Дистрибуции
GNU/Linux е тип на слободен софтвер. Него може да го прилагодувате според вашите потреби. Доколку одлучите дека промените што сте ги направиле може да ги искористат и други, слободно можете да објавите ваша верзија на GNU/Linux што уште се вика и Linux дистрибуција. Дистритбуциите најчесто се состојат од Linux јадро и GNU системот. Во зависност од дистрибутерот, тие носат различни работна околина, верзии на софтвер, , теми за изглед, логоа, позадини итн.
Пример за такви дистрибуции се Ubuntu, Mandriva, SuSE итн.
Дистрибуциите можат да бидат базирани на други постари дистрибуции. Така, Ubuntu Linux е базирана на Debian, додека Mandriva на RedHat. Според тоа, сите дистрибуции имаат специфичен справувач со пакети и зависности. Најшироко распространети се deb и rpm форматите за бинарни пакети, па од тука и справувачите за зависности кои се наменети за овие типови пакети.
До GNU/Linux дистрибуција, Вие можете да дојдете на повеќе начини:
- преку симнување од Интернет;
- преку нарачка на Ubuntu од нивната официјална страна за нарачки;
- преку Лугола или Слободен софтвер Македонија;
- преку индивидуи кои имаат копија од некоја дистрибуција.
Врски
[Категорија:Слободен софтвер] [Категорија:GNU/Linux]