GNU (оперативен систем): Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 12: | Ред 12: | ||
[http://www.gnu.org/ Официјалната страна на проектот] | [http://www.gnu.org/ Официјалната страна на проектот] | ||
[[Категорија: | [[Категорија:GNU/Linux]] |
Преработка од 14:28, 18 октомври 2006
GNU е оперативен систем којшто се состои од јадро, библиотеки, системски алатки, компајлери и кориснички апликации. Неговото име е рекурзивен акроним од "GNU's Not Unix", коешто е одбрано бидејќи GNU има Unix дизајн, но не содржи Unix код. Планот за GNU оперативниот систем е објавен во Септември 1983 од Richard Stallman а развојот на софтверот започна во Јануари 1984. Во 2006 година GNU сеуште е под активен развој. Проектот за развој на GNU е познат како Проект GNU а програмите објавени под патронажа на Проектот GNU се нарекуваат GNU пакети или GNU програми.
До 2006 сеуште не е објавен целосен GNU систем. Официјалното јадро на GNU е GNU Hurd но тој сеуште не е завршен па така повеќето GNU корисници го користат Linux јадрото. Иако Linux сеуште не е официјално прифатен како јадро на GNU, GNU официјално вклучува друг надворешен софтвер како на пример X.org и TeX. Верзиите на GNU коишто го користат Linux јадрото често се нарекуваат Linux, според името на јадрото. Проектот GNU бара овие системи да се нарекуваат GNU/Linux.
Многу програми од системот GNU се портирани на многубројни други оперативни системи, како Windows, BSD, Solaris и Mac OS.
Лиценците GNU General Public License (GPL), GNU Lesser General Public License (LGPL), и GNU Free Documentation License (GFDL) се напишани за GNU, но истотака се користат од страна на многу други проекти.