Упатство:Подгответе се за Debian: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
 
с (3 ревизии: initial)
 
(Не се прикажани 2 меѓувремени преработки од истиот корисник)
Ред 1: Ред 1:
  ''Пред-инсталационо упатство за [[Debian]] [[GNU/Linux]]. Што треба да знаете за Debian пред да почнете да го користите?''
  ''Пред-инсталационо упатство за [[Debian]] [[GNU/Linux]]. Што треба да знаете за Debian пред да почнете да го користите?''


[[Debian]] е [[слободен|слободен софтвер]] [[оперативен систем]] (ОС) за Вашиот компјутер. Оперативен систем е множество од основни програми и кој прават Вашиот компјутер да работи. [[Debian]] користи [[Linux]] јадро, но поголем дел програмите и алатките доаѓаат од [[GNU]] проектот. Така доаѓа името [[GNU/Linux]].
[[Debian]] е [[слободен софтвер|слободен]] [[оперативен систем]] (ОС) за Вашиот компјутер. Оперативен систем е множество од основни програми и кој прават Вашиот компјутер да работи. [[Debian]] користи [[Linux]] јадро, но поголем дел програмите и алатките доаѓаат од [[GNU]] проектот. Така доаѓа името [[GNU/Linux]].


[[Debian]] [[GNU/Linux]] нуди многу повеќе од обичен оперативен систем: тој доаѓа со повеќе од 18733 пакети, прекомпјалирани програми спакувани во добар формат кој е лесен за инсталација на Вашата машина.
[[Debian]] [[GNU/Linux]] нуди многу повеќе од обичен оперативен систем: тој доаѓа со повеќе од 18733 пакети, прекомпјалирани програми спакувани во добар формат кој е лесен за инсталација на Вашата машина.
Ред 82: Ред 82:


===Ако настане проблем===
===Ако настане проблем===
Ако се појави некој проблем при стартувањето на [[Debian]], сигурно настанал бидејќи тој не можел да препознае некој хардверски уред. Овде би требало да побарате, дали [[GNU/Linux]] го поддржува овој уред. Тоа го правите со пребарување низ Интернет или со стартување на живо CD, како на пример Knoppix CD. Ако хардверскиот уред е поддржан, тогаш сигурно за него постои опција за вклучување при инсталирањето. Ако и покрај барањето низ Интернет и документацијата на [[Debian]], сеуште немате решение, секогаш се достапни форумите на [[Debian]]. Ако се појави грешка за време на инсталирањето, таа ќе се појави на црвен екран. За да прочитате нешто повеќе за грешката притиснете Alt+F3. Со Shift+Page Up и Page Down, движете се низ пораките од грешката. Ако треба да го застанете движењето на пораките низ екранот користете Ctrl+S, а Ctrl+Q за да продолжат. Ако воопшто нема решение за некој проблем што го имате, крајното решение е да го пријавите на тимот за [[Debian]] инсталерот.
Ако се појави некој проблем при стартувањето на [[Debian]], сигурно настанал бидејќи тој не можел да препознае некој хардверски уред. Овде би требало да побарате, дали [[GNU/Linux]] го поддржува овој уред. Тоа го правите со пребарување низ Интернет или со стартување на живо CD, како на пример [[Knoppix]] CD. Ако хардверскиот уред е поддржан, тогаш сигурно за него постои опција за вклучување при инсталирањето. Ако и покрај барањето низ Интернет и документацијата на [[Debian]], сеуште немате решение, секогаш се достапни форумите на [[Debian]]. Ако се појави грешка за време на инсталирањето, таа ќе се појави на црвен екран. За да прочитате нешто повеќе за грешката притиснете Alt+F3. Со Shift+Page Up и Page Down, движете се низ пораките од грешката. Ако треба да го застанете движењето на пораките низ екранот користете Ctrl+S, а Ctrl+Q за да продолжат. Ако воопшто нема решение за некој проблем што го имате, крајното решение е да го пријавите на тимот за [[Debian]] инсталерот.


[[Категорија:Упатства]]
[[Категорија:Упатства]]
[[Категорија:Debian]]
[[Категорија:Debian]]

Последна преработка од 17:40, 29 јануари 2011

Пред-инсталационо упатство за Debian GNU/Linux. Што треба да знаете за Debian пред да почнете да го користите?

Debian е слободен оперативен систем (ОС) за Вашиот компјутер. Оперативен систем е множество од основни програми и кој прават Вашиот компјутер да работи. Debian користи Linux јадро, но поголем дел програмите и алатките доаѓаат од GNU проектот. Така доаѓа името GNU/Linux.

Debian GNU/Linux нуди многу повеќе од обичен оперативен систем: тој доаѓа со повеќе од 18733 пакети, прекомпјалирани програми спакувани во добар формат кој е лесен за инсталација на Вашата машина.

Последна стабилна верзија на Debian, што може да ја превземете е Debian GNU/Linux 4.0r2 објавена во Декември 2007.

Искуството при инсталирање Debian може да биде различно, во зависност од хардверот и барањата на Debian. Затоа ова не е дефинитивно упатство за инсталација, туку во него се опфатени најважните точки при процесот. Иако Debian има добра репутација како функционална дистрибуција, нема добро репутација за нејзина инсталација. Меѓутоа после Debian 3.1, со кодно име Sarge, инсталацијата е подобрена и многу олеснета. Најдобар совет за инсталирање на Debian е внимателно читање на поставените правила, меѓутоа и екпериментирање со инсталерот. Може да се случи со првата инсталација да не го добиете тоа што го сакате, но не се откажувајте. Debian важи за еден од најстабилните GNU/Linux дистрибуции, па вреди да се постави како што треба.

Стандардното инсталирање Debian, без дополнителни поставувања во инсталерот ќе го пребрише целиот хард диск и ќе направи една партиција која ќе биде зафатена само од него. Значи целиот диск ќе биде посветен на него. Обично не е тоа, тоа што го сакаме, затоа на овој дел треба да се посвети повеќе внимание. Прво правило, пред инсталирањето е да се зачуваат сите потребни податоци што веќе ги има на дискот за да не дојде до нивно губење.

Опремете се

Прво, земете копија од упатствата од официјалната страна на Debian. Овие упатства може да ги разгледате и во исталационото CD во doc/install директориумот. Следно, добијте копија од инсталацијата. Наједноставен начин е од веб страницата. Таму може да симнете CD или DVD со Debian. Друг начин на инсталација е со мрежна инсталација, кој инсталира мала верзија на Debian, а се друго се инсталира преку Интернет.

Почеток на инсталацијата

Пред да го вклучите инсталационото CD, бидете сигурни дека ги зачувавте сите потребни податоци и ослободивте место на дискот каде што сакате да го инстарате. Комплетно празен хард диск е идеално.

Ако сакате да задржете оперативен систем кој е претходно инсталиран на Вашиот компјутер, на пр. Windows, можете да ослободите простор со Partition Magic и да го форматирате со ext3 податочниот систем.

За да се стартува CD-то со Debian, мора во BIOS да поставите оптичкиот уред да биде првата локација каде што ќе се бара бутабилен медиум. Како прво, се добива логото на Debian, со текст: Press F1 for help, or ENTER to boot. Стандардно е да притиснете ентер, со тоа што инсталерот ќе почне, меѓутоа доколку има некаков проблем со инсталирање, пробајте ја опцијата „expert“ која ќе го префрли инсталерот во мод на експерти. Овде ќе може да изменете нешто што со стандардната инсталација прави проблеми. Не ја користете оваа опција ако не Ви е потребна. Едноставно продолжете со Ентер.

Поставување мрежа

Откако ќе почне инсталацијата, Ве носи низ серија менија од кои треба да изберете. Се работи за едноставни менија, каде што со движење нагоре и надолу со стрелките, избирате: јазик, временска зона, избор на тастатура и сл. Овие работи зависат од корисникот и сам ги поставува. Кога завршувате со ова, доаѓа поставувањето мрежа. Наједноставно би било кога Вашиот компјутер би бил поврзан на DHCP мрежа која автоматски ќе додели IP адреса. Ако инсталирате од CD-a, може да поставите „рачно“ IP адреси или пак, кликнете само кликнете ОК за да продолжете без конфигурирање на мрежата. Последна фаза од поставувањето на мрежата е избирањето на име на домаќин и домејн. Овие податоци се потребни за компјутерот да биде познат и идентификуван на мрежата. Добро е да ги прифатите понудените опции од инсталерот. Секогаш може да ги промените после инсталацијата.

Делење на дискот

Debian, како секој GNU/Linux, го дели дискот за неколку намени. Минималните барања за него се две партиции, една за инсталација на дистрибуцијата и една како swap простор (виртуелната меморија која ја користи Линикс кога нема потреба да запишува на физичката меморија). Ова е еден од деловите кои и не можат комплетно да се поправат после инсталацијата, ако не е убаво направено за време на овој процес. Затоа овде се бара големо внимание.

За избор, во главно има две опции на сите Debian верзии: да се избрише и користи целиот диск или да се оди со делење на дискот „рачно“. Користејќи ја првата опција, или „guided partitioning“ ќе се сретнете со три начини на поставување: сите датотеки во една партиција, инсталирање на домашен компјутер со сите податоци од /home на друга партиција или пак, повеќекориснички мод со посебна партиција за секој од /, /home, /usr, /var и /tmp. За нови корисници, добро е да се користи втората опција, каде што оперативниот систем ќе биде инсталиран на една партиција, а документите ќе се чуваат на друга. При преинсталација на дистрибуцијата, сите податоци ќе бидат зачувани. Откако ќе го поминете овој чекор, изберете finish за да ги запишете сите промени на дискот.

Ако сакате да задржите оперативен систем кој веќе постои на дискот, мора да ја изберете втората опција. Ова ќе Ви ги прикаже сите партиции кои постојат на дискот и ќе Ви овозможи да ги користите. Минимално барање овде се двете партиции: / и swap, а мора да имате место за нив. Најдобро е кога тој простор е веќе преформатиран со податочниот систем. ext3 e стандарден податочен систем за Debian. Ова е тестиран податочен систем со можност за journaling, што значи дека може да се поправи лесно после падови. Понапредни корисници може да користат и други податочни системи. Ако користите RAID или Logical Volume Manager системи за управување со диск, овде може да ги направите поставувањата. Во секој случај, доколку бирате и друга партиција, мора да изберете „use“ за неа, за да може да ја користите. За неа исто така треба да се постави и на која локација таа ќе се монтира. Сите дополнителни партиции може да ги монтирате во /media/hda<broj> каде што за број може да го внесете бројот од уредот. Пр. /dev/hda1 кој е првата партиција на првиот хард диск, може да ја монтирате во /media/hda1. Новите корисници може да ги монтираат Windows партициите како /media/c или /media/d со што ќе им биде многу јасно за што се работи.

Последно од партиционирањето инсталацијата на boot loader. Со Debian доаѓа grub boot loader, кој ќе ги пронајде сите инсталации на оперативни системи на дискот и ќе направи да може да се стартуваат. Најдобро е да се инсталира на MBR или Master Boot Record, кој е наменет за оваа работа. Може да се користи и друг boot loader како Lilo или Linux Loader, a повеќе за тоа консултирајте се со „Making Your System Bootable“ делот во документацијата на Debian.

Кога партиционирањето е завршено, инсталерот ќе ги копира податоците на тврдиот диск и ќе го извади инсталациониот медиум. Овде ќе бидете запрашани дали се согласувате компјутерот да биде ресетиран. Бидете сигурни дека ќе го извадите CD-то или DVD-то од уредот.

После ресетирањето, корисникот ќе се сретне со менито од grub. На него ќе има листа на сите оперативни системи кои постојат на тој диск. После неколку секунди автоматски ќе се вклучи Debian. Со контролите за нагоре и надолу, може да го менувате изборот на оперативен систем.

Неколку прашања на кои одговарате при инсталирање на Debian

Временска зона

Изберете ја временската зона во која се наоѓате (кај нас е GMT+1). Доколку користите dual-boot или повеќе оперативни системи на еден компјутер внимавајте да биде истата временска зона и кај двата, затоа што може да дојде до несакано менување на часовникот преку BIOS. Ако направите грешка при поставувањето на временска зона, подоцна може да ја измените со повикување на командата tzsetup како супер корисник.

Администраторска шифра

Root, или супер корисник, администратор на системот, може да прави измени на се во оперативниот систем. Кога ја внесувате оваа шифра, внимавајте, бидејќи е најважната системска шифра. Ќе биде барана секогаш кога ќе треба да се направи сериозна измена на системот.

Кориснички сметки

Ова е иницијалната корисничка сметка која ќе ја користите. Внесете го полното име и презиме, а потоа името кое ќе го користите за најавување и негова шифра.

вКонфигурација на APT=== APT е механизам кој го користат Debian корисниците за уредување и инсталација на нови софтверски пакети. Пред да заврши цела инсталација, мора да изберете извор, од кој apt ќе инсталира пакети. Ако инсталирате од оптички уред, изберете CDrom и внесувајте ги сите еден по еден за обработка. Овде исто може да изберете интернет локација од која ќе вршите надградби на системот. Изберете една од понудените локации. Кога на тој далечен сервер ќе се појават надградби за системот, ќе бидете известени дали сакате да ги инсталирате.

Избор на софтвер

Десктоп околина Инсталира X.org графички систем, плус GNOME или KDE работна околина.

Веб сервер

Инсталира Apache 2 веб сервер.

Сервер за печатење

Инсталира CUPS (CUPS) и ја поставува Вашата машина како сервер за печатење.

DNS сервер

Инсталира Berkeley Internet Name Deamon (BIND) за услужување DNS барања.

Mail сервер

Инсталира Exim 4 сервер за e-mail

SQL бази

Инсталира PostgreSQL сервер за релациони бази

Ако настане проблем

Ако се појави некој проблем при стартувањето на Debian, сигурно настанал бидејќи тој не можел да препознае некој хардверски уред. Овде би требало да побарате, дали GNU/Linux го поддржува овој уред. Тоа го правите со пребарување низ Интернет или со стартување на живо CD, како на пример Knoppix CD. Ако хардверскиот уред е поддржан, тогаш сигурно за него постои опција за вклучување при инсталирањето. Ако и покрај барањето низ Интернет и документацијата на Debian, сеуште немате решение, секогаш се достапни форумите на Debian. Ако се појави грешка за време на инсталирањето, таа ќе се појави на црвен екран. За да прочитате нешто повеќе за грешката притиснете Alt+F3. Со Shift+Page Up и Page Down, движете се низ пораките од грешката. Ако треба да го застанете движењето на пораките низ екранот користете Ctrl+S, а Ctrl+Q за да продолжат. Ако воопшто нема решение за некој проблем што го имате, крајното решение е да го пријавите на тимот за Debian инсталерот.