GNU (оперативен систем): Разлика помеѓу преработките
Ред 10: | Ред 10: | ||
== Надворешни врски == | == Надворешни врски == | ||
[http://www.gnu.org/ | |||
* [http://www.gnu.org/ Официјалниот сајт на проектот] | |||
[[Категорија:GNU/Linux]] | [[Категорија:GNU/Linux]] | ||
[[Категорија:Слободен софтвер]] | [[Категорија:Слободен софтвер]] | ||
[[Категорија:Оперативни системи]] | [[Категорија:Оперативни системи]] |
Преработка од 12:53, 4 јуни 2007
GNU е оперативен систем којшто се состои од јадро, библиотеки, системски алатки, компајлери и кориснички апликации. Неговото име е рекурзивен акроним од "GNU's Not Unix", коешто е одбрано бидејќи GNU има Unix дизајн, но не содржи Unix код. Планот за GNU оперативниот систем е објавен во Септември 1983 од Richard Stallman а развојот на софтверот започна во Јануари 1984. Во 2006 година GNU сеуште е под активен развој. Проектот за развој на GNU е познат како Проект GNU а програмите објавени под патронажа на Проектот GNU се нарекуваат GNU пакети или GNU програми.
До 2006 сеуште не е објавен целосен GNU систем. Официјалното јадро на GNU е Hurd но тој сеуште не е завршен па така повеќето GNU корисници го користат Linux јадрото. Иако Linux сеуште не е официјално прифатен како јадро на GNU, GNU официјално вклучува друг надворешен софтвер како на пример X.org и TeX. Верзиите на GNU коишто го користат Linux јадрото често се нарекуваат Linux, според името на јадрото. Проектот GNU бара овие системи да се нарекуваат GNU/Linux.
Многу програми од системот GNU се портирани на многубројни други оперативни системи, како Windows, BSD, Solaris и Mac OS.
Лиценците Општа јавна лиценца, Помалку општа јавна лиценца, и Општа лиценца за документација се напишани за GNU, но истотака се користат од страна на многу други проекти.