GRUB

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стандардниот GRUB екран на Kanotix Linux

GNU GRUB или скратено GRUB e пакет за пуштање на оперативните системи (анг. boot loader). Дозволува корисникот да има неколку различни оперативни ситеми на својот компјутер и да избира кој од нив да го вклучи. GRUB може да се користи за повеќе различни слики од кернелот и да се додаваат параметри при нивното пуштање.

GNU GRUB претходно е развиен како GRand Unified Bootloader. GRUB работи на кој и да е оперативен систем со повеќе-пуштачко јадро. GNU оперативниот систем, Unix-одините системи и Solaris го корисaт овој пуштач на системи.

GRUB се конфигурира динамички. Ја повикува својата конфигурација при пуштање, дозволувајќи промени за време на пуштањето, пр. избирање различни јадра. GRUB обезбедува едноставна, командна линија слична на Bash која дозволува пишување на нови секвенци за покренување.

GRUB може да се користи за пуштање на различни оперативни системи како Microsoft Windows и OS/2 преку функција наречена синџиресто покренување (chain loading). Ги поддржува сите стандардни Unix датотечни системи, како и VFAT и NTFS користени под Windows. Поддржува LBA (Logical Block Address) режим.

Може да се користи со низа различни кориснички интерфејси. Повеќето GNU/Linux корисници, ја користат можноста за уредено мени за пуштање со позадинска слика, а понекогаш и со поддршка на глушец.

GRUB може да повика оперативен систем преку мрежа, па поддржува компјутерски системи без тврд диск. GRUB автоматски ги декомпресира сликите од оперативните системи пред нивно стартување.

Надворешни врски