Како почна GNU/Linux: Разлика помеѓу преработките
(Ситни корекции) |
с (5 ревизии: initial) |
(нема разлика)
|
Последна преработка од 17:35, 29 јануари 2011
Се плашам од Грците, дури и кога носат подароци.
---Вергилиј Енеида
Горнава реченица најдобро ја обајснува XEROX ситуацијата. Хартијата повторно се заглавуваше во новиот печатач кој лабораторијата за вештачка интелигенција при MIT го доби како подарок. Сталман, хакерски расположен, одлучи сам да го среди проблемот. И го стори тоа, но не го доби изворниот код на софтверот од XEROX. XEROX ги удри темелите на затворениот софтвер, ја поткопа слободната соработка во програмерската заедница, но и придонесе за создавањето на GNU/Linux.
На 27 септември – вторник, 1983 година, во 12:35:59 според источно време Ричард Метју Сталман го објави почетокот на својот проект:
Слободен UNIX!
Почнувајќи од Денот на благодарноста, ќе напишам целосен Unix – компатибилен систем наречен GNU (за Gnu's Not Unix) и ќе го давам слободно/бесплатно (1) на сите кои можат да го користат. Придонеси од време, пари, програми и опрема се многу потребни.
(1) Оваа забелешка кажува дека Ричард сѐ уште не ја имал разјаснето разликата помеѓу „слободен говор“ и „бесплатно пиво”.
(…) Во 1971, кога Ричард Сталман ја започна својата кариера на MIT, тој работеше во група која користеше исклучиво слободен софвтер. Дури и комјутерските компании често дистрибуираа слободен софтвер. Програмерите можеа слободно да сораборуваат меѓу себе и често и го правеа тоа.
До 1980-тите скоро целиот софтвер беше затворен (proprietary), што значи дека има сопственици кои ја забрануваат и спречувааат соработката помеѓу корисниците. Ова го направи неопходен проектот GNU.
На секој компјутер му треба оперативен систем; доколку нема слободен оперативен систем, не можеш ни да почнеш да користиш компјутер без да прибегнеш кон затворениот софтвер. Така првото нешто на агендата на слободниот софтвер е слободниот оперативен систем.
Оперативниот систем не е само кернел; тој вклучува и компајлери, едитори, форматери на текст, софтвер за електронска пошта и многу други работи. Така пишувањето на цел оперативен систем е многу голема работа. Потребни беа многу години.
Одлучивме да го направиме оперативниот систем компатибилен со Unix бидејќи целосниот дизајн беше веќе докажан и портабилен и бидејќи компатибилноста ќе овозможи корисниците на Unix лесно да се префрлат од Unix на GNU.
Почетната цел за слободен Unix-оиден оперативен систем беше постигнта. До 1990-тите или ги имавме најдено или ги имавме напишано сите главни компоненти освен една – кернелот. Тогаш Линус Торвалдс го разви Linux, кој е слободен кернел. Комбинирањето на Linux со скоро готовиот GNU-систем резултираше во комплетен оперативен систем: GNU-систем базиран врз Linux. Проценките се дека денес стотици илјади луѓе го користат GNU-системот базиран на Linux, вклучувајќи ги Slackware, Debian, Red Hat, и други. (…)
http://www.faifzilla.org/ch01.html