Synaptic: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
(→Врски) |
||
Ред 22: | Ред 22: | ||
[https://wiki.ubuntu.com/SynapticHowto Synaptic HOWTO]. | [https://wiki.ubuntu.com/SynapticHowto Synaptic HOWTO]. | ||
[[Инсталација на софтвер|Инсталација на софтвер во Ubuntu Linux]] | [[Упатство:Инсталација на софтвер|Инсталација на софтвер во Ubuntu Linux]] | ||
[[Category:Debian]] | [[Category:Debian]] | ||
[[Category:Kanotix]] | [[Category:Kanotix]] | ||
[[Category:Ubuntu]] | [[Category:Ubuntu]] |
Преработка од 13:22, 29 март 2007
Синаптик (анг. Synaptic) е компјутерски програм кој претставува GTK+ верзија на Advanced Packaging Tool програмата за Debian GNU/Linux системот за управување со пакетите. Синаптик обично се користи на системи базирани на deb, но може исто така да се користи на системи базирани на rpm пакети. Развојот на Синаптик го финансирала Конектива, која побарала од Алфредо Коџима, тогашен вработен во Конектива, да напише графичка верзија за Apt-get, кој ја продолжил работата започната со правењето на apt-rpm. Покасно Синаптик почнале да го користат во инсталацискиот процес од страна на Конектива. Густаво Нимајер исто така има работено во развојот на Синаптик. Во моментов овој проект го одржува Michael Vogt.
Користење
Synaptic во Ubuntu, работна околина GNOME, се пушта од Систем -> Администрација -> Менаџер на пакети Синаптик или преку терминалот со испишување:
# sudo synaptic
Забележете дека Synaptic бара root права.
Работата со Synaptic е прилично интиутивна и се сведува на кликнување и одбирање на пакетот кој сакате да го инсталирате или отстраните од системот.Пакетите се поделени во категории во зависност од намената која ја имаат.
По кликнувањето на квадратчето веднаш до името на пакетот се појавува скокачко мени со опциите кои може да ги извршувате со тој пакет(инсталирање, реинсталирање, ажурирање, отстранување и целосно отстранување на пакетите).
Откако ќе ги изберете сите пакети за инсталација или отстранување кликнете на копчето Apply за да ги извршите потребните промени.