Openformats.org: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ред 82: Ред 82:
* TIFF, исто така во сопственост на '''Adobe''';
* TIFF, исто така во сопственост на '''Adobe''';


[[Категорија:Слободен софтвер]]
[[Категорија:Отворени формати]]

Преработка од 13:03, 29 мај 2007

Што е формат?

Кога пишувате текст, изменувате слика, создавате веб страни, слушате песна или гледате некој од Вашите омилени филмови на вашиот компјутер, се справувате со датотеки. За овие датотеки да може да бидат отворени, прочитани и изменети со Вашите апликации, тие мора да бидат во некаков формат. Форматот е тоа што овозможува апликацијата да ги разбере податоците кои се складирани во датотеката. Форматот, со други зборови, е режим за претставување на овие податоци. Многу често, форматите на датотеките се обележани со три знаци наречени екстензија или проширување, кое следува по нивното име. На пр. mypage.htm е документ напишан во HTML; Има специфични формати за слики (како JPEG, PNG, GIF, TIF, BMP), обични текстуални датотеки (ASCII, најчесто обележани со проширувањето .txt), за форматиран текст (HTML, RTF, DOC, ODT) и документи за испраќање на печатач (PDF или PS).

Отворени и затворени формати

За да работите со датотека, најчесто е потребна апликација која ќе Ви дозволи да читате, уредувате и зачувате податоци содржани во дадената датотека.

Отворен формат - Форматот на датотеката е отворен ако режимот за претставување на податоците е транспарентен и/или спецификациите за форматот е јавно достапен. Отворените формати се вообичаени стандарди предодредени од јавните авторитети или интернационални институции чија цел е да воспостават норми за софтверска интероперабилност. Сепак постојат случаи кога спецификациите за отворените формати издадени од некоја компанија се јавно достапни за секого. Треба да се забележи дека отворените формати можат да се испрограмираат на транспарентен начин (читливи во секој текстуален уредувач, како што е случајот со маркап јазиците) или во бинарен режим (нечитливи во текстуален уредувач но преку декодирање се добиваат спецификациите на датотеката).

Затворен формат - Форматот на датотеката е затворен или неслободен ако режимот за претставување на податоците е недостапен и неговите спецификации не се јавно достапни. Неслободните формати се развиени од софтверски компании со цел да овозможат кодирање на податоците произведени од нивните апликации. Само софтверот произведен компанијата која ги поседува спецификациите за форматот на датотеката ќе може правилно и целосно да чита и запишува податоци од/во датотеката. Неслободните формати исто така може да се заштитат и преку употребата на патенти и сопственикот на патентот може да бара финансиски или други средства за користење или имплементација на форматот во софтвер изработен од трето лице.

Терминолошка забелешка: овде велиме неслободен, за разлика од другите што велат затворен. Не сакаме да сугерираме со нашиот избор на термини дека се што не е неслободно задолжително е и јавно достапно за сите. Потенциравме во претходниот пасус дека има многу формати чии спецификации се јавни (=отворени) кои сепак се развиени од софтверски компании. Разликата помеѓу отворен и неслободен (или затворен) формат, се состои исклучиво во јавно-достапните спецификации на тие формати.

Користење и разменување на датотеки во неслободен формат

Неслободните формати се нашироко употребувани денес, поради тоа што се користат од многу апликации за процесирање податоци. Неслободните формати ги кодираат податоците на начин што само апликацијата која ги создава може да ги отвора. Спротивно, слободните формати гарантираат дека датотеката ќе може да биде отворена со било кој софтвер напишан за таа цел. Разликата помеѓу отворените и неслободните формати може да биде незабележителна во случаи на локално користење на датотеките. Под локално користење, се мисли на личното користење на датотеки за сопствените потреби, но исто така и на споделување датотеки со други корисници кои дошле до заклучок кој софтвер да го користат за да ги отворат. Се додека употребата не е локална и датотеките се разменети (преку ставање на Интернет сервери, објавување, испраќање преку е-пошта и преку било кој друг начин на кој испраќачот и приемачот немаат взаемен договор кој софтвер да го користат за проследување на податоците), разликувањето на отворените и неслободните формати ќе е многу важно.

Четири причини да не користите неслободни формати

Неслободните формати може да се користат локално без ризик за корисникот по неговите лични потреби или од група на корисници кои претходно се договориле да користат одреден формат и софтвер преку кој ќе соработуваат за дадени цели. Од друга страна пак, споделувањето на датотеки е заедничко делување, чии ефекти влијаат не само на корисникот индивидуално, но исто така и на групата на потенцијалните корисници на податоците во тие датотеки. Споделувањето на датотеки бара конвертирање на оригиналниот формат во формат соодветен за нивно споделување. Отворените формати по дефиниција се формати за разменување, осигуруваат пристапност, интероперабилност и интегритет на податоците. Кога разменувате датотеки во неслободни формати, придонесувате во пропагирањето и присилувањето на корисниците да применуваат туѓи принципи.

Ризик по пристапот до податоците

  1. Неслободните формати го прават користењето на специфичен софтвер задолжително за овозможување на пристап до податоците во датотеките на тој формат. Преку разменување на датотеки во неслободен формат, практично земате во предвид дека приемачот на датотеката го има потребниот софтвер за отворање и проследување на податоците. Секој корисник кој заради технички причини (пр. корисници кои работат на различна платформа) или финансиски причини (корисници кои не можат да си дозволат купување на бараниот софтвер) не можат да го користат специфичниот софтвер, нема да може да ја отвори датотеката испратена во неслободен формат.
  2. Да претпоставуме дека корисникот ја поседува апликацијата потребна за отворање на датотеката. Дали ова е гаранција за целосна пристапност до податоците во датотеката? За жал не! Стратегија применете од производителите на софтвер, се состои во редовно надоградување на податоците на форматот кои го имплементираат во нивните апликации. Таквата стратегија значи и заложништво за корисникот при употребата на специфичен неслободен софтвер. На овој начин, единствениот начин корисникот да ја осигура пристапноста до неговите податоци во иднина е редовно да купува и да го надоградува специфичниот софтвер.
  3. [Полу-слободни формати и принципи на грабање]. Слична стратегија за заклучување на корисникот со одреден формат на датотеки, е прифаќање на слободен формат на почетокот, се додека корисникот не стане зависен од форматот, по што понатаму ќе следат измени за кои компанијата/производителот ќе каже дека се нивна сопственост, што ќе допринесе до некомпатибилност на оригиланиот формат на датотеките со друг софтвер за таа цел. Оваа стратегија често е прифатена при конвертирањето на јавните стандарди во полу-слободни формати.

Прифаќањето на неслободните или полу-слободните формати е резултат на корпорациските стратегии кои се насочени против потребите на корисниците, кои треба да ја имаат привилегијата за пристапност, интероперабилност и постојаност на разменетите податоци.

Ризик за пренос на доверливи информации

Неслободните формати ја кодираат информацијата која не е јавно видлива. Само создавачот на форматот или сопственикот на софтверот може го чита форматот и кој го има „клучот“ за целосно декодирање на форматот може да пристапи до податоците во датотеката.

Често, кога податоците се зачувуваат, софтверот додава информации кон датотеката чиј преглед е недостапен за обичниот корисник, како што е корисничкото име, серискиот клуч на софтверскиот производ, типот на оперативниот систем, компјутерот на кој корисникот работи, директориумот каде што стоела датотеката итн. Некои од овие информации може често се складираат во читлива форма за корисниците, без знаење на авторот и може да бидат пристапни од секого: анегдотата со анонимниот политички манифест испратен во MSWord формат со името на авторот достапно во Својствата на документот е веројатно најпознатиот случај за неочекувани последици при користење на неслободни формати како и размената на податоци во вакви датотеки. Има и посериозни последици отколку неможноста да се заштитат личните податоци, како пренесувањето на воени информации или трговски тајни. Интересно е да се знае дека луѓето, без да им трепне око прифаќаат, дека Министерството за одбрана на некоја земја создава и споделува документи со информации достапни само за приватни компании во странство. Преносот на документи во неслободни формати значи и пренесување на информации за кои никој речиси и не знае, освен сопственикот на софтверот кој може да го проследи форматот.

Вируси и ризик Вие се заразите

Најчесто вирусите се прошируваат преку инфицирани датотеки споделени помеѓу корисници. Таквите вируси ги експлоатираат пропустите во некоја апликација или безбедносна архитектура на некој оперативен систем, за да извршат злонамерен код. Размножувањето на вируси во овие случаи се потпира врз фактот што мнозинството корисници користат ист тип на софтвер и споделуваат податоци на стандардниот неслободен софрмат на тој софтвер. Така, многу од вирусите не се само специфични за одредена системска платформа, туку и специфични за одреден апликативен софтвер. Во многу случаи, преку користењето на различни апликации, системот е имун на овие типови на вируси (пр. големиот број на макро-вируси за MS Word). Користењето на отворени формати кои не зависат од одреден софтверски производ и платформа, ги прави податоците интероперабилни и пристапни од секаде, го ослабнува ширењето на вируси и обесхрабрува нивното распространување. Многу е лесно да создадете вирус кој ќе ги експлоатира непознатите пропусти на едноставна, широко-употребувана апликација, отколку ставање на злобен код во формат кој може да се прочита од голем број апликации на различни платформи

Поддршка на постоечките монополи

Овој проблем можеби и не е од значење за обичниот корисник, но има значително влијание врз заедницата на корисници. Преку разменување и објавување на податоци во неслободен формат, корисниците се присилуваат да користат ист софтвер со кој датотеката е создадена. Тоа значи дека „ако не го користите софтверот X, нема да можете да ја прочитате датотеката“. Оваа пракса, која се појавува кога разменувате датотека во даден формат преку само-заклучокот дека сите останати го користат истиот софтвер, има двократни последици:

  1. Од една страна, оваа пракса Ве присилува да користите неслободен формат во сопственост на некоја компанија како стандарден формат. Тоа значи дека интероперабилнотса, пристапноста и интегритетот на податоците, е во заложништво на политиката на дадена компанија. Ако производителот на софтвер одлучи или е приморан да прекине со развојот на овој софтвер потребен за интерпретирање на даден формат, сите ваши постоечи податоци во нивниот формат наеднаш ќе престанат да бидат корисни, затоа што спецификациите на форматот не се јавно достапни, ќе биде невозможно да ги извлечите податоците од кодираната датотека.
  2. А пак од друга страна, преку поддршката на монополите, на нефер начин се уназадува конкурентноста помеѓу производителите на софтвер што, да признаеме, е суштински услов за технолошкиот напредок, и се ослабнуваат иницијативите за промоција на отворени формати, нивни спецификации и јавни стандарди, кои се минимум гаранција за фер и слободна конкурентност.

Четири причини за прифаќање на отворени формати

Користење на отворени формати при разменување на податоци значи:

  1. Обезбедување на пристапност и постојаноста на Вашите податоци. И Вие и корисниците на Вашите податоци ќе бидат во можност да пристапат и проследат тие податоци.
  2. Обезбедување на комплетно транспарентност за содржината на Вашите датотеки.
  3. Ограничување на ширењето на вируси. Прифаќањето на отворените формати драстично помага за намалување на ризикот од заразување.
  4. Промоција на разноличност и интероперабилност во сферата на електронските комуникации.

Кои неслободни формати треба да се избегнуваат

Неслободните формати не се формати за разменување. Повеќето податоци кои се зачувани во неслободните формати и кои се наменети за широките маси и електронско издаваштво може лесно да се конвертираат во соодветен отворен формат (преку користење на слободни апликации кои овозможуваат манипулирање со отворени формати)

Формати кои треба да се избегнуваат

  • MS Word форматиран текст за документи (doc);
  • MS Excel табели и бази со податоци (xls, xlw);
  • MS PowerPoint презентации (pps, ppt);
  • Слики со 256 бои (gif);
  • Bitmap слики (bmp, tiff (видете подолу))
  • Vectorial image (WMF)
  • Mp3 аудио датотеки (mp3)
  • Windows Media Audio (wma)

Неслободни формати со јавни спецификации

Некои формати за датотеки остануваат неслободни и покрај тоа што спецификациите се од јавен карактер. Фактот што спецификациите им се јавно достапни не е индикација дека ќе бидат и во иднина, со забрани во нивните лиценци и имплементацијата на форматот или и двете. На пример:

  • Flash, во сопственост на Adobe;
  • TIFF, исто така во сопственост на Adobe;