Дистрибуции

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

GNU/Linux е тип на слободен софтвер. Него може да го прилагодувате според вашите потреби. Доколку одлучите дека промените што сте ги направиле може да ги искористат и други, слободно можете да објавите ваша верзија на GNU/Linux што уште се вика и Linux дистрибуција. Дистритбуциите најчесто се состојат од Linux јадро и GNU системот. Во зависност од дистрибутерот, тие носат различни работна околина, верзии на софтвер, теми за изглед, логоа, позадини итн.

Пример за такви дистрибуции се Ubuntu, Mandriva, SuSE итн.

Дистрибуциите можат да бидат базирани на други постари дистрибуции. Така, Ubuntu Linux е базирана на Debian, додека Mandriva на RedHat. Според тоа, сите дистрибуции имаат специфичен справувач со пакети и зависности. Најшироко распространети се deb и rpm форматите за бинарни пакети, па од тука и справувачите за зависности кои се наменети за овие типови пакети.

До GNU/Linux дистрибуција, Вие можете да дојдете на повеќе начини:

  • преку симнување од Интернет;
  • преку нарачка на Ubuntu од нивната официјална страна за нарачки;
  • преку Лугола или Слободен софтвер Македонија;
  • преку индивидуи кои имаат копија од некоја дистрибуција.

Врски

DistroWatch

Linux.org Дистрибуции