овие можности се исцрпат, користете двојна инсталација, Windows и Ubuntu

Би сакале да може да има поддршка за сите хардверски компоненти, но како што е и наведено, за тоа ќе мора да се зборува со производителите на хардвер кои не сакаат да дадат спецификации за одреден тип хардвер. На тој начин производителите на хардвер губат корисници на нивните компоненти, па можеби ако им се привлече вниманието би посветиле поголемо време врз развој на драјвери и спецификации за Linux.

Дозволи и привилегии

Најголемиот број административни задачи на оперативниот систем, како додавање нови корисници или инсталација на софтвер, бараат 'superuser' (администраторски или рут/root) привилегии. Тоа е така затоа што ако на обичните корисници им се дозволи да ги прават тие работи, може да предизвикаат оштетување на системот. Супер-корисникот е посебен корисник (root) со посебна корисничка сметка кои има неограничен пристап и права на системот. Ако сте вие администратор тогаш сте супер-корисник. Ќе знаете кога се потребни администраторски привилегии, затоа што Ubuntu ве прашува за лозинка секогаш кога тие се потребни. На пример: кликнете Систем --> Администрација --> Синаптик менаџер за пакети.

Во Ubuntu, секоја датотека е во сопственост на некој корисник, најчесто тој кој ја создал. Сопственикот на датотеката има право да ја чита, ако е извршна да ја извршува и да ја менува или брише датотеката.

Правата за пристап кон датотеките се поделени во три групи:

  • права за сопственикот на датотеката
  • права за корисници кои припаѓаат на некоја група
  • права за сите останати

Може да ги менувате правата на датотеката, преку десен клик врз саканата датотека, изберете Својства од контектното мени и избор на ливчето Дозволи.

CD-ња, USB стикови, DVD-ња и други преносливи уреди

Во Windows може само да кликнете на копчето Eject за исфрлање на CD медиумот од уредот. Во Ubuntu тоа воопшто не е различно. Ако користите USB стик, во Windows се појавува икона USB Mass Storage Devices во таскбарот, во Ubuntu е многу поедноставно.

  • Десен клик врз иконата за уредот кој е на работната површина или преку Места --> Компјутер
  • Кликнете Одмонтирај уред или Извади (eject)
  • Отстранете го медиумот или USB уредот

Безбедност

Начинот на кој Linux е дизајниран го прави Ubuntu многу посигурен од Windows. Шансите за заразување со вирус, шпионски, рекламен или злонамерен софтвер се речиси никакви, затоа што кракерите денес повеќе напаѓаат врз Windows системите. Тоа не значи дека безбедноста не треба да се земе во предвид воопшто, сосема напротив. Ubuntu е направен такашто ќе се обиде да го заштити вашиот компјутер од било каков напад или интерно оштетување. Неколку препораки за подобра заштита:

  • Не е најважно и суштински да имате анти-вирусна заштита, сепак може да симнете некоја од анти-вирусните апликации достапни за Linux
  • Ubuntu доаѓа со заштитен ѕид стандардно
  • Прелистувачите за Linux, како што се Firefox (стандардниот во Ubuntu) и Konqueror доаѓаат со стандардни подесувања за поголема безбедност
  • Надоградби и ажурирани пакети се достапни во секое време и многу често. Инсталацијата преку Интернет е многу брза (зависи од вашата Интернет врска)

Терминал

Терминал или емулатор за терминал е уште еден начин за користење на компјутерот. Наместо со кликање на икони и користење на глувчето, може да користите команди и да го оставите Ubuntu да ги изврши директно. Терминалите ги сметаат са напреден начин за управување со оперативен систем и нивната употреба е многу ретка во Windows (каде што се нарекува Command Prompt). Сепак, Ubuntu има терминал кој е стандарден за сите дистрибуции кои доаѓаат со GNOME (gnome-terminal), и преку него можете да имате многу поголема контрола врз она што се случува на вашиот систем. Кликнете Апликации --> Услужни програми --> Терминал за да го пуштите.

На почетниците може да им биде тешко да се вклопат во работата со Терминалот, додека на оние со малку понапредно знаење може да ги користат придобивките и предностите на ваквиот начин на работа. Запомнете, се што правите во терминал може да се прави и преку работната околина со глувче и тастатура, вака само имате поголема контрола врз процесите.

Погледнете ја содржината за GNU/Linux основни команди.

Мала/голема буква и празни места

Датотеките во Ubuntu се осетливи на мала и голема буква. Ова се поврзува со историски причини од времето кога биле создавани првите Unix системи, но тоа во одредени ситуации може да биде многу корисно. Имајте на ум дека името на датотеката fileAbc не е исто што и FileABC.

Исто така некои карактери се сметаат за специјални карактери во името на датотеката, сепак можете да ги користите ако му кажете на компјутерот како да ги користите. Ако сакате да користите некој специјален знак, ставете го знакот '\' пред и по тој специјален знак. Во спротивно, компјутерот може да го искористи тој карактер на начин на кој вие не очекувате. Празното место е специјален знак и е најчесто користен.

Пример, зачувување на датотека со име 'my work':

Патеката /home/username/my work/abc.file може да се третира како две различни низи, /home/username/my и work/abc.file. Зависно од тоа како функционира апликацијата што ја користите.

Додека пак /home/username/my\ work/abc.file е правилно приоѓање кон датотека или фолдер кои во името содржат празно место.

Проблеми од овој тип се карактеристични за постари програми, и најчесто Ubuntu ќе ви дозволи да користите празни места без користење на знакот '\'. Ако сепак ви треба замена за празното место, обидете се со долна црта _.

Пренесување на вашите датотеки и поставувања од Windows

Кога ќе сте спремни за миграција, треба да ги ископирате вашите датотеки и поставувања од Windows на Ubuntu. Постојат многу начини да го направите тоа и методи кои зависат од тоа како сакате да мигрирате.

Мигрирање на податоци од познати апликации

Веројатно го знаете кругот на апликации што ги користите под Windows. Веројатно ќе сакате да се осигурате дека датотеките и информациите кои сте ги користеле за/во овие апликации сеуште може да се користат и во Ubuntu, со што ќе може да ги копирате кога ќе мигрирате.

Пуштање аудио и видео датотеки

Ubuntu има мултимедијални плеер кои овозможуваат пуштање на најпознатите мултимедијални формати, како што се:

  • DVD-ња
  • WMA датотеки
  • AAC датотеки
  • WMV и Quicktime видео
  • RAW слики од некои произведувачи на дигитални камери, итн.

Копирање на датотеки на пренослив диск

Ubuntu без проблем ќе ги прочита сите типови CD или DVD медиуми и преносливи уреди како USB стикови или преносливи тврди дискови. Можете лесно да ги копирате датотеките на таков диск со користење на постоечкиот Windows софтвер, по што ќе може да инсталирате Ubuntu на компјутерот и да ги ископирате податоците назад на Ubuntu партицијата.

Важно - секогаш проверувајте ги резервните копии на податоци пред да инсталирате Ubuntu врз некој друг оперативен систем. Ако нешто тргне наопаку, мали се шансите дека може да ги вратите податоците штом ги избришете партициите.

Пристап до Ubuntu и Windows на ист компјутер

Ако инсталирате Ubuntu покрај постоечка Windows инсталација, можно е да пристапувате до податоците на Windows од вашата Ubuntu инсталација. Ubuntu може да монтира и пристапи до Fat32 или NTFS партиции многу лесно.

Пристап до датотеки од Windows од Ubuntu преку мрежа

Ubuntu може да чита споделени податоци од Windows преку мрежа.

Најчесто тоа е многу едноставно, одете во Места --> Мрежни сервери и одете до компјутерот каде податоците се наоѓаат, внесете го корисничкото име од Windows и лозинката ако сте запрашани.

Ако имате понапредна Windows базирана мрежа, видете како се подесува Samba.