Fedora Core

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
Fedora Core 5

Fedora Core е Rpm базирана GNU/Linux дистрибуција развивана од Fedora Заедницата, а е спонзорирана од Red Hat. Таа се стреми да е целосен, сенаменски oперативен Систем составен само од Слободен софтвер. Fedora Core е изведена од оригиналниот Red Hat Linux oперативен Систем, со цел да се исклучи користењето на Red Hat Linux кај домашните корисници. Поддршка за Fedora Core е достапна но, Red Hat не нуди поддршка за Fedora Core; Иако, повеќето од развивачите на Fedora Core се вработени во Red Hat. Fedora Core, сега, го формира централниот систем на Red Hat Linux дистрибуцијата.

Историја

Fedora проектот беше почнат во доцна 2003 година, од каде Red Hat објави дека Red Hat Linux нема повеќе да биде развиван од Red Hat со предлог за сите корисници на Red Hat Linux да користат RHEL (Red Hat Enterprise Linux), а за тие што сакаат да користат Red Hat Linux или RHEL за домашна употреба да ја користат новосоздадената Fedora.

Почнувањето на Fedora проектот направи еден тренд помеѓу комерцијалните GNU/Linux дистрибутери и развивачи да при секоја комерцијална верзија на една GNU/Linux Дистрибуција да се пушти и една некомерцијална верзија на таа дистрибуција, која, при своето градење автоматски ќе го гради комерцијалниот GNU/Linux систем.

Именување

Fedora Linux кој обезбедувал додатни пакети за Red Hat Linux дистрибуцијата.

Патем, Fedora e англиско име за еден вид на шапка која е направена од мек материјал, која напред и позади има остра форма.

Пакување

Федора доаѓа на 5 CD-а или на 1 DVD. За основна инсталација потребни се само првото и второто CD. Таа доаѓа со инсталационата алатка Anaconda која може да инсталира графички или со текст. Инсталационите дискови ги содржат само најосновните пакети, и најстабилните пакети, иако, во складиштата на пакети има над 7,000 пакети.

Постојат три официјални складишта на пакети:

  • Fedora Core (со пакети потребни за целиот систем)
  • Fedora Updates (со пакети за ажурирање на системот)
  • Fedora Extras (со пакети за додатен екстра софтвер)

Забелешка: Во Fedora 7 Fedora Core складиштата се споени со Fedora Extras, при што се губи името „Fedora Core“.

Едни од попопуларните складишта на пакети кои не се одржувани од Fedora е Livna.

Излегувања

Fedora излегува на околу 5 - 6 месеци. Досега се излезени 7 стабилни верзии. Пред секое ново излегување на еден Fedora систем се прават три тест излегувања, при што, корисниците ќе можат да пријавуваат грешки и да го надградуваат системот.


Врски

Fedora, сајт на заедницата