Debian: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
[[Слика:debian.png|thumb|Логото на Debian]] | [[Слика:debian.png|thumb|Логото на Debian]] | ||
Debian [[GNU/Linux]] е [[слободен софтвер|слободен]] [[оперативен систем]]. | |||
'''Debian [[GNU/Linux]]''' претставува повеќе од обичен оперативен систем, тој доаѓа со повеќе од 15490 пакети и се користи за безброј намени. Тој е познат по големиот број на софтвер кој што доаѓа со него како и по строгото придржување кон философијата на слободен софтвер. Debian работи на скоро сите архитектури на процесори вклучувајќи ги и x86, PowerPC, Sparc, ARM итн. Debian GNU/Linux е основата за неколку популарни дистрибуции како што се [[Ubuntu]], [[Knoppix]], [[Kanotix]] и [[MEPIS]]. | '''Debian [[GNU/Linux]]''' претставува повеќе од обичен оперативен систем, тој доаѓа со повеќе од 15490 пакети и се користи за безброј намени. Тој е познат по големиот број на софтвер кој што доаѓа со него како и по строгото придржување кон философијата на слободен софтвер. Debian работи на скоро сите архитектури на процесори вклучувајќи ги и x86, PowerPC, Sparc, ARM итн. Debian GNU/Linux е основата за неколку популарни дистрибуции како што се [[Ubuntu]], [[Knoppix]], [[Kanotix]] и [[MEPIS]]. |
Преработка од 16:30, 4 јули 2007
Debian GNU/Linux е слободен оперативен систем.
Debian GNU/Linux претставува повеќе од обичен оперативен систем, тој доаѓа со повеќе од 15490 пакети и се користи за безброј намени. Тој е познат по големиот број на софтвер кој што доаѓа со него како и по строгото придржување кон философијата на слободен софтвер. Debian работи на скоро сите архитектури на процесори вклучувајќи ги и x86, PowerPC, Sparc, ARM итн. Debian GNU/Linux е основата за неколку популарни дистрибуции како што се Ubuntu, Knoppix, Kanotix и MEPIS.
Debian е исто така познат по неговиот систем за менаџмент со пакети Apt (Advanced Packaging Tool) и строгите полиси за квалитетот на пакетите кои што доаѓаат со дистрибуцијата. Овие предности им овозможуваат на корисниците лесна надградба кон нови изданија и чисто инсталирање и отстранување на пакети без рестартирање на системот и без никакви проблеми кои што би можеле да ги предизвикаат пакетите зависности.
Последната стабилна верзија на Debian е 4.0 или Debian Etch.
Историја
Debian е проект започнат во Август 1993 година од страна на Ian Murdock како дистрибуција во духот на Linux и GNU. Започнат е од страна на мала група на хакери и прераснува во една од најголемите добро организирани заедници на програмери и корисници.
Листа на изданија на Debian:
- 4.0 – etch, 6 април, 2007
- 3.1 – sarge, 6 јуни, 2005
- 3.0 – woody, 19 јули, 2002
- 2.2 – potato, 15 август, 2000
- 2.1 – slink, 9 март, 1999
- 2.0 – hamm, 24 јули, 1998
- 1.3 – bo, 2 јуни, 1997
- 1.2 – rex, 12 декември, 1996
- 1.1 – buzz, 17 јуни, 1996
Кодните имиња на изданијата на Debian се имиња од анимираниот филм Toy Story.
Врски
http://www.debian.org - Официјална страна на проектот Debian
http://www.debianplanet.org - Портал за вести и упатства
http://www.debian-administration.org - Совети и ресурси за систем администратори
http://planet.debian.org - Планета на луѓето позади Debian